Разговор со корисник:Bjankuloski06

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Промени на наслови на статии[уреди извор]

Здраво Бојан. Ако можеш смени ги насловите на неколку статии. Мене не ми дава да ги сменам поради премала разлика во насловот. Тие се: Малакал (остров), Источен Oстров (Ашмор и Картие), Дуги (археолошко наоѓалиште). Како што ги читаш во текстот, така да им гласи новиот наслов. Поздрав Dandarmkd (разговор) 23:17, 28 февруари 2021 (CET)[одговори]

@Dandarmkd: Yes check.svgОк Готово Преместени и насекаде заманети. Извини за застојот, бев во друг град, без лептоп со мене. Ме чуди зошто не ти дава и како тоа биле премногу слични. Не сум го сретнал тоа. --Б. Јанкулоски (разговор) 08:21, 1 март 2021 (CET)[одговори]

Промена на наслов[уреди извор]

Здраво Бојан. Сакам да ја сменам статијата Македонска Радио Телевизија во Македонска радио-телевизија ама не ми дава. Пишува статијата веќе постои така нешто. Ќе може да помогнеш? Фака. Види тука број 70 под в. Така веројатно е најправилно да се пишува. Поздрав. Andrew012p (разговор) 18:32, 6 март 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Yes check.svgОк Готово Секако. Го изменив насловот, како и пренасочувањата, за да водат до правилниот. Со алатката ги менувам и сите неисправни варијанти по страниците, за секаде да го има правописниот назив. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:32, 6 март 2021 (CET)[одговори]

Супер. Инаку мислам статијата Воена болница да се смени во ГОБ „8 Септември" или ГОБ „8 Септември" - Слопје бидејќи Воена болница повеќе не постои. Еднаш сакав да ја сменам ама забранети се овие наслови. Ќе треба и сликата да се смени (иако логото на болницата е погрешно :) не е 8-ми туку 8) Ти што мислиш? Andrew012p (разговор) 09:24, 7 март 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Да, измената треба да биде одразена во насловот, каков што го предлагаш. Но треба да се напомене дека во таа зграда се сместени и градската општа болница и Военомедицинскиот центар на АРМ. Значи објектот е поделен на две болници, од кои едната цивилна, а другата останува воена (иако поскромна во однос на некогашната). Веројатно треба одделни статии за двете, бидејќи статијата не е за зградата туку за установата, т.е. установите. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:07, 7 март 2021 (CET)[одговори]

Да во право си. Сега ми текна, сакав да ти пишам дека е поделена ама едниот дел е мал... Би требало посебни статии, да. Andrew012p (разговор) 10:13, 7 март 2021 (CET)[одговори]

Исто така, информациите во статијата се стари. На пример пишува Скопски саем, а тпј повеќе не постои. Болницата има друг директор итн. Впрочем болницата нема ни мрежно место... Andrew012p (разговор) 10:18, 7 март 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Да, нема ни мрежно место, ниту информациите се тековни. Затоа реков дека бара преработка. Оттука велам, ако се смени насловот според предложеното, ќе треба промената колку-толку да има смисла во однос на најосновните напишани работи во неа, а и да се нагласи дека воената болница под поинакво име е во состав на зградата (врска кон посебна статија), но историјата на воената болница како таква ќе мора да оди во таа статија, бидејќи центарот е продолжеток на таа болница, а не на градскава. Малку посложен случај е. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:24, 7 март 2021 (CET)[одговори]

[1][уреди извор]

--77.28.224.6 (разговор) 10:47, 12 март 2021 (CET)[одговори]

@77.28.224.6: Yes check.svgОк Готово --Б. Јанкулоски (разговор) 10:55, 12 март 2021 (CET)[одговори]

Промена[уреди извор]

Здраво Војан. Не ми дава да уредувам кај статијата Македонија. Ќе може да смениш кај демоним, наместо Македонец во Македонци (Македонец/Македонка) За пример види во статијата Србија. Така е правилно за демоним. Фала, поздрав. Andrew012p (разговор) 20:36, 12 март 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Сега би требало да е во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:50, 12 март 2021 (CET)[одговори]

