Хорор (литература)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација на „Гавранот“ од Едгар Алан По од страна на Гистав Доре
Илустрација на „Гавранот“ од Едгар Алан По од страна на Гистав Доре

Хорор или ужасилитературен жанр, чија главна цел е да го застраши, згрози или вџаши читателот преку создавање на чувство на ужас. Литературниот историчар Џ. А. Кадон ја има дефинирано хорор приказната како „литературен текст во проза со различна можна должина... која го шокира читателот, или можеби создава создава чувство на одбивност или грозење“.[1] Хоророт создава морничава и застрашувачка атмосфера, која може да се должи на натприродни појави. Често централната опасност во хорор-литературата може да се толкува како метафора за широко распространети стравови во општеството од кое делото потекнало. Потеклото на зборот „хорор“ потекнува од стариот француски збор „horror“ (во современ француски horreur) како од латинскиот збор „horror“, со значење „страв, тресење“.[2]. Хорор-жанрот има корен во фолклорот и религиозните традиции што се фокусираат на смртта, задгробниот живот, злото, и различните демонски запоседнувања на личноста кои во литературата се сретнуваат како вештерки, вампири, врколаци или духови. Хорор-жанрот се формализира со појавувањето на готскиот роман во XVIII век, а денес претставува милионска индустрија со широко влијание на уметностите и поп-културата, а особено во рамки на филмот и видеоигрите. Некои од најпознатите автори на ужаси се Едгар Алан По, Мери Шели, Брам Стокер, Х.П. Лавкрафт и Стивен Кинг.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кадон, Џ.А. (1984). „Вовед“. Хорор раскази. Хармондсворт: Penguin. стр. 11. ISBN 0-14-006799-X.
  2. Етимологија на зборот хорор (англиски)