Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 14

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.
Архива 14


Содржина

ПозКарта[уреди извор]

Дали проблемот што се јавува, пример во статијата Малино се должи на лошо дефиниран шаблон? Може ли да се исправи грешката?--brest (разговор) 15:55, 5 мај 2010 (UTC)

Проверување[уреди извор]

Кога уредуваш статии, дури и ситни уредувања, прегледај ги истите, за да не работиме повеќе корисници на една статија. Поздрав--Никола Стоіаноски 09:26, 7 мај 2010 (UTC)

Non-fiction[уреди извор]

Во случај да не приметиш или да не ја набљудуваш мојата страница за разговор, имаме едно кратко прашање за тебе. Имено, како се вика „non-fiction“ кај нас? Фала. --iNkubusse A? 02:15, 23 мај 2010 (UTC)

новела/роман[уреди извор]

Како новела се смета помал роман... п.с. извини за доцнење на одговорт, не сум се вклучила до сега --Виолетова (разговор) 19:29, 26 мај 2010 (CEST)

Точна категорија[уреди извор]

Здраво. сакам да ми кажете како е правилно: Категорија:Европа во 1402 година или Категорија:1402 во Европа. Поздрав--Тиверополник (разговор) 15:33, 28 мај 2010 (CEST)

Ок, фала. Би те замолол да го поправиш шаблонот, за да ми биде полесно кога ќе ги правам категориите. --Тиверополник (разговор) 15:38, 28 мај 2010 (CEST)
Па, мислам дека правилно беше пр. Европа во 1409 година или грешам?--Тиверополник (разговор) 17:24, 28 мај 2010 (CEST)
Благодарам многу. Поздрав--Тиверополник (разговор) 18:11, 28 мај 2010 (CEST)

бот, правопис[уреди извор]

Го пуштив ботот да ги сврти сите статии, види овде за неговата активност. Сепак за некои поими ќе треба да се направат дополнителни напори за да може да се автоматизира нивната промена, пример овде, хардвер ако се замени со машинска опрема, поради промена на родот на терминот се губи правилната граматичка конструкција на реченицата. Од тие причии од овој список се извадени поимите каде што има промена на род. Исто така за некои поими за кои сметав дека претставуваат радикална промена, предлагам да се поведе расправа, пред да почнеме автоматски да менуваме.--brest (разговор) 11:10, 1 јуни 2010 (CEST)

Policies[уреди извор]

Здраво, Бојан. Да те прашам, како би превел policy на македонски? Бидејќи доста долго овде се трудиме да преведеме некои поими, па за policies and guidelines почнавме да употребуваме принципи и напатствија. Ова те прашувам, бидејќи гледам дека си ја направил оваа промена, па ме интересира дали имаш некои подобри алтернативи од начела? Мислам дека „напатствие“ ни е погодено. --Brainmachinewtf? 18:02, 2 јуни 2010 (CEST)

Благодарам за одговорот, најверојатно Википедија:Принципи и напатствија ќе мораме да ја преместиме како Википедија:Правила и напатствија. --Brainmachinewtf? 20:57, 2 јуни 2010 (CEST)

Слика од Џон[уреди извор]

Здраво Бојан. Како е? Има една слика која не се користи, оваа, и треба да се избрише зошто од тој автор има многу слики на Комонс. Барав за да видам дали е ок на страната на Комонс ама никаде ја нема сликата. Дали е негова или некоја друга и дали да ја бришеме? Поздрав --Никола Стоіаноски 16:03, 13 јуни 2010 (CEST)

И оваа слика дали е подигната на Комонс? Ако не е да ја подигнеме таму и да ја избришеме од тука. Истото важи и за оваа, оваа, ова и ова. поз--Никола Стоіаноски 16:06, 13 јуни 2010 (CEST)

Шаблони[уреди извор]

Да ти спомнам и на тебе: ако ти дојде досадно некогаш, тука имам еден список на шаблони за слики. Ти си особено добар за таа работа, зашто ги знаеш соодветните изрази на македонски. Само онака ти спомнувам, да знаеш дека имам еден таков список. --iNkubusse A? 21:49, 13 јуни 2010 (CEST)

Поврзано?[уреди извор]

Забележувам дека си ја направил оваа промена. Дали ова значи дека насекаде ќе го менуваме името на овој пасус? --Brainmachine (разговор) 15:15, 9 јули 2010 (CEST)

Нема врска, во меѓувреме го даде објаснувањето на селската чешма. --Brainmachine (разговор) 15:23, 9 јули 2010 (CEST)

Именување на кралеви[уреди извор]

Добро, нема проблем. Но, дали Иштван I правилно треба да биде пренасочен во Стефан I... Доколку постои некој друг Стефан I (не сум сигурен дали точно има за Стефан, но тоа е пример), како би требало да се нагласи. Еве, како да гласи статијата за Стефан, кралот на Англија. Стефан Блоа или... Значи Мери I треба да оди во Марија така... Елеонор во Елеонора, Маргарет во Маргарита. Ок, поздрав--Тиверополник (разговор) 02:00, 10 јули 2010 (CEST)

Добро, но не ми одговори околу Стефан, кралот на Англија. Како да гласи статијата?
Ок, фала на советот. Поздрав--Тиверополник (разговор) 10:35, 10 јули 2010 (CEST)
Значи, доколку те разбрав добро, една статија за James I of England на пример, треба да се вика Јаков I (Англија), да биде пренасочена во Џејмс I, и во сите статии да се користи Јаков наместо Џејмс, така? Извини, можеби не те разбрав најдобро--Тиверополник (разговор) 10:58, 10 јули 2010 (CEST)

Добро, фала и поздрав--Тиверополник (разговор) 12:36, 10 јули 2010 (CEST)

Категорија[уреди извор]

Само да те прашам, која категорија треба да биде избришена: Категорија:Згради и градби во Англија по градови или Категорија:Згради и градби во Англија по град--Тиверополник (разговор) 13:16, 10 јули 2010 (CEST)

Ок, поздрав--Тиверополник (разговор) 13:19, 10 јули 2010 (CEST)