Одлично. :) Andrew012p (разговор) 20:54, 12 март 2021 (CET)[одговори]

Исто така, во статијата во предмет на википодатоци ако можеш да смениш во Југоисточна Европа. Мене не ми дава. Andrew012p (разговор) 21:16, 12 март 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Yes check.svgОк Готово Сменето. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:12, 13 март 2021 (CET)[одговори]

Здраво Бојан. Кај предлошката infobox television, кај делот last_aired не покажува ништо кога ќе пишам текст. Види кај статијата Самурај Џек. Ќе може да ја поправиш? Јас не знам како, Фала. Andrew012p (разговор) 19:18, 17 април 2021 (CEST)[одговори]

Аа поправив, немало проблем. :) Andrew012p (разговор) 19:21, 17 април 2021 (CEST)[одговори]

Здраво. Ќе може да смениш од хип хоп на хип-хоп кај Предмет на Википодатоци? Кај мене е заклучено. Фала. Andrew012p (разговор) 11:40, 7 мај 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Сменето во сите предмети на Википодатоци кајшто се спомнува на македонски. Сега ќе видам дали сите примери на нашево вики се усогласени според правописот и, ако не се, ќе ги усогласам со алатка. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:52, 7 мај 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, сакам да создадам статија за Пипи Долгиот Чорап, но ликот. Ја создавам ама има пренасочување кон книгата со истото име. Ќе може да го избришеш пренасочувањето за да ја создадам статијата, и ако може да ми кажеш како да го променам и јас тоа во иднина. Благодарам. Andrew012p (разговор) 11:51, 11 мај 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Ја избришав, сега не пренасочува. За во иднина, ако имаш право на бришење, тогаш се оди на јазичето „Повеќе“, па во него на „Избриши“. Треба прво да се провери кои сè статии водат кон насловот, за да се одигураме дека тие примери се исправни (на пр. сите врски што беа наречени вака, а беа за книгата, ги преправив). Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:26, 11 мај 2021 (CEST)[одговори]

Здраво. Во Правописот од 2017 пишува дека голема почетна буква само на првиот дел од назимот има кај: Спортските натпреварувања, натпреварувачките лиги и спортските клубови: Прва макеɡонска фуɡбалска лига, Лига на шампиони, Светски куп, Примера, Серија А, Премиер лига; Варɡар, Металург, Работнички, Шкенɡија, Манчестер јунајтеɡ, Манчестер сити, Ливерпул, Астон вила, Реал Маɡриɡ, Лацио, Баерн Минхен, Борусија Дортмунɡ, Бешикташ, Фенербахче. Ова го пишува под бр. 80. А тука, кај сите статии за спортски клубови (сосе предлошки) се со голема буква на секој дел. Пр. Манчестер Сити (сити), Чикаго Булс (булс) или Лос Анџелес Лејкерс (лејкерс со мала) Andrew012p (разговор) 11:40, 12 јуни 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Проблемот ми е познат веќе подолго време, и очигледно е дека авторот на тие статии не бил доволно правописно запознаен. Досега се немам зафатено да ги правам тие промени бидејќи сум немал опфатен список. Доколку некој може да ми даде список на имиња за исправка, тогаш ќе земам да ги исправам со алатка, за да не биде менувањето половично и спорадично. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:47, 12 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Здраво. Кај Подигни податотека пишува „било какво“, а правилно е какво било. (в. Правопис број 160) Andrew012p (разговор) 17:24, 19 јули 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Yes check.svgОк Готово Сменето и таму, и сега менувам во сите реченици на енциклопедијава. Интересно, отсекогаш сум мислел дека двете се подеднакво точни, и не знам по која основа го тврдат тоа. Но штом така вели правописот, така нека биде. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:44, 20 јули 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, тукушто дознав од П. Неделковски дека правилно било пр. н.е, а НЕ п.н.е. Ова ме изненади ама навистина е така. Види кај правописот стр. 161. Ова е голем проблем, зашто кај сите статии треба промена... И плус, на Гугл транслејт го превеедува како п.н.е, најверојатно сè уште не е ажуриран со новиот правопис од 2017. Andrew012p (разговор) 20:08, 25 јули 2021 (CEST)[одговори]

