Universal studios

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Универзал Студио
(Универзал Пикчерс)
Oснована Њујорк, Њујорк
Март 8, 1912 (Филијала за производство на филм)
Април 30, 1915 (како Универзал Пикчрс)
Седиште Универзал Сити, Калифорнија
Опслужувано
подрачје
Worldwide
Клучни личности Карл Лемел, пронаоѓач
Џордан Мековен,Претседател / Главен менџер
Дејност Филм
Производи Моушн Пикчерс
Приходи 4.239 билиони долари
Тековен
приход
27 милиони долари
Сопственик Независен Бизнис (1912-1962)
МЦА (1962-1997)
Seagram's (1997-2000)
Вивенди (2000-2011)
НБЦ Универзал (2004)
Џенерал Електроник (2008-до денес)
Комкаст (сегашен сопственик, со 51% )
Матично
претпријатие
НБЦ Универзал
Подружници Фокус Пикчерс
Имакс Корпорејшн Пикчерс
Портал universalstudios.com

Универзал Студио

Универзал Пикчрс (уште попознато како Универзал Сити Пикчрс, Универзал Сити Студио, Универзал Сити или поедноставно Универзал), е придружница наКомкаси дел од НБЦ Универзал ,и е едно од шесте најголеми филмски студија. Основано во 1912 година од страна на Carl Laemmle, претставува најстаро филмсо студио во САД. Исто така, претставуа второ најстаро студио со континуирано производство, прво е Гаумонт Пикчрс додека по настаро е Парамоунт Пикчрс. На 11 мај 2004 година контролниот пакет акции на Вивенди Универзал беа продадени на Генерал Електрик, сопственикот на НБЦ. Како разултат на продажбата беше преименувано во НБЦ Универзал додека името Универзал Студио Инц продолжи да се користи кај продукциските подружници. Освен фактот што поседува гоелма колекција на филмови од кои дел се од самите почетоци на кинематографијата, поседува и огромна колекција на ТВ програми преку подружницата NBCUnivedrsal Television Distribution. Исто така ги поседува и правата на неколку проминентни филмски трудови оригинално издадени во други филмски студија. Продукциските студија се наоѓаат на адреса 100 Universal City Plaza Drive во Universal City, California. Дистрибуцијата и останатите корпоративни канцеларии се наоѓаат во Њујорк. Universal Pictures е најстарото Холивудско филмско студио. Universal Studios е член на асоцијата МППА