Британски монарси[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06. бидејќи гледам дека ти си ја создал статијата за британски монарси, сакам да те прашам, нели би било подобро доколку оваа статија биде разделена на англиски и британски монарси. Поздрав--Тиверополник (разговор) 00:58, 17 јули 2010 (CEST)

Добро, тогаш ќе пробам да ја преведам од англиската вики. Би те замолил да ме следиш, бидејќи слаб ми е англискиот. Поздрав--Тиверополник (разговор) 13:02, 17 јули 2010 (CEST)

Mејлинг листа Поштенски список за преведувачи[уреди извор]

Зачлени се на ова: https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/translators-l (освен ако веќе не си зачленет) :) --Brainmachine (разговор) 15:23, 17 јули 2010 (CEST)

прашање[уреди извор]

Hi Bjankuloski06, I wanted to ask for help in starting an article on the Macedonian Wikipedia about Ram Narayan. Perhaps you could translate the introduction? Thank you very much! Regards Hekerui (разговор) 14:19, 19 јули 2010 (CEST)

Дупли категории[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06. Листајќи, приметив дека постојат исти категории: Категорија:Историски доба и Категорија:Историски периоди. Во нивните подкатегории може да се сретнат други дупли категории како: Античка историја и Антика; Класична античност и Класична антика; како и грешки од типот: Ран Среден век и Доцен среден век (мислам дека среден век би требало да е со мала буква); Категорија:Историски листи би требало да се пренасочи во Истоеисаки списоци; Категорија:Преселба или Категорија:Миграции на човекот. тебе ти пишувам бидејќи поголемиот дел од категориите се создадени од мене и тебе, па треба да се договориме кои да ги избришаме, а по ова јас да ги дотерам малку. Доколку најдам уште некои ќе ги допишам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 23:45, 27 јули 2010 (CEST)

Имиња на јазици[уреди извор]

Здраво Бојан. Во потполност се согласувам. Јазиците оставими ги мене, веќе почнав со средување на насловите (почнав со американските староседелски) па со ред ќе ги прочешлам сите. Освен јазиците ако видиш нешто друго преименувај, обично ваѓам придавка од именаката на јазикот, пр: Ајмара > ајмарски јазик и слично. Поз--Никола Стоіаноски 13:02, 8 август 2010 (CEST)

Биографии на живи ______[уреди извор]

Што имавме одлучено за Biographies of living persons? Биографии на живи личности или биографии на живи лица? --Brainmachine (разговор) 14:47, 12 август 2010 (CEST)

Macedonians (ethnic group)[уреди извор]

Моменталното име на статијата Македонци на англиската википедија е Macedonians (ethnic group) што според мене е доста добро компромисно решение. Но пред неко време на страницата за разговор еден грк отворил расправа тоа да се промени во Macedonians (modern ethnic group) или Macedonians (South Slavs) што и двете се апсурдни. Ќе те замолам да гласаш за против промена на името на статијата и ако си во можност да известиш се повеќе македонски корисници да се изјасната исто. Поздрав Tомица1111 (разговор) 11:54, 30 август 2010 (CEST)1111tomica

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 12 октомври 2010 (CEST)

Име на статија[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06. Како би било поправилно да се премести Водоснабдителна кула (Москва) и :Боровитска кула (Москва). Ако сакаш погледни ја мојата страница за разговор и разговорот со Bogomolov.PL. Најголем проблем ми е како да ги преместам овие две статии. Молам за помош. --Тиверополник (разговор) 11:28, 12 октомври 2010 (CEST)

За жал одамна не користам скајп или мсн. Ако сакаш фејсбук, да те барам--Тиверополник (разговор) 20:18, 12 октомври 2010 (CEST)

Мјанмар[уреди извор]

Здраво Бојан. Официјално државата се вика Мјанмар и на сите Википедии е така (Мјанмар), освен на ен Вики каде мислат се прават паметни. Поздрав --Никола Стоіаноски 14:19, 25 октомври 2010 (CEST)

Искрено, иако се водам според официјалното име, сепак името Мјанмар и официјалната транскрипција (Јангон наместо Рангон на пример) се мои адути и сум склон кон нив. Поздрав и сè најдобро.--Никола Стоіаноски 10:41, 26 октомври 2010 (CEST)

Fundraising 2010_Translation & Localization[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg

Greetings Bjankuloski06, my name is Sam and I am working for the Wikimedia Foundation during the 2010 Fundraiser as the liaison between the Macedonian community and the Foundation. This year's fundraiser is intended to be a collaborative and global effort; we recognize that banner messages that perform well in the United States don't necessarily translate well, or appeal to international audiences. I'm contacting you as I am currently looking for translators who are willing to contribute to this project, helping to translate and localize messages and suggesting messages that would appeal to Macedonian readers on the Fundraising Meta Page. Please let me know if you'd be interested in helping with this project, and add your feedback to the proposed messages as well! I look forward to working with you during this year's fundraiser. Schapman

Промотивен банер[уреди извор]

Здраво. Страницата е преведена на македонски, но сè уште нема предлози за промотивни банери. Јас ќе ја испратам оваа порака до сите поактивни корисници на Википедија и се надевам дека ќе има ефект. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:15, 1 ноември 2010 (CET)

Re:Грешки[уреди извор]

Здраво и од мене. Кога гледам што сум правел, стварно немам зборови... Културата на Англија, лично не сум ја приметил, и мислам дека не е голем проблем. Она со кралевите, незнам на кој треба да се извинам, но изгледа ќе биде на тебе, бидејќи еднаш имавме еден разговор, и убаво ми докажа како треба да е правилно. За англиската транскрипција, во право си, разгледав, но не сум обраќал внимание, не што не сум запознат со ова, туку... Исто се однесува и на третата точка... Значи, за да не се оправдувам, имам направено голем број на грешки. Прашањето е како да се поправат. Колку би можело некој Бот ова да го поправи? Би можело да се направи слично како кај Википедија:Чести правописни грешки, проект, со кој поотворено ќе се превземаат мерки. Сепак, мора да знаеме сите дека нашата википедија нема капацитет со 4-5 постојани уредувачи да се справи со некој голем проект, каков и да е тој. Имаме толку многу проблеми што... --Тиверополник (разговор) 14:52, 3 ноември 2010 (CET)