Здраво @Andrew012p:. Ова ми е познато уште одамна, и не сум зел да го менувам бидејќи до скоро немавме соодветни алатки, а и се надевав дека ќе излезе некое наредно издание на правописот кајшто ќе се поправи оваа нелогичност. Сепак, по сè се чини дека ќе мораме да го направиме тој зафат, кој вклучува не само голем број спомнувања, туку предлошки, синтакси, преместување голем број страници и сл. Ќе гледам да го отпочнам процесот ако успешно се согласиме со другите кои се занимаваат со техничката страна на енциклопедијата. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:11, 26 јули 2021 (CEST)[одговори]

Аха, е па добро тогаш. Патем, ќе може ли со алатка да смениш секаде каде што пишува теквондо? Правилно е таеквондо. Пробав рачно ама има многу страници. Andrew012p (разговор) 19:18, 27 јули 2021 (CEST)[одговори]

Теквондо несомнено треба да стои така. Самогласките една до друга во корејскиот (т.е. неговата латинизација) означуваат посебен глас кој не е во стандардната латиница (како кај францускиот и многу јазици), а не два гласа, или пак означува глас што нормално кај нас би бил една буква, ама им личел невообичаен за тие што ја вршеле транскрипцијата, па затоа му дале две (во овој пример во табелава се гледа дека ae е идентичен на македонскиот глас е). Во други ситуации, гласот го предаваме со нам најблискиот глас (на пр. eu со у). Seoul е Сеул, Baektu e Пекту (p/b и ch/j се друго правило, тука нерелевантно). Што и да напишале некои некаде, се гледа дека не го зеле ова предвид и дека не се разбираат, па затоа останува според претходно дадените правила. Во спротивно ќе биде Сеоул место Сеул и така натаму. Споменатите правила нека бидат водич. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:53, 28 јули 2021 (CEST)[одговори]

Во право си. Ги вратив страниците во теквондо. Andrew012p (разговор) 18:47, 28 јули 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, мислам дека треба да биде „ABC-транспортер“ кај избраната статија. Што мислиш ти? Види број 123 и 124 од Правописот. Andrew012p (разговор) 22:16, 16 август 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Да, апсолутно. Обично менувам кога ќе наидам на такви случаи, но секогаш остануваат работи. Добро забележано. Сега го сменив насекаде. Б. Јанкулоски (разговор) 05:11, 17 август 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, ќе можеш да ставиш тире (—) наместо цртичка (-) кај статијата Гоце Делчев? На почетокот кај кога е роден и починат. Кај мене е заклучено. Исто така кај МПЦ — Охридска архиепископија. Скоро кај сите статии за цркви ја има оваа грешка. На пример Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези. И дали да го користиме пократкото тире (–) или подолгото (—) бидејќи веќе го користиме тоа подолгото на почетокот на сите статии како кај Руската вики. Во Правописот е другото ама нема правило за должина. Andrew012p (разговор) 17:24, 9 септември 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Некористењето на тире во такви ситуации е од практична причина. За разлика од некои други јазици, нашата тастатура нема тире како стандарден знак и нема навика за негово користење (за разлика од рускиот, на пример, бидејќи таму многу почеста синтаксна улога. Оттука, проблемот со користење на тирето е што ги прави статиите непребарливи, и попречува во ставањето на врски до постоечки статии. Од истата причина е и неговото некористење кај годишни/датумски опсези како роден-починат и сл. Од друга страна, користењето на тире на самиот почеток по поимот/одредницата е обичај во македонската лексикографија (на пр. Македонската енциклопедија), или пак кога велиме посочуваме нечие занимавање во список (на пр. во рубриката за денешен ден на Главната страница). Сè се сведува на тоа дали работата е изводлива од практичен поглед кон нам расположивата опремат и навиките. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:25, 9 септември 2021 (CEST)[одговори]