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоци Основоположник на Universal Studios е Carl Laemmle, Германски евреин кој емигрирал од Laupheim и се преселил во Oshkosh, Wisconsin, каде што отворил дуќан за гардероба. При едно трговско патување во Чикаго во 1905 година Carl бил маѓепсан од “машините со живи слики” (nickelodeons). После неколку недели од ова патување Laemmle ја оставил трговијата и ја купил првата од неколкуте машини за прикажување филм. Во 1908 година со основањето на Едисоновиот Филмски Труст, Laemmle и останатите прикажувачи на филм мораа да плаќаат дел од заработката на трустот во вид на хонорар за прикажување на филмови продуцирани од страна на Трустот. Машините што се користеа за прикажување на на филмови беа патентирани од страна на Томас Едисон и на тој начин Трустот воведуваше еден вид на монопол во тогашната филмска индустрија. Набрзо, Laemmle и останатите незадоволни сопственици решија да ја ибегнат таквата ситуација и почнаа сами да продуцираат филмови. Во јуни 1909 година, Laemmle ја основа Yankee Film Company заедно со Abe и Julius Stern. Компанијата набрзо прерасна во Independent Moving Pictures Company (IMP). Laemmle ја прекрши традицијата на Едисон да не ги кредитира изведувачите. Со тоа, тој привлече многу од тогаш познатите актери и го формира така наречениот “Систем на ѕвезди”. Во 1910 година со промоција на актерите Florence Lawrence и King Baggot е воспоставен нов начин на маркетинг преку промоција на Филмските Ѕвезди. Universal Film Manufacturing Company е формирана на 30 април 1912 година во Њујорк. Прв претседател е Laemmle, кој иницираше партнерство со Mark Dintenfass, Charles Baumann, Adam Kessel, и Pat Powers. Подоцна правата на партнерите беа откупени од страна на Laemmle. Baumann и Kessel подоцна се здружија со Mack Sennett и ја формираа успешната Keystone Film Company. Новото Universal Studio претставуваше хоризонтално интегрирана компанија со ограничен капацитет и продукција. Во 1925 година компанијата се инкорпорира во Universal Pictures Company, Inc. До крајот на 1912 година компанијата главно се фокусираше на производство во околината на Холивуд. Првото лого на компанијата претставуваше Земја со прстен налик на Сатурновиот и текст во задебелен Kentucky фонт. Логото беше преправено во 1963 година и уште еднаш во 1990 за да ја одбележи 75 годишнината од основањето. Со користење на компјутерска техника беше претставено ново лого во 1997 година за подоцна во 2012 година да биде поставено новото лого што ја одбележи 100 годишнината на компанијата. Laemmle во 1915 година ја отвори најголемата до тогаш постројка за производство на површина од 230 акри (0.9km2). За разлика од останатие филмски могули Laemmle го отвори своето студио за посета на туристи. Universal стана најголемото студио во Холивуд и во наредните 10 години. Сепак, неговото производство се состоеше од евтини мелодрами, вестерни и серијали. За разлика од своите ривали, внимателниот Laemmle реши да не развива синџир на киносали и сам ги финансираше своите филмови. Ваквата пракса за малку ќе доведеше до банкрот кога актерот-режисер Erich von Stroheim инсистираше на скапа продукција за своите филмови Foolish Wives и Blind Husbands, но сепак, со организирање на голема рекламна кампања студиото успеа да врати дел од потрошените пари. Во тоа време, актерот Lon Chaney беше голем хит и главен двигател во прозводството на Universal. Неговите два најголеми хитови беа The Hunchback of Notre Dame (1923) и The Phantom of the Opera (1925). Овој период исто беше одбележан со назначувањето на Irving Thalberg за шеф на студиото. Laemmle беше воодушевен со начинот на кој Thalberg ги водеше работите со студиото. Louis B. Mayer успеа да го преземе Thalberg од Universal ветувајќи му поголема заработувачка. Студиото без вистинско раководство стана студио од втора класа и како такво остана во наредните неколку децении. Universal во 1926 година отвори продукциска куќа во Германија наречена Deutsche Universal-Film AG, под раководство на Joe Pasternak. Оваа продукциска куќа снимаше по 3-4 филма годишно се до 1936 година кога се пресели во најпрво Унгарија а потоа Австрија за да избега од налетот на Хитлер. Со воведувањето на звук во филмовите, истите беа правени на германски јазик а поретко и на унгарски и полски. Овие филмови не беа прикажувани во САД под покровителство на Universal но сепак, некои од нив преку независни куќи беа прикажувани во Њујорк без титлови. По прогонот на нацистите и смена на раководството во Universal, оваа продукциска куќа беше затворена.


Падот на Освалд и воздигнувањето на Мики Маус и Дизни[уреди | уреди извор]

Спорните бизнис зделки на Universal доведе до поинаков развој на анимираните филмови. Иако Walt Disney и Ub Iwerks го создадоа "Oswald the Lucky Rabbit" кој уживање успешни театарски претстави, правата за него ги имаше universal. Тоа му даваше за право на Universal да дава на Дизни помал хонорар за изработка на анимираниот филм. На крај, Дизни одби да соработува со Universal и заедно со Iwerкs го создадоа денес познатиот Mickey Mouse чија популарност нагло порасна со додавање на звучни ефекти во првиот таков анимиран филм Steamboat Willie. Дизни ја формира Walt Disney Studios а со тоа Universal го изгуби приматот кај анимираните филмови. Universal формираше ново анимациско студио под раководство на Walter Lantz. Во 2006 година после 80 години, NBC Universal ги продаде сите анимирани филмови направени од страна на Дизни за зајакот Освалд назад на компанијата на Дизни. За возврат, Дизни го ослободи од договорот спортскиот коментатор Al Michаels за истиот да може да работи за NBC. Сепак, Universal ги задржа анимираните филмови креирани од Walter Lantz во периодот од 1929 до средината на 30-тите години.