Лично стојам целосно на располагање, и покрај тоа што во последно време сум зафатен, но колку што ќе можам би помагал. Но, според мене доколку се започне ова, би требало да се ангажираат и другите поактивни администратори, во преден план имам во предвид на Никола и Кирил, а во исто време да се направи некаков Бот, доколку е можно тоа (лично незнам како функционира ова). Но, како да функционираме, кој што да прави, како... Незнам, бидејќи имаме големи катастрофи по нашата вики. Друг проблем се празните статии на години, лидери на држави и слично. Да не зборуваме па за оние статии кои не исполнуваат никаков критериум за да постојат. Кирил мимаше една иницијатива за лидерите по година, но сам неможе ништо. Едно време јас започнав со годините, но повторно ништо. Стварно незнам. Според мене, на нашата википедија ѝ недостасува КОЛЕКТИВНОСТ (да се изразам малку менаџерски) при еден проект. Не за џабе Бугарите рекле дека Обединувањето ја прави силата! :)) Можеби овој разговор треба да оди во Селска чешма, па да видиме што мислат другите.--Тиверополник (разговор) 12:04, 4 ноември 2010 (CET)
Добро, тогаш ќе ги поправам сите резултати со таквиот збор. Доколку нешто повторно забележиш, пиши да се поправам доколку не ти е тешко. Поздрав--Тиверополник (разговор) 10:44, 5 ноември 2010 (CET)

Никулец[уреди извор]

Здраво Бојан. Како е? Сакам да те прашам зошто беше избришан никулецот од статијата Источнополинезиски јазици? Ако планираш да ја прошируваш тогаш моја грешка е што го ставив, но ако не мислам тоа е статија-никулец. Поз--Никола Стоіаноски 13:25, 10 ноември 2010 (CET)

Па да, постојат голем број статии за јазици кои сум ги правел и за кои нема расположливи извори, но сепак статиите според правилата на Википедија се никулци. Штета што нема информации за да се направи голема статија, но да се надеваме ќе произлезат. Поз--Никола Стоіаноски 21:03, 10 ноември 2010 (CET)
Во принцип, кога нè „мерат“ се водат по должината на статијата (редовите) и големината (кб), па мислам и не игра голема улога самиот шаблон. Нашата дефиниција за никулец е „штура“, но според истата (и плус според англиската) никулец е статија со мал вовед и неколку реченици што сочинуваат параграф. Малку е дискутабилна оваа општа дефиниција, но јас колку што сум забележал и на МК Вики и на ЕН Вики статија со над три големи параграфи (плус вовед) не е никулец, а полинезиските јазици мислам не е дел од таа група. Имаме многу статии како полинезиските јазици кои, да речеме, се на самата граница. --Никола Стоіаноски 21:41, 10 ноември 2010 (CET)
Мој предлог е во самата статија, откако ќе се направат сите јазици кои се дел од таа статија, да се вметнат општи карактеристики за истите. Во случај да нема таков материјал, да се стави за секој од поголемите јазици од таа група мал текст (општо) и така се надминува границата на никулец. Овој принцип сум го практикувал, особено е добар за статии поврзани со граматика, а сум го гледал и на ен Вики. Иако доаѓа на прв поглед дека е дуплирање на статиите, но сепак кога немаме текст за општи карактеристики на јазиците, ова решение е прифатливо. Забележав дека во статијата нема посебна секција за тоа каде се зборуваат јазиците и ете уште една секција. Сето ова го наведов водејќи се по статијата Источнополинезиски јазици, за други статии слични решенија. Мислам ова до некаде ја надминува забуната за тоа дали оваа или онаа статија е никулец.--Никола Стоіаноски 22:00, 10 ноември 2010 (CET)
Додека сме на муабетот, дали имаш пронајдено соодветна замена за зборот „кликнува“ на македонски? Притисни, стисни (?) ама некако ми нема смисла :) --Никола Стоіаноски 22:07, 10 ноември 2010 (CET)
А да. За тоа не сум заборавил и веќе имам менувано азиски јазици. До африканските јазици сè уште не сум стигнал, но планирав да продолжам (стигнав до мандески јазици). Инаку, може некому изгледа чудно и неприродно кога ќе се извади придавка од именка, но мислам за јазици на македонски мора да завршува на -ски, -чки или -шки. Така на пример, Урду јазик беше многу несоодвете наслов и го пренасочив во урдуски, како и паштунски, хиндиски и санскритски јазик. Кога ги сменив, ми излгедаше чудно но сега не. Впрочем, за да немаме именка во насловот ова е единственото решение (претворање во придавка), а другото (несоодветно за македонскиот јазик при именување на јазици) е да од типот навахо (јазик). Мое мислење е да нема воопшто загради, па така навохо да биде навахоски јазик / навашки јазик.--Никола Стоіаноски 22:13, 10 ноември 2010 (CET)
Знам како да го преведам при физичка работа (глушец, тастатура и сл), може не бев искажан целосно. Зборот ми беше како со кој збор би се заменил во сличај кога некој корисник би требало да кликне на некоја карта, на пример „Кликнете на картата за поголема резолуција“. Во овој случај не ми стојат баш како соодветни замени тие два збора. Извини што не бев се искажал соодветно. --Никола Стоіаноски 22:16, 10 ноември 2010 (CET)
Не велам дека не може со загради, но мислам кога ќе не може да се изведе придавка тогаш да стои само името (мислам дека урду, хинди, навахо, пашту не се дел од оваа група). Најдобар пример каде може да стои само името на јазикот (без загради или придавки) е африканс. Ако се стави загради не е практично, а ако се стави наставка ќе се добие придавка за континентот. Зезнато во секој случај. Патем, ај ако сакаш види што му е на шаблонот во статијата Јужен Остров.--Никола Стоіаноски 22:27, 10 ноември 2010 (CET)
За овие јазици ( Гез јазик, Тигриња јазик, Тигре јазик, Далик јазик) мислам најдобри називи се: гески јазик (или само гез), тигрињски јазик, тигрески јазик и далички јазик. Може да се изведе придавка, освен кај првиот каде може да стои или како придавка или самостоен назив. Велам дека може да се изведе придавка и за тие што звучат чудно водејќи се по примерот на образување придавка од именката Чикаго. Чикаго (именка), чикашки (придавка). Кај овие зборови се брише последната и се оди по правилото за зборообразување.--Никола Стоіаноски 22:30, 10 ноември 2010 (CET)
Ај ќе видам и јас што можам да направам (малку подоцна) па ако не може да го користиме Шаблон:Geobox. Ќе средиме.--Никола Стоіаноски 22:41, 10 ноември 2010 (CET)
Да тоа во секој случај. -ic од англискиот секогаш се брише на македонски и се оди по коренот. Тоа е неспорно и ако има такви грешки треба да се поправат. Ќе направам некој список деновиве (ако имам време) за тоа кои се честите грешки за да внимаваме. --Никола Стоіаноски 22:43, 10 ноември 2010 (CET)
Здраво Бојан. Само сакам да те информирам дека те поправив во однос на името на никулецот за австронезиски јазици. Имено поимот Австро-никулец може да се однесува и за австроазиски јазици, не само за австронезиски па го вратив старото име за да не се буниме. Исто така, секој никулец за секое јазично семејство има свое сликиче, за да се разликуваат и на некој вид систематски се распоредени според никулци. Поз--Никола Стоіаноски 11:35, 11 ноември 2010 (CET)
Па да, уште кога го започнувавме ВикиПроектот Јазик се одлучивме на ова (започнавме спонтано) и мислам е одлична идеја. Се зема од прилика најкарактеристичниот глас за тоа јазично семејство и се поставува како слика. --Никола Стоіаноски 11:47, 11 ноември 2010 (CET)

