Википедија:Кандидати за избрана статија/Кришна
Гласање за избрана статија
[уреди извор]Важно: Внимателно прочитајте ја статијата и, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ оставете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. На сличен начин, не оставајте гласови „Пеотив“ или „Воздржан“ без образложение за она коешто сметате дека треба да се подобри во статијата. |
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да гласа со {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.
Информации
[уреди извор]Статијата е предложена за дискусија во 20:06, 5 јануари 2025 (CET).
Статијата одлично ја одработува темата.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:06, 5 јануари 2025 (CET)
Извадок
[уреди извор]Кришна — најголемо божество во хиндуизмот. Тој се обожува како осмиот аватар на богот Вишну и исто така како врховен Бог сам по себе. Тој е бог на сочувство, нежност, љубов и е еден од најпопуларните и нашироко почитуван меѓу индиските божества. Роденденот на Кришна секоја година го слават хиндусите на Кришна Јанмаштами според месечево-сончевиот хиндуистички календар, кој паѓа кон крајот на август или почетокот на септември од грегоријанскиот календар. Кришна обично е прикажан со кавал во раката.
Анегдотите и наративите од животот на Кришна обично се насловени како Кришна Лела. Тој е централен лик во Махабахарата, Багаватам Пурана и Багавад Гита и се споменува во многу хинду филозофски, теолошки и митолошки текстови. Тие го прикажуваат од различни перспективи: бог-дете, шегобиец, божествен херој и како универзално врховно суштество. Неговата иконографија ги рефлектира овие легенди и го прикажува во различни фази од неговиот живот, како новороденче како јаде путер, младо момче што свири на кавал, младо момче со Рада или опкружено со приврзаници жени или пријателски кочијаш кој му дава совет на Арџуна (главниот протагонист во Махабхарата).
Синонимите за Кришна се пронајдени во литература од првиот милениум пред нашата ера. Во некои суб-традиции, Кришна се обожува како Свајам-Багаван, а ова понекогаш се нарекува и Кришнаизам. Овие суб-традиции се појавиле во контекст на Бакти движењето од средновековната ера. Литературата поврзана со Кришна инспирирала бројни перформансни уметности како што се Баратанатијам, Катакали, Кучипуди, Одиси и Манипури танцот. Тој е пан-хиндуистички бог, но е особено почитуван на некои локации како што се Вриндавана во Утар Прадеш, Дварка и Јунагад во Гуџарат; аспектот Јаганата во Одиша, Мајапур во Западен Бенгал; во форма на Витоба во Пандарпур, Махараштра, Натдвара во Раџастан; Удупи Кришна во Карнатака, Партасаратија во Тамил Наду и Гурувајоаропан во Гурувајур во Керала. Од 1960-тите години, обожавањето на Кришна се проширило и во западниот свет и во Африка, најмногу заради работата на Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ИСКОН). (Дознајте повеќе...)
Дискусија
[уреди извор]Гласање
[уреди извор](0/0/0); Закажано да заврши во 21:06 ч. на 12 јануари 2025 г. (CET)
За
[уреди извор]- --Kiril Simeonovski (разговор) 20:14, 5 јануари 2025 (CET)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 21:55, 5 јануари 2025 (CET)
- --Andrew012p (разговор) 23:12, 5 јануари 2025 (CET)
- --Bojan9Spasovski (разговор) 01:47, 6 јануари 2025 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 10:27, 6 јануари 2025 (CET)
- --Инокентиј (разговор) 15:17, 6 јануари 2025 (CET)
- --Jtasevski123 (разговор) 18:01, 6 јануари 2025 (CET)