Зачувување на лидерската позиција на студиото во семејството[уреди | уреди извор]

Во 1928 година Laemmle сениор го постави својот син Carl јуниор за шеф на Universal Pictures како подарок за 21-от роденден. Universal имаше репутација за непотизам. Дури 70 роднини беа на платен список на студиото. Еден од нив беше и добитникот на Оскар за режија William Wyler. По заслуга на Carl јуниор Universal се поднови. Се купија и изградија киносали, студиото почна со продукција на звучни филмови со висок квалитет. Неговите напори ги вклучија продукциите како Show Boat (1929) и мјузиклот Broadway (1929) во кој беа употребени сцени изработени од Technicolor со што стана првиот колор филм на Universal, потоа King of Jazz (1930) и All Quiet on the Western Front(1930) кој беше награден со Оскар за најдобар филм. Напоредно, Laemmle сениор создаде неколку успешни хорор филмови како што се Frankenstein, Dracula, The Mummy и The Invisible Man. Постерот за Frankenstein (81х81 инчи) се смета за највреден постер во историјата на кинематографијата и постои само една копија. Од тој период треба да се спомнат и филмовите Imitation of Life и My Man Godfrey за кои беше направен колор римејк во 1950 година.

Лимал ја губи контролата над Универзал[уреди | уреди извор]

Инвестирањето во високо квалитетни филмови го означи крајот на ерата на владеење на Laemmle. Надградбата и модернизацијата на студиото во ерата на големата депресија беше ризично и така Universal падна во стечај. Синџирот на кино сали беше отфрлен но сепак студиото продолзи со брзи продукции и студиски операции. Крајот на владеењето го назначи римејкот на Show Boat кој во 1929 година лошо помина кај критичарите. За новата верзија на Show Boat беа ангажирани неколку ѕвезди од Бродвејската сцена и продукцијата започна во 1935 година. Сепак навиките кај Carl сениор да троши многу ги алармира корисниците на акции и тие ја запреа продукцијата на филмот со закана фамилијата Laemmle да обезбеди заем. Universal обезбеди заем од 750,000 долари од Standard Capital Corporation, ставајќи ги под хипотека акциите на фамилијата Faemmle. Тоа бепе прв пат во 26 годишната историја на Universal да побара заем. Буџетот при продукцијата беше прескокнат за дополнителни 300,000 долари. Universal не успеа да го плати долгот и Standard Capital Corporation ја презеде контролата над Universal на 2 април 1936 година. Филмот Show Boat излезе 2 месеци по преземањето на контролата и беше вистински хит стекнувајќи титула за најдобар мјузикал во историјата. Сепак, тоа не беше доволно да ја спаси фамилијата Faemmle која беше отстранета од компанијата што таа ја основа. Иако Carl јуниор и сениор беа отстранети од компанијата нивните имиња сепак беа вклучени во одјавната шпица како и рекламната кампања на филмот. Ј. Cheever Cowdin кој беше назначен од страна на Standard Capital Corporation ја презеде контролата над компанијата и веднаш воведе кратење во продукцијата. Големите планови на компанијата пропаднаа и иако компанијата држеше неколку ѕвезди оп договор истите тие ја напуштија компанијата. До почетокот на втората светска војна компанијата се концентрираше на продукција на ниско-буџетни проекти: мелодрами, вестерни, сериали и продолженија на некои од успешните хорор филмови. Продуцентот Joe Pasternak, кој успешно продуцирање филмови од германското студио допадтува во Америка да ја повтори успешната формула. Сензационалната тинејџ атракција Deanna Durbin ја играше главната улога во првиот амерички филм на Pasternak, Three Smart Girls (1936). Филмот доживеа голем успех на бокс-офисот и му ја врати славата на студиото. По големиот успех Universal потпиша долгогодишен договор со новата ѕвезда. Кога Pasternak заврши со снимање на филмови а Durbin порасна и почна да игра во посериозни филмови студиото потпиша со 13 годишната Gloria Jean да игра во мјузиклите на Pasternak. Во нив таа играше заедно со Bing Crosby, W. C. Fields, и Donald O'Connor. Уште еден хит излезен од студиото на Universаl кон крајот на 1939 година беше Destry Rides Again, со James Stewart и Marlene Dietrich во главните улоги. Universal имаше своја ергела актери а често и позајмуваше актери од другите студија а вработуваше и слободни актери. Освен James Stewart и Marlene Dietrich останати звучни имиња од тоа време се Margaret Sullavan и Bing Crosby потоа, радио ѕвездите W. C. Fields, Edgar Bergen како и комичарите Bud Abbott и Lou Costello. Последниве двајца играа во воената комедија Buck Privates од 1941 година која постигна светски успех и наскоро станаа најголеми ѕвезди во Америка, надминувајќи го успехот на Durbin како во популарност така и во бокс-офисот. За време на војната Universal направи копродукциски договор со продуцентот Walter Wanger и неговиот партнер Fritz Lang, давајќи му на студиото неколку престижни продукции. Студиото продолжи со продукција на ниско и средно-буџетни филмови комедии, мјузикли, авантури, вестерни и серијали. Исто така почна да негува и многу серии како што се: акциите The Dead End Kids и Little Tough Guys (1938–43) комедијата Hugh Herbert (1938–42), хорор трилери со Frankenstein, Dracula, The Wolf Man, The Invisible Man, и The Mummy (1931–45), Basil Rathbone и Nigel Bruce во новите мистерии на Sherlock Holmes (1942–46), тинејџерски мјузикли со Gloria Jean, Donald O'Connor, и Peggy Ryan (1942–43), сценски адаптации на радио програми Inner Sanctum Mysteries(1943–45). Alfred Hitchcock од Selznick International Pictures беше ангажиран за изработка на два филма. И двата беа снимани во 1942 година и се сметаат за почеток на криминалните драми. Тоа се Saboteur (1942) и Shadow of a Doubt (1943). Препознатливата марка на Universal беа ниско-буџетните филмови. Universal беше едно од последните големи студија што имаше договор со Technicolor. Студиото за прв пат ја искористи технологијата на Technicolor со три бои во 1942 година со издавањето на филмот Arabian Nights, so Jon Hall и Maria Montez во главните улоги. Наредната година повторно во соработка со Technicolor беше издаден римејкот на хорор мелодрамата од 1925 година Phantom of the Opera со Claude Rains и Nelson Eddy. Со успехот на овие два филма почна соработката со Technicolor за продукција на високо-буџетни филмови најчесто со ѕвездите Montez и Hall.