Монарх[уреди извор]

Здраво Бојан, како си? Извини така, но повторно сакам да те прашам околу именувањето на владетелите, овојпат за грчките. Еднаш ми објаснуваше дека англискиот крал Стивен, треба да биде Стефан, и.т.н. Сега прашањето ми е за грчкиот: Дали тој треба да биде како Георгиос, Јоргос или Ѓорги? И кога сме овде, кое е поправилно: Ото или Отон? Мислам дека е Ото, но повторно да прашам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 11:56, 19 ноември 2010 (CET)

Сори, го поправам и насловот, сум испуштил буква, па испаднало калугер. Ти благодарам на помошта и на укажените грешки. Ќе ги поправам. Поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 12:44, 19 ноември 2010 (CET)

Корејска транскрипција[уреди извор]

Здраво Бојан. Чисто информативно сакам да прашам за корејската транскрипција. Имено eo во корејскиот е /æ/, односно е на македонски, па поради тоа Seoul се чита Сеул. По истиот принцип, јас така мислам, и Yeonpyeong треба да е Јенпјенг а не Јонпјонг. Поздрав--Никола Стоіаноски 12:59, 23 ноември 2010 (CET)

ru:Доиндоевропейский субстрат[уреди извор]

Здравствуйте, Боян. Можно ли попросить Вас помочь перевести эту статью на македонский язык? Мне кажется, её содержание было бы интересно для читателей македонской Википедии, поскольку она затрагивает древнейшую историю Европы (до прихода греков и римлян). --Dmitri Lytov (разговор) 08:18, 24 декември 2010 (CET)

За инфокутијата за аеродром[уреди извор]

Само да те потсетам дека сите статии за аеродромите сега се малку пореметени. Еве листа. Чаре? --Р ашоAero-stub img.svg 23:03, 16 февруари 2011 (CET)

Избрани содржини за март 2011[уреди извор]

Здраво Бојан. Го вратив делот наменет за избраните мултимедијални содржини на главната страница, но сè уште не се уредени соодветните страници. Кога ја уредив страницата со избраните слики за месец февруари, се појави проблем, па затоа ќе те замолам ако може да ја средиш оваа работа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:01, 5 март 2011 (CET)

Очигледно е дека за изминатите месеци, страниците ги уредуваше Brest-bot со тоа што ја префрлуваше содржината од Ризницата. Сега, за жал повеќе не. Не знам како би можело ова да го средиме со кориснички уредувања. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:38, 6 март 2011 (CET)

Бинарен броен систем[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Бинарен броен систем, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикуваме да напишете некоја друга статија, а доколку веќе знаете некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Честитки!--Kiril Simeonovski (разговор) 10:49, 13 март 2011 (CET)

архео стафс[уреди извор]

Здраво Бојан. Бидејќи гледам дека се заинтерисира и ти за овој проект, би те замолим да изпробаме нешто. Поради специфичните археолошки симболи во Инфокутијата Археомак, сегашната позкарта на Македонија не ги дава потребните ефекти. Зборот ми е да пробаш да ставиш бела карта на Македонија, каде што подобро би се отцртувале археолошките симболи. Што мислиш? Позз--Р ашоAero-stub img.svg 23:47, 25 март 2011 (CET)

Фала, супер е. Иконите беа следни за правење (Никола се нафати, но очигледно ти го „спаси“). За тие што недостасуваат се мислев да ја прашам Арвена, бидејќи таа е археолог и таа го има започнато овој проект. Има проблем во инфокутија каде на одредени статии не се појавува соодветниот симбол и навистина не сум запознаен со тие параметри и неможам да го најдам проблемот. Најдобро е најпрво да се подигнат сите симболи, па после ќе видиме за понатака. Позз--Р ашоAero-stub img.svg 00:06, 26 март 2011 (CET)
Бојан, еве ти неколку симболи за да се дополни легендата. Кога ќе ги подигнеш сите, јас автоматски ќе ги префрлам на ризницата. христијански гроб, православен гроб, католички гроб,средновековна кула. Јас мислам дека се во ред.--Р ашоAero-stub img.svg 12:40, 27 март 2011 (CEST)
Во ред се. Сега е полесно за работа кога сите симболи постојат. Во меѓувреме јас го решив проблемот со непојавувањето на некои симболи во инфокутијата. Поздрав--Р ашоAero-stub img.svg 17:44, 28 март 2011 (CEST) Р.Ѕ. И уште нешто. Јас ја сменив картата во инфокутијата и ја ставив оваа релјефна, која ја избледив и многу ми се допаѓа. Ем се глчедаат релјефни контури, ем не се толку нападни за окото и не го кријата археолошкиот симбол. Ако сакаш само јасно да ги изразиш државните граници во картата (никако тие на статистичките региони) и симболчето во седниот агол со km би требало да е во јасна црна боја. Фала однапред
Одлично изгледа. Фала--Р ашоAero-stub img.svg 11:08, 29 март 2011 (CEST)

Upgrade needed for GoogleTrans gadget to support ie9[уреди извор]

Hi there,

Sorry about the English.

