Разговор со корисник:Виолетова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нова порака[уреди извор]

Почитувана Виолетова, Се недевам дека сега е подобро???? Ние за Рембрант, имаме очајно малку, во однос на скоро сите земји. Мислев дека можеше нешто да се исправи. Бев во процес на работа, се разбира, на акрајот ќе средував и немаше ни случајно да дозволам - да не личи на ништо. Вашата брза и предвремена реакција, ми го одзеде еланот и идеализмот, дека е можно сепак, со нешто да се придонесе за нашиот очаен цивилизациски минимализам, особено во скоро сите области пред се од планетарното творештво. Мислев дека ова е кампања а не натпревар. Ви пожелувам се најдобро. p.s. ако треба да ги тргнам сите репродукции што ги поставував за Рембрант?

Иван Чаповски википедија[уреди извор]

Драга Виолетова, Ви благодарам што помогнавте да се уреди википедија страницата на македонскиот писател Иван Чаповски. Би сакала да ве прашам за совет. Јас ја започнав википедија страницата на Иван Чаповски на англиски, на англиската википедија, затоа што таква страница не постоеше порано. Сега таа страница стои во Draft:Ivan Čapovski. Јас сум нова во википедијата и сакав да ве прашам за помош, како да се публикуваа таа страница побрзо? Ви благодарам многу, Виолета Violeta Čapovska (разговор) 06:56, 1 октомври 2020 (CEST)

Здраво Violeta Čapovska, на страницата што ја уредувате на англиската Википедија, најдолу има прозорче со мени, и во делот Where to get help, кликнете на соодветното место и побарајте помош од уредниците на Википедија на англиски јазик. Поздрав - Виолетова (разговор) 08:58, 1 октомври 2020 (CEST)

Драга Виолетова, Ви благодарам многу за советот. Навистина ја ценам вашата помош. Поздрав Violeta Čapovska (разговор) 10:28, 1 октомври 2020 (CEST)

Бришење на фотографијата и потписот на вики страницата Иван Чаповски[уреди извор]

Драга Виолетова,

Ви се обраќам за помош. Фотографијата што ја додадов на вики страницата на писателот Иван Чаповски и неговиот потпис се избришани. Фотографијата ја скенирав пред да ја додадам на страницата. Потписот ми беше испратен директно од писателот преку фотографирање и испраќање на фотографијата од потписот дигитално. Му се обратив на уредувачот кој го избриша портретот на Чаповски да го замолам да ја врати и да му потврдам дека јас сум авторот на фотографијата и јас ја скенирав. Незнам што друго треба да сторам и незнам каде направив грешка.

Однапред ви благодарам за помошта 2001:8003:5D10:9A01:C995:CD05:FFA0:CC79 (разговор) 14:41, 19 октомври 2020 (CEST)

Драга Виолетова,

Сакам да ве обавестам дека преку процесот на Commons:OTRS успеав да ја вратам фотографијата. Violeta Čapovska (разговор) 07:02, 20 октомври 2020 (CEST)

Violeta Čapovska на commons каде ги ставаме фотографиите, се води сметка за авторските права. Добро е штом сте се разбрале со уредниците таму. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:25, 20 октомври 2020 (CEST)

Бришење страница[уреди извор]

Здраво, избришете ја следната страница Sandra Harding бидејќи веќе постои истата со кириличен наслов Сандра Хардинг. Поздрав

Страницата е избришана. Поздрав - Виолетова (разговор) 21:17, 20 октомври 2020 (CEST)

Преместување страница[уреди извор]

Здраво, преместете ја страницата Ли мин хо на Лим Мин-хо или посоодветен наслов, бидејќи постоечкиот не ми делува дека синтаксички е точно транскрибиран. Поздрав

Страницата е преместена. Поздрав - Виолетова (разговор) 23:09, 24 октомври 2020 (CEST)

Хорас Лант[уреди извор]

Бидејќи со вас, разговарав за сличен проблем со Гоце Делчев, сега сакам да реагирам за страната на Хорас Лант (https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%81_%D0%9B%D0%B0%D0%BD%D1%82), кога сакам да воспоствам линк до неа, во паѓачкото мени го пишува како Хорас Лант, Македонсит и Бугарофоб. А човекот е експерт за Византологија и среден век, еден од најугледните професори на Харвард. Ве молам, најдете начин да дознаете кој ги прави овие манипулации и да му се забрани пристап до македонската википедија на подолго време и рок. Благодарам --Forbidden History (разговор) 11:13, 25 ноември 2020 (CET)