Да, но правописно мора кај статијата Гоце Делчев и МПЦ — Охридска архиепископија да стои тире. Види стр. 137 под в. Дури има пример за едното — стр. 149 употребено е тире наместо цртичка. Ситница е ама сепак е правопис. Јас само се двоумам дали да употребам кратко тире (–) од Правописот или долго (—) како на Википедија, бидејќи нема правило за должина па би требало и двете да се точни. Andrew012p (разговор) 17:45, 10 септември 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Може во самата статија, да. За краткото тире, дури и да го најдеме, ќе биде само збунително за луѓе, но можеш да ставиш внатре. Во самите имиња на статиите е приблематично од гореспоменатите причини. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:27, 11 септември 2021 (CEST)[одговори]

Здраво, дали ќе може да ги смениш имињата на следниве статии? „Драган Ѓаконовски - Шпато“ не може да се премести на „Драган Ѓаконовски-Шпато“, бидејќи насловот „Драган Ѓаконовски-Шпато“ е забранет за создавање. Се совпаѓа со следнава ставка на црниот список: И: Веќе постои страница на Кузман Јосифоски-Питу и Јосип Броз-Тито, или името што го одбравте е неважечко. Изберете друго име. Види бр. 137 (стр. 67) од Правописот. Треба слеано со цртичка. Поздрав. Andrew012p (разговор) 19:51, 19 декември 2021 (CET)[одговори]

@Kiril Simeonovski: дали знаеш зошто системот го забранува ова? Знам дека имаше идеја да се регулираат можни наслови за да наметнеме правописно именување, па се прашувам ова да не е некој пропуст? --Б. Јанкулоски (разговор) 07:38, 20 декември 2021 (CET)[одговори]
Јас успеав да ја преименувам статијата во „Драган Ѓаконовски-Шпато“ и притоа немав никаков проблем. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:54, 20 декември 2021 (CET)[одговори]

@Кирил, ако можеш и статиите Кузман Јосифовски-Питу и Јосип Броз-Тито да ги промениш (и двете треба со цртичка слеано да бидат, а сега се одвоени). Пробав јас, но ми пишува дека страницата веќе постои. Најверојатно треба да се избрише пренасочувањето, јас не знам како тоа треба. Andrew012p (разговор) 18:21, 20 декември 2021 (CET)[одговори]

Yes check.svgОк Обете статии се преименувани.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 20 декември 2021 (CET)[одговори]

Не викајте ме Торбеш[уреди извор]

Здраво! Дали има можност на mk-wikisource да ја ставите песната на македонскиот поет Саме Лимани - Жарноски„Не викајте ме Торбеш“? Целата верзија ја има на [1], a има и видео рецитал на [2]. Поздрав, --Горец (разговор) 00:44, 16 март 2021 (CET)[одговори]

Здраво @Горец:. За жал, не смееме да го објавиме таму бидејќи немаат одминато 70 години од смртта на авторот и не е народна умотворба. Тоа се строги правила. Ја избришав страницата за песната овде бидејќи е пренасочување. Секако, може да има статија која ја обработува песната и цитира елементи од неа (и во надворешни врски дава страница кајшто целата е објавена), но на Викиизвор, за жал, не може да стои. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:57, 16 март 2021 (CET)[одговори]

Switch button[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06, дали ќе можеш да создадеш en:MediaWiki:Gadget-switcher.js, за да се појавува switch button инфокутиите со повеќе карти (пр. en:London, Лондон). Поздрав.--Buli (разговор) 14:18, 16 март 2021 (CET)[одговори]

Здраво @Buli:. Ја направив страницата, но не ми се верува дека ќе работи, бидејќи има некакви прилагодувања во инфокутиите и можеби на трети места кои досега не сум успеал да ги воведам и се проблематични. Види дали работи од твоја страна. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:41, 16 март 2021 (CET)[одговори]

Blocked[уреди извор]

[2] He did a mistake and delete this and only to know that he was blocked by you.-

Yes check.svgОк Готово If I understood correctly, it's done. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:03, 26 март 2021 (CET)[одговори]

I apologize and thank you it was never my intention to do that my edit was a mistake then I realized it was full of hate speech.