I believe you originally installed the GoogleTrans gadget on your wiki. Thanks for that.

It needs to be upgraded to support IE9. There are numerous other fixes in it as well.

I notice you have put Macedonian translations for some of the text string in the code. You are certainly welcome to do that as I have written the code so it is easy to do. Unfortunately, I was unable to find the actual mkwiki file that has the gadget code so I could not splice in your text changes in the updated gadget code I have on the mkwiki. You are welcome to edit the file with the updated code:

User:Endo999/GoogleTrans.js (on mkwiki)

and put in the strings yourself. They don't have to actually replace the English language strings. Putting the variable definitions AFTER the English ones will do the job as well.

Within your gadget file you can simple refer to the file above. That would allow me to update the code in future without your intervention:

importScript("User:Endo999/GoogleTrans.js");

Please contact me on the enwiki if you have any problems or questions regarding GoogleTrans.

Помош[уреди извор]

Здраво. Ми треба помош при уредување на една статија бидејќи ми излзе проблем кој не ми е јасен, односно ми бара ознака { {наводи}} која веќе ја има и голем дел од статијата се губи. Дали ќе може да ти го пратам документот на е-маил и да ја поправиш истата. Барав онлајн администратори во скорешни промени и се надевам дека си во моментов тука :). Поздрав Kekev (разговор) 22:52, 6 април 2011 (CEST)

Ја најдов грешката сега кога го ископирав текстот, пола саат никако да ми текне дека кај цитатникот сум утнал :). Сепак, благодарам многу за понудената помош. Kekev (разговор) 23:02, 6 април 2011 (CEST)

Предлог[уреди извор]

Бојан би те замолил следниот пат кога уредуваш да ги прегледуваш страниците на кои правиш промени. Еве ја листата на твоите уредувања на кои многу страници стојат како непрегледани. Често одам по тебе и ги прегледувам, но веќе се премногу и секојдневно. Наместо да пишувам, јас саат време губам по скорешните измени кликајќи на „проверено“. Разбирам кога одам по обични корисници (неоценувачи), но не по админи. Позз--Р ашоAero-stub img.svg 17:50, 12 април 2011 (CEST)

Грото од твоите измени моментално на скорешни ми ги покажува со извичници (значи не се проверени). Така е бидејќи тие странци после воведувањето на овој систем автоматски постанале непроверени. Е сега ти со твоите уредувања кога ги зачувуваш измените тие продолжуваат да бидат непроверени. Затоа треба да се проверат еднаш. После на втирото или наредните уредувања (мислам на нас кои ги имаме тие права) тоа веќе нема да се појавува.--Р ашоAero-stub img.svg 22:13, 12 април 2011 (CEST)

IP Block[уреди извор]

Hello, could you please block this IP: Специјална:Придонеси/62.162.216.77. Thanks.

Оценувач[уреди извор]

Здраво, како е? Ќе можеш да видиш, коментираш и евентуално гласаш за кандидатурата за оценувач на еден (веројатно) португалски корисник? Позз--Никола Стоіаноски 10:14, 21 јуни 2011 (CEST)

Михајло Пупин‎[уреди извор]

Ве молам видете го Разговор:Михајло Пупин‎. Не можам да разберам зошто никоj не разговора, дури и во описите, туку без објаснувања се откажува секоje уредување на (политички) "сомнителните" корисници.--Иван (разговор) 10:40, 1 јули 2011 (CEST)

Pluralia Tantum[уреди извор]

Не мислиш дека тоа е важен поим ?

Во врска со поимот[уреди извор]

Во план ми беше да направам табела со македонски плуралиа тантум зборови. Stefanilievski123 (разговор) 11:20, 26 јули 2011 (CEST)

Regards and kind letter of request of translation in Macedonian and Serbian for en:University of the Andes (Venezuela) thanks as always of true heart, and request of future collaboration :)[уреди извор]

Dear Friend,

I write you to know how you are and to wish you a Good Week, that radiant and bright. over this I would want to ask you if kindly you could translate in Macedonian and Serbian, when obviously you have time, the Article regarding the Know University of the Andes of Mérida, there where one day I will go to visit my friends met on the known socialnetwork, and that they wait with anxiety my arrival, and perhaps it also escapes us some permanence of mine as student when I will live in Venezuela. says this if you have of need with some translation in the languages that I know por qualquiera cosa estoy a la orden!... you ask and I will make of my better..un I embrace bright and solar.--Lodewijk Vadacchino (разговор) 13:18, 27 јули 2011 (CEST)

a simple stub is ok...and please you could emprouve Mérida in Macedonian and Serbian? thanks..you choose an Article of your interest and me I will try to translate it from Croatian, I have a very good dictionary of the Zanichelli and another of the Vallardi... hoping that they work... then I will handle to mend it with the grammar and the syntax. thanks for everything--Lodewijk Vadacchino (разговор) 13:18, 27 јули 2011 (CEST)

Пренасочување[уреди извор]

Здраво Bjankuloski06. При листањето на статиите забележав дека си направил пренасочување на Царска Русија во Руска Иперија, кое според мене треба да постои друга статија. Твое мислење?--Тиверополник (разговор) 16:30, 30 јули 2011 (CEST)

Бојан, благодарам за долгиот одговорот, од корист ми ќе ми биде, но сепак сакам да те прашам како би гласеле овие две статии, доколку ги има на нашата вики. Јас се ориентирам целосно според англиската, каде постои Царство Русија и Руска Империја. --Тиверополник (разговор) 02:01, 31 јули 2011 (CEST)
Фала ти уште еднаш, поздрав и од мене--Тиверополник (разговор) 19:54, 31 јули 2011 (CEST)