Уште еден ваков пример на Бугарски манипулации во македонската википедија е страната за Јован Владислав (https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2), кога се пробува да се линкува пишува Бугарски цар. И кај Самоил е исто, стои Бугарски цар кога се прави поврзување на странта (https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB). Ако се работи за истата личност заслужува санкции.--Forbidden History (разговор) 11:22, 25 ноември 2020 (CET)
Здраво Forbidden History, Како што објаснував и за Гоце Делчев, и овде е исто, текстот во паѓачкото мени доаѓа од Википодатоци, а не од македонската Википедија. Таму не можеме да забраниме пристап никому. Таму е дозволено да се пишува и со IP адреса, значи кога некој не е логиран. Има други администратори на Википодатоци, кои се од цел свет. Колку што ми е познато, немаме Македонец меѓу тие администратори.
За Јован Владислав d:Q381288 - сега го сменив, стоеше бугарски цар;
За Хорас Лант d:Q5901955 - сега го сменив во Американски славист и македонист.
Ако забележиш и друго, вака може да измениш: кога ја гледаш статијата, од лево во менито има „Предмет на Википодатоци“, кликнуваш на таа врска и те носи на соодветната страница на Википодатоци. Од десно горе (не најгоре) пишува „edit“, кликаш на него и на линијата каде е македонски јазик, паралелно има поле „Description“ го внесуваш правилниот опис. После само кликнуваш на „publish“ (edit ќе се смени во publish), и промените што си ги направил ќе се зачувани. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:38, 25 ноември 2020 (CET)
Го сменив описот и кај Цар Самоил на Википодатоци сега. -Виолетова (разговор) 11:42, 25 ноември 2020 (CET)
Ти благодарам многу. Извини што те мачев, не знаев дека е секому достпано ова да го менува. Следен пат ќе се потрудам сам. --Forbidden History (разговор) 12:22, 25 ноември 2020 (CET)

Forbidden History, не е проблем, не ме измачи, ама не дежураме ние таму често, и затоа вака ни се случува... На цар Самоил, бугарски корисник изменил на 20 октомври на еден куп јазици, сега македонскиот опис го вратив, ама за некој ден тој пак ќе влезе да менува ... Уредувачка војна е ова вака, многу напорно да се следи на Википодатоци секој ден. Пробај, смееш и ти, ако нешто не ти е јасно, па прашај да дообјаснам како се менува на Википодатоци. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:35, 25 ноември 2020 (CET)

Добро а нели може да се стави забрана да едитуваат такви работи на сите јазици. Нека има дозвола само за нивната земја. Сега пробав, не гледам никаде таква опција за Едит и дескрипција. Единствено нешто што гледам се они две копчиња Извор и Уреди Извор --Forbidden History (разговор) 12:37, 25 ноември 2020 (CET)
Forbidden History, кај мене е на англиски јазик. Еве слика како изгледа кај мене за Хорас Лант:
Wikidata Horace Lunt.jpg

Свети Јосиф[уреди извор]

Здраво Снежана. Приметив кај статијата „Свети Јосиф” кај предлошката „Личности од Новиот завет”, го нема Јосиф, како и кај предлошките „Евангелие според Матеј и Лука”. Кај категоријата пишува br br Свети Јосиф. Да не е тоа некоја грешка? Или пак за него се мисли за Јосиф Обручник? Поздрав. Andrew012p (разговор) 11:36, 24 јануари 2021 (CET)

Здраво Andrew012p, колку што можам да видам, во Предлошка:Евангелие според Лука, споменати се двајца Јосиф, Јосиф Ариматејски и Јосиф Обручник, и ако ја споредам со истата предлошка на англиската Википедија, излегува дека името што стои кај нас Јосиф Ариметејски, треба да е Св. Јосиф. Што се однесува до прашањето за категоријата, на која категорија мислиш? - Виолетова (разговор) 12:33, 24 јануари 2021 (CET)

Кај Категорија:Личности од Новиот завет пишува нешто пред Свети Јосиф. Нема стрелка како кај другите. Дали затоа не се појавува во предлошката кај самата статија? Инаку, кога отворив кај англиската верзија, кај предлошките пишува наместо Saint Joseph, само Joseph, a Joseph of Arimathea е различна статија. Има и една статија Joseph (Genesis) - Јосиф од Битието. Не ми е јасно кој е Јосиф Обручник? ИЗгледа Свети Јосиф од оваа статија. Joseph of Arimathea е за Јосиф од канонските евангелија, а оваа статија за евангелијата од учениците на Исус. За Јосиф од Битието се зборува за Јосиф од книгата Битие. Јас вака сфаќам. Св. Јосиф Обручник на интернет пишува дека е празникот пво недела после Божиќ. Andrew012p (разговор) 13:14, 24 јануари 2021 (CET)

За Јосиф Обручник има нешто на оваа страница - отвори го линков, и според тоа што го читам, изгледа е иста личност со Свети Јосиф. Ова значи дека треба да се средат предлошките, да не стои двапати, еднаш како Свети Јосиф, и еднаш како Јосиф Обручник, а и да се отвори страница за пренасочување, односно Јосиф Обручник да води кон Свети Јосиф. За категориите, треба да ѕирнам подобро, па ќе средам ако има што да се среди. Категорија:Свети Јосиф е поткатегорија на Категорија:Личности од Новиот завет, а поткатегориите како и страниците во една категорија се редат автоматски. Поздрав - Виолетова (разговор) 13:41, 24 јануари 2021 (CET)

