Брам Стокер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брам Стокер
Bram Stoker 1906.jpg
Брам Стокер о. 1906
Роден/а8 ноември 1847(1847-11-08)
Клонтарф, Даблин, Ирска
Починат/а20 април 1912(1912-04-20) (возр. 64)
Лондон, Англија
ЗанимањеПисател
ПериодВикторијанска ера, Едвардова ера
ЖанрГотски хорор, љубовен роман
Книжевно движењеМрачен романтизам
Значајни делаДракула
Сопруг/аФлоренс Балкомб (в. 1878)
Деца1
Потпис

Абрахам Стокер (8 ноември 184720 април 1912) ― ирски писател што се прославил со својот роман на ужасите Дракула од 1897 година. Во младоста, Стокер работел како театарски критичар во ирски весник и пишувал статии и коментари. Починал на 20 април 1912 година од локомоторна атаксија и бил кремиран во Северен Лондон. По смртта, неговото најзначајно дело Дракула станало едно од најпознатите дела во англиската литература, а романот е адаптиран за бројни филмови, раскази и драми.[1]

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Брам Стокер е роден на 8 ноември 1847 година во крајбрежното село Клонтарф (денес населба во Даблин).[2] Тој е трето од седумте деца во семејството на Абрахам и Шарлот Стокер.[3] Татко му бил висок државен службеник.

Стокер бил врзан за кревет од непозната болест сѐ додека не тргнал на училиште на седумгодишна возраст, кога целосно се опоравил. Се школувал во приватно училиште управувано од пречесниот (Вилијам Вудс). [4]

По неговото закрепнување, дури и успешно се занимавал со спорт на училиште. Студирал историја, литература, математика и физика на Тринити колеџот, Даблинскиот универзитет, кој го посетувал од 1864 до 1870 година. Дипломирал во 1870 г., а магистрирал во 1875 година.

Додека бил студент преку неговиот пријател д-р Маунсел, Стокер се заинтересирал за театарот. Станал театарски критичар за Dublin Evening Mail.[5] Театарските критичари во тоа време биле слабо ценети, но тој се истакнал со квалитетот на неговите критики. Во декември 1876 година, тој дал поволна рецензија за претставата Хамлет од Хенри Ирвинг во Кралскиот театар во Даблин. Ирвинг го поканил Стокер на вечера и тие станале пријатели. Стокер, исто така, пишувал приказни, а „Кристална чаша“ била објавена од Лондонското друштво во 1872 година; по неа бил објавен „Синџирот на судбината“ во четири дела во Шамрок. Во 1876 година Стокер ја напишал нефикциската книга Должностите на службениците на ситните сесии во Ирска (објавена 1879 година). [4] Исто, бил заинтересан за уметност и бил основач на Даблинскиот скицарски клуб во 1879 г.

Поранешниот дом на Брам Стокер со комеморативна плоча, улица Килдер, Даблин

Во 1878 година, Стокер се оженил со Флоренс Балкомб, ќерка на потполковникот Џејмс Балкомб. Таа била прочуена убавица, а претходно ѝ се додворувал Оскар Вајлд.[6]

Првото издание на насловната страница на Дракула

Стокерови се преселиле во Лондон, каде што Брам станал в.д. управител, а потоа и деловен управител на театарот Ирвингс Лицеум, Лондон; функција што ја извршувал 27 години. На 31 декември 1879 година им се родило единственото дете на Брам и Флоренс, син кого го крстиле Ирвинг Ноел Торнли Стокер. Преку Хенри Ирвинг, Стокер се вклучил во високото лондонско општество каде ги запознал Џејмс Абот Мекнил Вистлер и Сер Артур Конан Дојл (со кои биле далечни роднини). Во Лондон, Стокер го запознал и Хол Кејн, кој станал една од неговите најблиски пријатели - нему му го посветил Дракула.