НГЦ Објекти[уреди извор]

Дали е возможно за ваквиот тип статии да се направи бот кој што може да ги уредува сите статии како на српската Википедија што ги направи тој МирославчикаБот или така нешто? Позз --Васил Ч. (разговор) 16:59, 2 август 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Сју Гарднер, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 23 август 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:16, 23 август 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Премиер на Прусија, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 23 август 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:21, 23 август 2011 (CEST)

Пренасочување[уреди извор]

Здраво Бојан, како си? Сакам да те прашам во врска со Шаблон:Инфокутија Функционер, кој (по се изгледа) по пренасочувањето не ја дава инфокутијата во една статија. Еве пример: Виктор Зубков, Јоргос Папандреу (помладиот), Владо Поповски и.т.н. Дали да се врати пренасочувањето или... Поздрав--Тиверополник (разговор) 11:41, 4 септември 2011 (CEST)

Имаше двојно пренасочување, па го поправив. Инаку следниот пат треба да се внимава кај пренасочувањата и да се провери дали има други пренасочувања кои водат до нив. --Р ашоAero-stub img.svg 11:55, 4 септември 2011 (CEST)

Teletubbies[уреди извор]

Can you make a page about en:Teletubbies please? 64.134.28.130 (разговор) 02:24, 12 септември 2011 (CEST)

Is there a Macedonian name, title, or translation of Charlotte's Web 2: Wilbur's Great Adventure? And could you expand it and the 1973 film? 64.134.62.8 (разговор) 04:43, 18 септември 2011 (CEST)
What about this page? Лисицата и ловечкиот пес (The Fox and the Hound). Could this page be rewritten as a proper article (or maybe under a different name)? It says it was deleted as machine translation but I think the article is too much of a popular topic to stay deleted. 65.254.159.13 (разговор) 21:11, 17 декември 2011 (CET)
Another question: why are redirects like Victorious (TV-serie) and Tülkü və ov iti (cizgi filmi) needed? These are titles that only someone who speaks a different language would search for, and they already have articles in those languages! Like sv:Victroious (TV-serie) or az:Tülkü və ov iti (cizgi filmi) are for people who speak those languages. Sorry if maybe I asked the wrong person about this. 65.254.159.13 (разговор) 00:09, 18 декември 2011 (CET)

Коментар  It should be re-written as a proper article, I agree. As for the redirects, I have absolutely no idea. I have noticed it many times, but I do not know. I think you ought to ask Brest, he may know. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:14, 18 декември 2011 (CET)

@Bjankuloski06, both anon users are one person: Bambifan101. I globally blocked this IP and I would advice you to ignore his (deletion) requests. Trijnstel (разговор) 00:18, 18 декември 2011 (CET)

По која основа е преместувањето?[уреди извор]

Само што се логирав, забележав дека сите статии, кои се однесуваат на владините окрузи на Германија се преместени од твоја страна, како региони, на пр. Арнсберг (владин округ) кон Арнсберг (регион). Значи, и кога ги создавав овие статии, бидејќи сите се од мене создадени, јас им го дадов името владин округ, бидејќи подобро објаснуваат за што се работи, а кога ќе се спомене регион, може да се сфати како општа појава, а всушност владиниот округ е трето административно ниво кое постои во Германија. Имено, во Германија постојат и региони, кои се сретнуваат во статии кои не можат да се категоризираат како метрополитенски области, па така помали од нив се сметаат како региони. Со ова преместување, овие статии (владините окрузи) и статии кои се навистина региони, ќе настане забуна. Навистина, не сфаќам по која основа е преместувањето, ако се водиш по преводот од англиски, тогаш според мене тоа е погрешно. Би сакал да добијам едно објаснување, зошто е ова направено? Поздрав --ehrlich91 (разговор) 14:49, 23 септември 2011 (CEST)

Најпрвин, благодарам за твоето објаснување и за изнесување на твоите гледишта. Знам дека, германската политичка терминологија, но и нивниот политички систем, се малку тешки, и ние во нашиот јазик не можеме баш да изнајдеме соодветни термини, па така кога почнав со преведување на овие статии и јас самиот се најдов во дилема. Моето мислење е дека, се согласувам дека „владин округ“ баш во целост не го објаснува зборот, а и по тоа дека главната статија за „владин округ на Германија“ гласи Административно подрачје (Германија), би можеле да им го дадеме името „административен округ“, додека за помалите единици, нека си остане само окрузи, бидејќи не сите окрузи се именуваат со името и во заграда округ, туку некои окрузи се сретнуваат само со нивното име, бидејќи нема потреба за објаснување. Поздрав --ehrlich91 (разговор) 15:51, 24 септември 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Ариевско уверение, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 30 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:45, 30 септември 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Наутичка милја, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 30 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:45, 30 септември 2011 (CEST)

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

Интервики на англиската[уреди извор]

Здраво Бојан. Нека ни е честит успехот и наскоро да достигнеме и 100.000 статии! Точно е дека квалитетот е далеку подобар отколку кога надминавме 40.000 статии, од едноставна причина што меѓу последните 10.000 статии не се сеќавам да се уредуваа празни или статии со само една реченица. Не знам дали уште веднаш тоа да го бараме или за некое време (кога би имале неколку илјади статии повеќе), со цел да се одржи високата стапка на пораст и квалитетното уредување, што го одржуваме во текот на оваа година. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:24, 2 октомври 2011 (CEST)

Дека предолго не нема е вистина. Не знам моментно како се одвиваат работите таму, но мислам дека е најдобро да се договориме кои корисници да нè претставуваат.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:39, 2 октомври 2011 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 2 октомври 2011 (CEST)

Здраво Бојан. Веќе започнавме со гласањето на јубилејна статија. Се надевам дека секој корисник ќе има интерес да го годели својот глас во барем еден од предлозите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:32, 4 октомври 2011 (CEST)

Перуански покраини[уреди извор]

Браво Бојан за статијата. Искрен да бидам, не ме мрзи да пишувам за покраините и регионите, ама многу ме мрзи да пишувам списоци :) Позз--Никола Стоіаноски 14:30, 4 октомври 2011 (CEST)