Институтот за македонска литература[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06, ти пишувам во врска со именувањето на Институтот за македонска литература, којшто е променет во Институт за македонска книжевност. Според основните статутарни одредби, при формирањето го добива името -за литература и како таков е носител на високо-образовна функција. Поздрав Sandanjane (разговор) 20:23, 2 април 2021 (CEST)[одговори]

@Sandanjane: Добро забележано, благодарам. Промените ги правев со алатка за да се користи поимот книжевност секаде каде што е прикладно, и таа го сменила и овде, каде не треба да се менува бидејќи е официјално име. Сега го поправив. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:13, 2 април 2021 (CEST)[одговори]

Земи учество во СИЕ Пролет 2021[уреди извор]

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)[одговори]

Стефанија Туркевич[уреди извор]

Hello Bjankuloski06, When you have the time, could you take a look at this article en: Stefania Turkewich? I have been trying to get it into Wikipediaes other than English and have had some success during the Wiki Gap project. If it interests you, could you do a version of it for the Macedonian Wikipedia for the „СИЕ Пролет 2021“ project? Stefania was the first woman composer of classical music in Ukraine. Nicola Mitchell (разговор) 21:48, 11 април 2021 (CEST)[одговори]

Hello Bjankuloski06, Can you take a look at this article Стефанија Туркевич and when you have time, and improve its grammar? You have helped with language on my other articles. Thank you. Nicola Mitchell (разговор) 17:05, 21 август 2021 (CEST)[одговори]
@Nicola Mitchell: Certainly. The machine-helped translation is not very good, so one has to go to another language version in order to get a proper sense whether the thing was translated well enough or not, quite apart from simply correcting grammar. But it is my own time and priorities that prevented me from making this article earlier. I shall correct it whenever I have the convenient moment. Thank you. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:58, 22 август 2021 (CEST)[одговори]
Thank you for this! Nicola Mitchell (разговор) 12:37, 22 август 2021 (CEST)[одговори]

Термини во астрологијата[уреди извор]

Бојан здраво, во астрологијата не се користи терминот „неподвижни“ ѕвезди, туку фиксни. Гледам си менувал со Автовики, ама треба да ги вратиш тие промени. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:02, 28 април 2021 (CEST)[одговори]

@Виолетова: Не сум знаел. Мислам дека сега се вратени во сите астролошки контексти по статиите. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:24, 28 април 2021 (CEST)[одговори]
Во ред. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:51, 28 април 2021 (CEST)[одговори]

Тајната вечера[уреди извор]

Здраво! Моментално Тајната вечера пренасочува на Тајната вечера (слика). Може ли да создадете објаснувачка страница Тајната вечера каде што би имало и линк до христијанскиот термин Тајна вечера? Поздрав, --Горец (разговор) 21:49, 30 април 2021 (CEST)[одговори]

Здраво @Горец:. ја средив да пренасочува кон „Тајна велчера“ како поим за настанот. Нема потреба од врска до појаснувања, бидејќи главната одредница треба да е резервирана за библискиот настан — и таква и е. Оваа членувана страница просто ја пренасочив кон нечленуаната, која е за библискиот настан. Не е дека е непожелно да има појаснителна страница, но таа треба да е со наставка (појаснување) место само наслов, и треба да содржи повеќе дела. Сакам да речам дека е вон делокругот на овој проблем кој ми се посочува. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:03, 1 мај 2021 (CEST)[одговори]
Одлично! Така е најсоодветно. Поздрав, --Горец (разговор) 15:42, 1 мај 2021 (CEST)[одговори]

Замолба[уреди извор]

Е, можеш ли избрисати и заштитити ову страницу тако да је могу стварати само администратори? Ријеч је о дугогодишњој кампањи самопромоције на малом милиону викија. Хвала унапријед. – Srđan (разговор) 13:30, 11 мај 2021 (CEST)[одговори]