Универзал – Меѓународен[уреди | уреди извор]

Британскиот бизнисмен J. Arthur Rank, во надеж да го зголеми своето присуство во Америка во 1945 година, договори интеграција заедно со universal, независната компанија International Pictures ипродуцентот Kenneth Young. Сето тоа доживеа неуспех и интеграцијата пропадна за неполна година. Сепак, Rank и International не го загубија интересот кон Universal па така студиото се реорганизира во Universal-International. Основачот на International, William Goetz, беше назначен за шеф на продукцискиот дел во преименуваното Universal_international Pictures Inc. Goetz, кој беше зет на Louis B. Mayer, реши да донесе престиж во ново формираната компанија. Го запре производството на ниско-буџетни филмови од Б класа (филмови со времетраење под 65 минути) и ги намали тогаш популарните серијали “Monster” и “Arabian Nights”. Дистрибуцијата и авторските права останаа под капата на Universal Pictures Company Inc. Goetz состави амбициозен распоред. Universal-International стана дистрибутер на Британските продукции на Rank за Америка. Некои од нив беа познатите класици на David Lean - Great Expectations и на Laurence Olivier – Hamlet. Разгранувајќи се во тогаш профитабилните нетеатарски полиња, Universal-International во 1947 година го купи поголемиот дел акции на дилерот за домашни филмови Castle Films за потоа во 1951 година да ја откупи целата компанија. Три декади, Castle продаваше филмови од продукцијата на Universal на филмските ентузијасти и колекционери. Aрхивата на Universal, Goetz ја издаде под лиценца на Realart Pictures за повторно прикажување во кината но не и за прикажување на телевизија. Продукцијата напорно се бореше иако се создадоа хитови како The Egg & I, The Killers, и The Naked City, сепак тие на поминаа најдобро во бокс-офисот. До крајот на 40-тите години, Goetz го напушти студиото и тоа се врати на ниско-буџетните продукции. Ниско-буџетните проекти Francis the Talking Mule и Ma and Pa Kettle беа главна поткрепа на студиото заедно со препознатливите Abbott и Costello во филмот Abbott and Costello Meet Frankenstein. Во тој момент, Rank, го изгуби интересот во студиото и своите акции ги продаде на Milton Rackmil кој пак со својата компанија Decca Records ја презеде целосната контрола над Universal во 1952 година. Во текот на 50-тите години, Universal-International го врати во живот серијалот филмови Arabian Nights со Tony Curtis во главната улога. Студиото доживеа успех со со неколкуте хорор и научно фантастични филмови во продукција на William Alland и со режисерската палка на Jack Arnold. Во останатите поуспешни проекти се вбројуваат високо-буџетните мелодрами на продуцентот Ross Hunter и режисерот Douglas Sirk. Актерската ѕвездена ергела на студиото во тоа време ги вбројуваше актерите Rock Hudson, Tony Curtis, Jeff Chandler, Audie Murphy и John Gavin. Иако Decca Records продолжи да се држи до правилото на ниски буџет за продукција, во текот на самата продукцијата на филмовите таа пракса се отфрлаше. Останатите филмски студија не се придржуваа до таа пракса што во 1948 година доведе до голем судски процес (U.S. vs. Paramount Pictures) во кој актерите добија поголема слобода. Во 1950 година агентот на актерот Јames Stewart, Lew Wasserman склучи договор со Universal студиото кој ги промени правилата на бизнис. Имено, со новиот договор Stewart требаше да добие процент од заработката на филмот во замена за голема плата. Кога филмот Winchester ’73 се покажа како огромен хит, Stewart постана богаташ. Од тогаш, ваквите договори станаа правило во идните зделки како на Universal така и на останатите филмски студија.