Проблемот не е кај заедницата на англиската Википедија, туку кај тој Дејвид. Имено, не знам по кој пат, нему му е задолжен тој шаблон и рангирање/ оценување на Википедиите. Првично кога ја стигнавме бројката некој друг нè одобрил, но Дејвид видел и нè избришал пак. Тој си има некоја идеја дека ние сме Википедија од типот на малите и ботовски Википедии (иако сме мали не сме ботовски) и сега треба него да го убедуваме. Не е тоа фер бидејќи тој не е сам на англиската Википедија. Да прашам ако знам некој дали има шанси да се смени мислењето на поединецот, ако не не знам што да речам. Позз--Никола Стоіаноски 14:50, 4 октомври 2011 (CEST)
Во последните неколку часа, неколку корисници беа пдоготвени да побараат на Дејвид да му се одземат администраторските права, бидејќи своеволно си се однесуваше како „Бог“ во дискусијата за кандидатурата на освојвуачите на Нобеловата награда за медицина во вестите на главната страница на Википедија на англиски, во која бев вклучен и јас. Не знам колку ова би ни помогнало, но е знак дека корисникот е администратор кој се води по свои правила и критериуми, што е спротивно на духот на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:22, 4 октомври 2011 (CEST)
Бојан, шаблонот за покраините е во ред, не го менувај зошто треба после низ секоја статија да одиш. --Никола Стоіаноски 16:07, 4 октомври 2011 (CEST)

Солидарност со пријателите од Италија[уреди извор]

Здраво Бојан. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:11, 5 октомври 2011 (CEST)

Кинеска транскрипција[уреди извор]

Здраво Бојан. Бидејќи знам дека добро си запознаен со кинескиот, сакам да те прашам за транскрипцијата на овој јазик. Имено јас сум збунет и кинескиот е единствениот со кој имам нејаснотии при транскрипција. Имено, дали во македонскиот се користи само пинјунот, односно дали кога транскрибирам имиња да се водам по принципите на пинјинот? Многу чуден начин на транскрипција имаат, така на пример, zhi треба да го транскрибирам со џе, xun со сјуе и уште многу нелогични транскрипции. Па така се прашувам дали пинјинот е добро разработен или да користам некој од другите? Ми треба ова понекогаш. --Никола Стоіаноски 21:29, 9 октомври 2011 (CEST)

Дискусија за интервикито[уреди извор]

Здраво. Не знам до каде може да се оди понатаму, но не сакам да се посрамотиме. Ако имаме нешто за што сме сигурни, тогаш нема да има проблем. Овој пат имаме повеќе аргументи отколку минатиот пат, и во поглед на статистичките податоци и на фактот дека најпрво друг администратор ја додаде врската, која потоа беше избришана. Што се однесува до останатите, мислам дека треба лично да ги прашаме. Статистичките пдоатоци и не се нешто тајно, со оглед на тоа дека се преземени од специјалните страници. Сепак, најдобро ќе биде доколку извесно време се посветиме на средување на празните страници. Добро би било кога за секоја статија за година со бот би се додал вовед, а корисно е и ако статиите за датуми, кои во целост се појавуваат на главната страница, да се прошират и да се создадат шаблони за таа намена. Ова се само предлози, од кои дел треба да бидат исполнети во пресрет на она што го бараме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:45, 14 октомври 2011 (CEST)

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година[уреди извор]

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:44, 19 октомври 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 17 октомври 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:40, 20 октомври 2011 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Не сакам да бидам здодевен, но мислам дека е добро барем ако ништо друго да го одбележиме јубилејот со гласање за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:55, 26 октомври 2011 (CEST)

Пренасочување[уреди извор]

Бојан ќе те замолам друг пат пред секое пренасочување кое го правиш да се консултираш со засегнатите корисници. Сега треба да одам по тебе и да враќам се за Соломонски Острови.--Никола Стоіаноски 09:53, 30 октомври 2011 (CET)

Правописот го издаваат врвни професионалци и универзитетски професори. -ови се користи ако е дадено по име, како не пример Кукови Острови, овие се Соломонски Острови исто и Британски Острови итн.--Никола Стоіаноски 09:58, 30 октомври 2011 (CET)
Еве што пишува во правописот:
Соломони; Соломонец, Соломонци, Соломонка, соломонски; Соломонски Острови.

Изворот го дадов во статијата. Позз--Никола Стоіаноски 10:01, 30 октомври 2011 (CET)

Ако сакаш види овде за Тринидад и Тобаго. Нема придавка--Никола Стоіаноски 12:31, 30 октомври 2011 (CET)

Списокот е готов. Нема придавка за Брегот на Слоновата Коска. Свети Винцент и Гренадините и Гвинеја-Бисао треба да ги средам (преименувам) и затоа се во затемнети букви. Ако сакаш дополни го списокот со тие територии кои не се наведени. Мислам дека целиот список е точен, ама провери го пак. Поз--Никола Стоіаноски 14:22, 30 октомври 2011 (CET)


RE>За старанність!![уреди извор]

Благодарам од срце за наградата. Кога би требало да Ви доделам една од наградите стварно не би знаел која би требало да ја изберам, бидејќи Вие ги заслужувате сите. Поздрав и пријатна работа--Тиверополник (разговор) 15:36, 1 ноември 2011 (CET)

Список на мои погрешни именувања[уреди извор]

Видов пред малку, дека си ми преместил една од статиите, за која јас сум виновен, бидејќи не размислив дека не треба со запирка. Инаку, вакви грешки имам направено повеќепати, особено за статии поврзани со Германија, па сакав да ти укажам за кои статии, станува збор да ги преместиш.

Следниве, треба да бидат преместени: Фридерсдорф, Саксонија-Анхалт, Рорберг, Саксонија-Анхалт, Глинде, Саксонија-Анхалт, Зорге, Саксонија-Анхалт, Еленд, Саксонија-Анхалт, Тане, Саксонија-Анхалт, Штрасберг, Саксонија-Анхалт, Лангендорф, Саксонија-Анхалт, Бире, Германија, Ајкендорф, Залцландкрајс, Борне, Саксонија-Анхалт, Зеланд, Германија, Барби, Германија, Нинбург, Саксонија-Анхалт, Нојндорф, Саксонија-Анхалт, Кајзерпфалц, Саксонија-Анхалт, Хуи, Германија, Фалкенштајн, Саксонија-Анхалт, Хедерслебен, Харц, Нинхаген, Саксонија-Анхалт, Лангенштајн, Саксонија-Анхалт, Краушвиц, Саксонија-Анхалт, Неса, Саксонија-Анхалт, Нојдорф, Саксонија-Анхалт и Ле Есар, Вендеја.