@Srđan: Здраво Срђане. Видим каква је ситуација, и да је ово заправо препоручио Бенце. Избрисали смо је раније, али неко је опет створио. Сада требало би да има пуну заштиту од стварања. Види се да је самопромоција, чак и кад се претражи име овој момка на Гуглу. Хвала за напомену. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:52, 11 мај 2021 (CEST)[одговори]

Поградец[уреди извор]

Здравей! Видя, че търсиш информация за селата около Поградец, мога да ти пратя каквото имам. Дай имейл. Видях, че на някой места за селата си се позовавал на Бранислав Русич. Ако имаш някои отт ези материали може ли да ми ги пратиш? Архив на МАНУ, к-2, АЕ 87/I-III; Преспа и градчето Ресен.

Архив на МАНУ, к-5, АЕ 97/I-II; областта Железник (Демир Хисар)

Архив на МАНУ, к-4, АЕ 95/ 1Б, 1-296.; област Славище;

Архив на МАНУ, к-5, АЕ 9 6 /1 В, 1-236; област Пиянец и Делчевска Осоговия.

Архив на МАНУ, к-9, AE 116/ II I, 1-161; Радивишко

Архив на МАНУ ф. Бранислав Русиќ, к- 3, АЕ 88/1, 44; Стружко.

@Kanalcek: А да, благодарам многу. Многу ме интересира тој крај. Одлично е што имаш материјали. Пиши ми тука. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 11:13, 31 мај 2021 (CEST)[одговори]

Река Луда Мара[уреди извор]

Добар ден пријатели. - - Јас пишувам статии за Македонија на еовики. Јас преведувам скоро суштински од mkwiki. Во исто време, овде наидов на некои недоследности. На пр. напис „Паљурци (езеро)“. Овде пишувате дека браната е изградена на реката Луда Мара, која можеби тече околу градот Богданци. Сепак, написот „Луда Мара“ кажува нешто друго. Па, како е тоа правилно? Ви благодариме за објаснувањето и за исправката. Со почит. --JaKoRa (разговор) 13:38, 2 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Добар ден @JaKoRa:. Направив истражување по сите наши извори (книги за реките во Македонија, енциклопедии, лексикон и детални топографски карти), и насекаде пишува дека реката на која лежи Паљурци навистина се вика Луда Мара. Иако е очигледно дека тие две реки се неповрзани (а имаат исто име), ниеден извор не дава информации за двете реки одделно. Го повикувам @Ehrlich91: да каже дали има некои сознанија. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:27, 3 јуни 2021 (CEST)[одговори]
@JaKoRa:Најверојатно реката во Богданци е доста мала и затоа ја немаме со посебна статија или е на ниво на поток или непостојан водотек, па оттаму и недоразбирањето. --Ehrlich91 (разговор) 21:15, 4 јуни 2021 (CEST)[одговори]
Добар ден. Го разбирам твоето објаснување. Во написот „Паљурци (езеро)“ ја изменив врската до „Луда Мара (Богданци)“. Имајте убав ден.--JaKoRa (разговор) 07:04, 6 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Категории[уреди извор]

Бојан, која е поентата од додавање на Категорија:Општини во Долна Саксонија во статиите, кога сите статии согласно параметрите во рамките на направената инфокутија ја добиваат таа категорија стандардно? --Ehrlich91 (разговор) 18:08, 16 август 2021 (CEST)[одговори]

Бидејќи утврдив дека тоа во инфокутијата не работи како што треба, во спротивно немаше да, ми ги даде како отсутни. Лесно ќе се отстранат кога тоа ќе поработи. Тоа ми беше размислувањето. Б. Јанкулоски (разговор) 20:22, 16 август 2021 (CEST)[одговори]

Request writing about Isabelle de Charrière (Q123386)[уреди извор]

Hello Bjankuloski06 Would you like to write about Isabelle de Charrière (Q123386) for the MK Wikipedia? Maurice Quentin de la Tour made two pastels of her. That would be appreciated. Boss-well63 (разговор) 16:24, 17 септември 2021 (CEST)[одговори]