Andrew012p, направив пренасочување: Јосиф Обручник да пренасочува кон Свети Јосиф, и во Предлошка:Евангелие според Лука го ставив како Свети Јосиф. Поздрав - Виолетова (разговор) 13:45, 24 јануари 2021 (CET)

Се согласувам. :) Да те прашам, како да направам краток опис (short description)? Сакан кога ќе се побара на Википедија Свети Јосиф, да пишува кратко за него, како и под името на статијата да го пишува краткиот опис. Пробав со предлошката short description (може да видиш кај изворно уредување). Фала. Andrew012p (разговор) 13:58, 24 јануари 2021 (CET)

Краткиот опис што се појавува е поврзан со Википодатоци, каде се дава краткиот опис. За секоја статија, од лево во делот „алатник“ има дел што се вика: Предмет на Википодатоци. Ако кликнеш на тоа, те води до страницата на Википодатоци за таа статија. Конкретно за статијата на Свети Јосиф, штотуку го ставив краткиот опис на Википодатоци, тој што си го предложил. Поздрав - Виолетова (разговор) 14:27, 24 јануари 2021 (CET)

Помош[уреди извор]

Здраво Виолетова. Сакав да те прашам во врска со правописот што не ми е јасно. Во Правописот од 2017 година пишува дека регионите се пишуваат со голема буква на секој дел од зборот. Значи ќе биде Скопски Регион. Е сега исто ли ќе биде кога ќе напишам обратно Регион Скопје (или членувано Регионот Скопје). На пример: „Се наоѓа во Регионот Галилеја“, така? Не мора само за региони, за сè друго. Или Хотел Русија (Хотелот „Русија“), Белградски(от) Универзитет (Универзитет(от) „Белград“)? Сите ли ќе бидат со голема буква и дали да ставам наводници кај имињата на установите само кога се во членувана форма, а на регионите воопшто не се става наводници? Истото и за општини, области, водопади итн. Пр. Колешински Водопад и Водопадот Колешино (без наводници и Водопад со голема)? Исто така, дали архангел Гаврил - архангел ќе биде со голема буква?

И дали секогаш кога правиме избројана множино со бројот два и триста, именката има наставка „а“? :) Два телевизора, два месеца, два денара, триста степена итн? Во спротивно се прави само кај едносложни зборови (од машки род кои завршуваат на согласка без разлика дали е два или триста - пет стола), а не кај двосложни, трисложни или повеќесложни? Два молива, три моливи итн. Точно ли е ова? Фала многу! Andrew012p (разговор) 14:02, 3 април 2021 (CEST)

Andrew012p, кога именките „регион, езеро, река, море...“ се дел од името на топонимот, се пишуваат со голема буква. Но во случајот кога се користат како општа именка, треба да бидат со мала буква. За универзитетот, ако името му е Скопје, ќе е Универзитет „Скопје“, но ако зборуваме општо за универзитет што се наоѓа во Скопје, ќе е скопскиот универзитет. За избројана множина, точно е второто, пример: десет лава, десет слона и десет јагуари дојдоа на реката. - Виолетова (разговор) 15:13, 3 април 2021 (CEST)

Мислам дека сфатив. Значи ќе напишам дека Богорoдица живеела во Регион Галилеја. А во другата реченица регионот Галилеја. За множината не сфатив. Само кога имаме едносножни машки именки секогаш со - а? А кај другите машки именки само во случај на два и триста? Два телевизора, три телевизори итн? Andrew012p (разговор) 16:47, 3 април 2021 (CEST)

Ако името на регионот е Галилеја, а не Галилејски Регион, тогаш е регион Галилеја - на тоа мислев кога пишав: кога именките „регион, езеро, река, море...“ се дел од името на топонимот, се пишуваат со голема буква. За множинските форми, избројана множина треба да се користи речиси без исклучок, но за некои зборови се користи обична множина. Овде повеќе не можам да објаснам. Поздрав - Виолетова (разговор) 17:33, 3 април 2021 (CEST)

Во ред. Фала ти многу. Andrew012p (разговор) 20:04, 3 април 2021 (CEST)

Константин Држилов[уреди извор]

@Виолетова се извинувам направив грешка, сакајќи да ја преместам странта Константин Држилов во Константин Држилович, јас го преместив разговорот и сега не можам да се снајдам да ги вратам тие измени. Па би ве замолил ако може да Константин Држилов да ја преименувате во Константин Држилович, бидејќи под тоа име е познат во Макеоднската историографија. Па потоа да се создаде преместување од Држилов кон Држилович. Извинете уште еднаш, несмасно од моја страна, не забележав дека сум на Разговорната страна.Ви благодарамForbidden History (разговор) 16:07, 2 мај 2021 (CEST)

Forbidden History, средено. Поздрав - Виолетова (разговор) 01:27, 3 мај 2021 (CEST)
Ви благодарам Forbidden History (разговор) 10:53, 3 мај 2021 (CEST)