Па, кога ќе можеш, слободно премести ги. Јас ќе се трудам во иднина, да не ми се случуваат вакви пропусти. Вака кога ќе ги видам вкупно, баш многу се собрале. Поздрав и фала

Фала за преместувањата. И да, извини сум заборавил да се потпишам на крајот, обично секогаш ставам потпис. Инаку, токму тоа и мене ме натера да се приклучам на Википедија, да преведувам статии, особено за германските градови кои мене ме интересираат, но истовремено открив и други теми, за кои сакам да пишувам, па така се надевам дека во иднина ќе пронајдам време да напишам нешто и во тие теми. Ehrlich91 (разговор) 12:41, 12 ноември 2011 (CET)

Слика: Blaze koneski.jpg[уреди извор]

Здраво!

Сакам да Ве замолам, дали може сликата "Blaze koneski.jpg" да биде пренесена на Wikimedia Commons, за да можам да ја ставам на полската Википедија.

Однапред благодарам, Jasne (разговор) 19:36, 13 ноември 2011 (CET)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Метална микрорешетка, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 2 декември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:19, 6 декември 2011 (CET)

Блокирање[уреди извор]

Ќе замолам кога се користат привилегиите за блокирање да не се дејствува веднаш максимално ригорозно, секогаш да се изрекува на почетокот најблагото можно блокирање а доколу има повторување на причините за блокирање тогаш да се оди со следното ниво на блокирање. Ова посебно да се има предвид кога се блокираат IP адреси.--brest (разговор) 07:14, 8 декември 2011 (CET)

И јас се надополнувам кон ова - навистина, chill out a bit. -- Бојан имаш за кажување? 09:32, 8 декември 2011 (CET)

Коментар  Тоа беше гркошовинистички вандализам и можноста уредникот да се наврати за да биде воопшто конструктивен на било кој начин на Википедија на македонски јазик е нула. Затоа блокот е таков. Ова вашево ми изгледа како терање формализам по секоја цена, но ако сметате дека таквиот ќе оди и ќе се жали некаде (тешко, но ајде), тогаш постапете како што мислите. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:53, 8 декември 2011 (CET)

Не си во право, имено, тоа е IP адреса од Грција, која можеби не е приватна. Инаку, кога веќе баратаме со веројатност, постои и веројатност од истата таа IP адреса да сака да уредува на Википедија Македонец од Грција, но ќе биде оневозможен доколку истата е трајно блокирана. -- Бојан имаш за кажување? 11:21, 8 декември 2011 (CET)
Затоа постои проверката „Геоположба“ и другите, која секако ја погледав. Адресата не е во Грција, туку во Америка, и не е јавна туку домашна. Сите тие податоци се испишани во кутијата долу кога ја гледате адресата. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:35, 8 декември 2011 (CET)

Не е битно каде географски се наоѓа IP адресата. Во принцип ретко кое приватно лице има своја јавна IP адреса за на век, т.е. на неодредено време, што значи дури и да е блокираната адреса во моментов во посед на некое приватно лице, сигурно за многу пократко време од „бесконечно“ (времето за кое е блокирана) ќе премине во нечиј друг посед, па од таму е погрешно на тој начин да се блокира. Не се работи за формализам туку за почитување на принципите на кои функционира Википедија. Од тој аспект воопшто не е битно дали „таквиот“ ќе оди и ќе се жали некаде, битно е тоа што ние премногу остро сме реагирале и сме го избркале најверојатно на бесконечно него и секој нареден кој ќе се обиде да придонесува од таа IP адреса, што секако нам не ни оди во прилог.--brest (разговор) 12:39, 8 декември 2011 (CET)

Не знаев за ваквото начело. Отсега се поведувам по тоа. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:29, 8 декември 2011 (CET)

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик[уреди извор]

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:31, 10 декември 2011 (CET)

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:14, 11 декември 2011 (CET)

Седмична работа[уреди извор]

Здраво Бојан. Мислам дека помина доста долго време откако едногласно се согласивме за воведувањето на седмична работа на Википедија на македонски јазик, во чии рамки би се посветило внимание и на средувањето на содржините и оддржувањето на проектот (детали од дискусијата има овде). Добро би било ова да се воведе на почетокот од 2012, со што веќе уште од месец јануари би можеле да се нафатиме околу здружена работа на одделни, што знам дека заштедува и време и средства. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:31, 20 декември 2011 (CET)

Се согласувам дека е потребно барем 5-6 луѓе да работат активно на сево ова. Ме загрижува тоа што последниве неколку денови, многу активни корисници повеќе не уредуваат, со што и активноста на целиот проект е на многу ниско ниво, но се надевам дека наскоро сето тоа ќе се реши. Очекувам во следниот период да има повторно натпроесчна активност, како што беше случајот и минатата година со студентите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:06, 20 декември 2011 (CET)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Банту-јазици, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 28 декември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:52, 28 декември 2011 (CET)

Окрузи во Орегон[уреди извор]

Здраво. Кога почнав да правам статии за окрузи во Орегон и јас се мислев да ги именувам како Бејкер (округ), но се одлучив за англиската верзија Бејкер (округ во Орегон). Многу има исти имиња низ цела Америка и ќе се создадат конфликти, а вака со името на сојузната држава во заграда мислам нема да е проблем. Треба и списокот на окрузи да се поправи. поз--Никола Стоіаноски 11:51, 29 декември 2011 (CET)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Алеф-број, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 7 јануари 2012. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 00:24, 10 јануари 2012 (CET)

Ова е воедно и првиот факт додаден во 2012 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:24, 10 јануари 2012 (CET)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Стоболка, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 14 јануари 2012. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:19, 14 јануари 2012 (CET)