Статија Данијела Костадиновиќ[уреди извор]

Ве молам можете ли да ја решите заплетката на страната Данијела Костадиновиќ? Здраво! 109.92.158.1 (разговор) 00:14, 9 ноември 2021 (CET)[одговори]

Благодарам, Бојан 109.92.158.1 (разговор) 00:50, 9 ноември 2021 (CET)[одговори]
@109.92.158.1: Нема проблем. Подоцна ќе се обидам ја поправам инфокутијата, бидејќи не прикажува податоци. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:51, 9 ноември 2021 (CET)[одговори]

Бришење на 5 статии за македонски хералди и персеванти[уреди извор]

Поздрав, Ehrlich9 има избиршано 5 статии за македонски хералди и персеванти (Главен хералд, Вардарски хералд, Еригонски хералд, Брегалнички персевант, Пчински персевант) кои се спомнуваат во статиите хералд, грбовен службеник, македонско грбословно друштво и на други...) Дадениот коментар е дека станува збор за: Очигледно рекламирање/спам. Се обидов неколку пати да стапам во контакт со Ehrlich9 барем да ми ги врати текстовите за да се вклучат во страницата на Македонското грбословно друштво ако не се достојни да стојат посебно но без успех. Jonovski (разговор) 21:51, 10 ноември 2021 (CET)[одговори]

Здраво Јован. По википедиските правила, треба да стојат во главната статија за здружението, и да бидат напишани со неутрален јазик. Ќе ги извадам текстовите и ќе посочам од каде да се прекопираат. На оваа страница се избришаните статии. Пред секоја од нив има „Измени видливост“ и до него датум и време. Кога ќе сте стисне на секој од тие датуми, се покажува статијата каква што била. Тоа се текстовите што би се прекопирале. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 23:31, 10 ноември 2021 (CET)[одговори]
Посочената страница е достапна само за администратори Jonovski (разговор) 01:07, 11 ноември 2021 (CET)[одговори]
@Jonovski: Не знаев. Ајде да пробаме тогаш дали ќе бидат достапни ако ставам непосредни врски:

Се надевам дека вака ќе биде во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:24, 11 ноември 2021 (CET)[одговори]

Не сака, вели само за администратори. Ако не некако да ми го пратис текстот? или да ги ставиш на страната на МГД на соодветни места? Jonovski (разговор) 12:49, 11 ноември 2021 (CET)[одговори]
Ова би требало да работи. Ги ископирав содржините од сите статии во оваа моја потстраница. Прекопирај го кодот од секој дел каков што е (на секој имам ставено наслов). Б. Јанкулоски (разговор) 13:03, 11 ноември 2021 (CET)[одговори]

delete these[уреди извор]

[3]

How we will see unregistered users[уреди извор]

Hi!

You get this message because you are an admin on a Wikimedia wiki.

When someone edits a Wikimedia wiki without being logged in today, we show their IP address. As you may already know, we will not be able to do this in the future. This is a decision by the Wikimedia Foundation Legal department, because norms and regulations for privacy online have changed.

Instead of the IP we will show a masked identity. You as an admin will still be able to access the IP. There will also be a new user right for those who need to see the full IPs of unregistered users to fight vandalism, harassment and spam without being admins. Patrollers will also see part of the IP even without this user right. We are also working on better tools to help.

If you have not seen it before, you can read more on Meta. If you want to make sure you don’t miss technical changes on the Wikimedia wikis, you can subscribe to the weekly technical newsletter.

We have two suggested ways this identity could work. We would appreciate your feedback on which way you think would work best for you and your wiki, now and in the future. You can let us know on the talk page. You can write in your language. The suggestions were posted in October and we will decide after 17 January.