За време на турнеите на Ирвинг, Стокер патувал низ светот, но никогаш не ја посетил Источна Европа, каде е сместено дејството на неговиот најпознат роман. Со Ирвинг двапати бил поканет во Белата куќа и лично ги запознал Вилијам Мекинли и Теодор Рузвелт. Тој, исто така, се сретнал со еден од неговите книжевни идоли, Волт Витман, откако во 1872 година му напишал необично писмо [7] што некои го толкуваат како израз на длабоко потисната хомосексуалност. [8] [9]

Стокер редовно го посетувал Заливот Круден во Шкотска помеѓу 1892 и 1910 година. Неговите едномесечни одмори во крајбрежното село Абердиншир му овозможиле доволно слободното време за пишување книги. Два романи биле сместени во заливот Круден: Водниот моу' (1895) и Мистеријата на морето (1902). Таму почнал да пишува го Дракула во 1895 година. Сè уште постои книгата за гости со неговите потписи од 1894 и 1895 година. Замокот Слејнс се наоѓал во близина и му овозможил на Брам Стокер веродостојно да го опише замокот на Дракула. Една просторија во замокот Слејнс, октогоналната сала, одговара на описот на октагоналната соба во замокот Дракула.[10]

Спомен плоча за Брам Стокер, Витби, Англија

Брам Стокер во 1890 година го посетил англискиот крајбрежен град Витби, и се смета дека таа посета го инспирирала да го напише Дракула. Во 1890 година, била објавена неговата прва попозната книга „Змиски премин“. во 1890 година. инц од Велс .

Пред да го напише Дракула, Стокер го запознал Армин Вамбери, унгарско-еврејски писател и патник (роден во Шент-Ѓерѓ, Кралството Унгарија сега Свати Јур, Словачка). Се верува дека инспирација за „Дракула“ биле мрачните приказни на Вамбери за Карпатите.[11] Стокер потоа поминал неколку години истражувајќи го фолклорот од централна и источна Европа и митолошките приказни за вампирите. Романот Дракула бил објавен во 1897 година. По него, Брам Стокер објавил и други книги како хорор-романите Дамата од покровот (1909) и Леглото на белиот црв (1911). [12] Тој, по смртта на Ирвинг, ги објавил своите Лични сеќавања на Хенри Ирвинг во 1906 година.[4]

Во книгата од 1972 година „Во потрага по Дракула“ од Раду Флореску и Рејмонд Мекнали се тврди дека Грофот во романот од Стокер е заснован на Влад III Дракула.[13] Сепак, според Елизабет Милер, Стокер го позајмил само името и „трошки од разни информации“ за романската историја; а исто, во работните белешки на авторот нема коментари за Влад III.[14] [15] [16]

Брам Стокер бил член на Лондонската библиотека и токму тука тој спровел голем дел од истражувањето за Дракула.[17] Во 2018 година, Библиотеката открила некои од книгите кои Стокер ги користел за своето истражување, на кои имало белешки и маргиналии.[18]

Урната со пепелта на Брам Стокер во крематориумот Голдерс Грин

По неколку мозочни удари, Стокер починал во Лондон на 20 април 1912 година.[19] Некои биографи причината за смртта ја припишуваат на прекумерната работа, [20] а други на терциерниот сифилис.[21] Во неговата потврда за смртта се наведува дека причина била „Локомоторна атаксија 6 месеци“, и се претпоставува дека тоа упатува на сифилис. [22] [23] Бил кремиран, а неговата пепел била ставена во изложбена урна во крематориумот Голдерс Грин во северен Лондон.

Постхумно[уреди | уреди извор]

Збирката раскази Гостинот на Дракула и други чудни приказни била објавена во 1914 година од неговата жена, Флоренс Стокер. Прва филмска адаптација на Дракула бил „Носферату“ од ФВ Мурнау, објавена во 1922 година, со Макс Шрек во главната улога како грофот Орлок. Флоренс Стокер подоцна ги тужела филмаџиите затоа што од неа не била побарана дозвола за адаптација и не добила хонорар. Случајот се одолговлекувал неколку години, а г-ѓа Стокер барала уништување на негативот и сите принтови на филмот. Тужбата конечно била решена во јули 1925 година во корист на вдовицата. Сепак, еден принт од филмот преживеал и станал многу познат. Прва авторизирана филмска верзија на Дракула се појавила речиси една деценија подоцна кога студиото Универзал го објавил Дракула од Тод Браунинг со Бела Лугоси во главната улога.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