Thank you. /Johan (WMF)

19:18, 4 јануари 2022 (CET)

Помош[уреди извор]

Здраво Бојан. Итно ми треба помош. Во Српската википедија пишуваат северномакедонски наместо македонски. Јас секако не го дозволив тоа, и ги заклучија статиите со промени. Им објаснив дека според Преспанскиот договор само името на државата се смени, а не и придавките и националноста. Те молам оди кај статијата 2bona на српската статија и види во „разговор“ и „историја на уредувања“. Администраторите одлучија да направат дискусија и ќе видат што ќе направат на нивната Википедија. Помогни :) Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:42, 8 јануари 2022 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Извини за задоцнувањето, сега гледам дека Тони веќе интервенирал на истиот начин како и јас. Мислам дека тоа е засега доволно, и би се вклучувал само ако работите се усложнат до степен да треба дополнителен човек. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:47, 9 јануари 2022 (CET)[одговори]
@Andrew012p и Bjankuloski06: На Wiktionary на сите јазици додаваат северномакедонски/North Macedonian, па дури и на самата македонска статија. Мислам дека е редно некои повисоки институции да почнат да реагираат, во спротивно само губиме време со разни пропагандисти на Wikipedia/Wiktionary. Што се однесува до придавката на Wiktionary, ако ништо друго, треба да биде означена како derogatory, како што е означен, на пример, терминот шиптарски. Горец (разговор) 22:13, 10 јануари 2022 (CET)[одговори]
@Горец: Го обележав зборот за бришење и ја наведов причината, а го опоменав и корисникот кој го создал на неговата корисничка страница за разговор. Во врска со англискиот збор, мислам дека не можеме многу да направиме затоа што е доста навлезен во англискиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 10 јануари 2022 (CET)[одговори]
@Kiril Simeonovski: Како придавка зборот може и да стои, на пример, имаме северномакедонско наречје (кое не е придавка изведена од името на државата, како што таму го претставиле во дефиницијата, туку означува регионална дијалектна или фолклорна особеност на македонскиот јазик и/или Македонците од северните краеви). Како што има источномакедонски, западномакедонски. Проблемот на Wiktionary е тоа што на англиската статија North Macedonian во одделот Translations свесно и намерно додаваат термини за превод на останати јазици, за придавка и националност, изведени од името на државата „Северна Македонија“. Истиот корисник таму додал Северномакедонец и Северномакедонка. Придавката ја додал и на статијата за Северна Македонија. Горец (разговор) 23:37, 10 јануари 2022 (CET)[одговори]
@Горец: Некако успеавме да се спогодиме да се промени значењето на зборот и да се создадат страници за придавките „источномакедонски“, „јужномакедонски“ и „западномакедонски“. Во врска со изведените зборови „северномакедонски“ и „Северномакедонци“ на другите јазици, тоа е само логична последица на промената на името затоа што еден обичен правен договор не може да го попречи природниот развој на јазикот. Јасно беше уште од самиот почеток дека цементирањето на македонскиот идентитет со Преспанскиот договор е флоскула наменета за прости луѓе и јасно е дека од ден во ден сè почесто на другите јазици сме ословувани како „Северномакедонци“, а нашата култура како „северномакедонска“. Ова е работа којашто не можеме да ја спречиме. Единствено што ни преостанува е да се бориме овие изведенки да не се употребуваат во македонскиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:59, 11 јануари 2022 (CET)[одговори]

Грешка во Lua во Модул[уреди извор]

Здраво! На неколку статии за украински градови забележав порака со грешка под самата мапа, како на Луганск, Лавов, Одеса, Липовец, Луцк, Пирjатин, а има една грешка и на Харков. Поздрав. --Горец (разговор) 22:02, 10 јануари 2022 (CET)[одговори]

А, да. Треба да го направам модулот за украинската карта. Откако наметнаа нов начин на приказ, проблемов се јавува и досега не сум нашол решение. Некаде и покрај модулот, пак не сака да прикаже. Ќе го направам, и ќе видиме дали ќе биде во ред. Б. Јанкулоски (разговор) 00:57, 11 јануари 2022 (CET)[одговори]
@Горец: Средено. Мислам дека сега сите статии се во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:48, 11 јануари 2022 (CET)[одговори]
👍 Горец (разговор) 21:17, 14 јануари 2022 (CET)[одговори]