  • <i id="mwAVE">Патека со јаглики</i> (1875)
  • Синџир на судбината (1875)
  • Змиски премин (1890)
  • Судбината на Фенела (1891-1892)
  • Mou's Water (1895)
  • Рамото на Шаста (1895)
  • Дракула (1897)
  • Мис Бети (1898)
  • Мистеријата на морето (1902)
  • Скапоцениот камен со седум ѕвезди (1903, ревидиран 1912)
  • Човек (1905); издаден и како Порти на животот
  • Лејди Атлин (1908)
  • Дамата од покровот (1909)
  • Леглото на белиот црв (1911, постхумно скратено 1925); издадена и како Градина на злото
  • Седум златни копчиња (напишани во 1891 година, многу од материјалот бил повторно употребен во Мис Бети; постхумно објавен во 2015 година) [24]

Збирки раскази[уреди | уреди извор]

  • Под зајдисонце (1881) – осум бајки за деца
  • Опколени од снег: Запис од една група на театарска турнеја (1908)
  • Гостинот на Дракула и други чудни приказни (1914)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The 100 best novels: No 31 – Dracula by Bram Stoker (1897)“. TheGuardian.com. 21 April 2014.
  2. Belford, Barbara (2002). Bram Stoker and the Man Who Was Dracula. Cambridge, Massachusetts: Da Capo Press. стр. 17. ISBN 978-0-306-81098-5.
  3. „Stoker Family Tree“ (PDF). 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 September 2015. Посетено на 18 September 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 Obituary, Irish Times, 23 April 1912
  5. „Dracula creator Bram Stoker born“. www.history.com (англиски). A&E Television Networks. 2010. Архивирано од изворникот на 7 March 2010. Посетено на 21 October 2022. He then worked for the Irish Civil Service while writing theatre reviews for a Dublin newspaper on the side.
  6. Irish Times, 8 March 1882, p. 5
  7. Whitman, David J. Skal, Something In The Blood: The True Story Of Bram Stoker, Liveright, 2016, p92-97.
  8. Poletti, Jonathan (4 September 2022). „The queer life of Bram Stoker“. medium.com. Посетено на 19 October 2022.
  9. Schaffer, Talia (1994). "A Wilde Desire Took Me": The Homoerotic History of Dracula“. ELH. 61 (2): 381–425. doi:10.1353/elh.1994.0019. JSTOR 2873274. Посетено на 19 October 2022 – преку JSTOR.
  10. Shepherd, Mike (2018). When Brave Men Shudder; the Scottish origins of Dracula. Wild Wolf Publishing.
  11. „Vampires – Top 10 Famous Mysterious Monsters“. Tone.com. 14 August 2009. Архивирано од изворникот на 17 August 2009.
  12. Encyclopedia of World Biography, Gale Research (1998) vol 8. pp. 461–464
  13. Lizzie Dearden (20 May 2014). „Radu Florescu dead: Legacy of the Romanian 'Dracula professor' remembered“. The Independent. Посетено на 9 November 2018.
  14. Jimmie e. Cain, Jr (2006). Bram Stoker and Russophobia: Evidence of the British Fear of Russia in Dracula and the Lady of the Shroud. стр. 182. ISBN 978-0786424078.
  15. Miller, Elizabeth (2005). A Dracula Handbook. стр. 112–113. ISBN 978-1465334008.
  16. Light, Duncan (2016). The Dracula Dilemma: Tourism, Identity and the State in Romania. ISBN 978-1317035312.
  17. „The Books That Made Dracula“. The London Library. Посетено на 14 February 2019.
  18. „Latest News“. The London Library. 15 January 2019. Посетено на 15 February 2019.
  19. „Bram Stoker“. Victorian Web. 30 April 2008. Посетено на 12 December 2008.
  20. The Discussion (Third. изд.). Grade Eight – Bram Stoker: Oberon Books (for The London Academy of Music and Dramatic Art). 2004. стр. 97. ISBN 978-1-84002-431-9.
  21. Gibson, Peter (1985). The Capital Companion. Webb & Bower. стр. 365–366. ISBN 978-0-86350-042-8.
  22. Davison, Carol Margaret (1 November 1997). Bram Stoker's Dracula: Sucking Through the Century, 1897-1997. Dundurn. ISBN 9781554881055 – преку Google Books.
  23. „100 years ago today: the death of Bram Stoker“. OUPblog. 20 April 2012.
  24. „Bram Stoker - Miss Betty“. www.bramstoker.org.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Bram Stoker at Library of Congress Authorities, with 219 catalogue records