Превземањето од страна на MCA[уреди | уреди извор]

До крајот на 50-тите години филмската индустрија почна да пропаѓа. Тоа се должеше на растот на телевизијата. Музичката Корпорација на Америка (MCA), која во тоа време беше агенција за таленти, стана моќен телевизиски продуцент и изнајми голем простор за својата подружница Revue Productions. Во период на замирање на сите проекти Universal се согласи да го продаде своето филмско студио со големина од 360 акри (1.5km2) на MCA за сума од 11 милиони долари во 1958 година и истото беше преименувано во Revue Studios. Иако MCA беше сопственик на земјиштето но не и на Universal, MCA имаше влијание во проектите на Universal. Студиото беше надградено и модернизирано а клиентите на MCA како Doris Day, Lana Turner, Cary Grant како и режисерот Alfred Hitchcock потпишаа договори со Universal Pictures. Долго очекуваното преземање на Universal Pictures од страна на МСА, Inc. конечно се случи во 1962 година како дел од интеграцијата со Decca Records. Компанијата го врати старото име Universal Pictures. Како последен гест пред да излезе од бизнисот како агенција за таленти, секој од клиентите на МСА потпиша нов договор со Universal. Во 1964 година се формира Universal City Studios, Inc. во кое се интегрираа производството на филмови и телевизијата. Во тие години под раководство на МСА, Universal прерасна во нешто што до тогаш никогаш не било, најголемо филмско првокласно студио со филмски ѕвезди и режисери со полн договор. Но, сето тоа беше прекасно бидејќи публиката повеќе не беше заинтересирана па во 1968 година производството почна да замира. Главниот товар го понесе телевизискиот дел бидејќи Universal доминираше со американската телевизиска мрежа, посебно со NBC (кој подоцна се интегираше со Universal и го формира NBC Universal) каде што во неколку сезони снабдуваше со барем половина од ударните телевизиски програми. Ваквата разврска за Universal доведе до иновација на филмовите направени специјално за телевизија.

Портата на Универзал Студио, Холивуд

Во тоа време, Hal Wallis, продуцент од редовите на Paramount, се пресели во Universal каде што продуцира неколку филмови од кои треба да се споменат Anne of the Thousand Days (1969) и Mary, Queen of Scots (1971) кои не доживеаа финансиски хит но и двата добија номинации за Оскар. Првито доби номинации за најдобар филм, надобар актер во главна улога (Richard Burton), најдобра актерка во главна улога (Genevieve Bujold) и најдобар актер во споредна улога (Anthony Quayle). Wallis се пензионира откако го направи филмот Rooster Cogburn во 1975 година. Филмот беше продолжение на True Grit, кој беше направен во Paramount. Во Roostern Cogburn главните улоги ги толкуваа John Wayne, кој ја репризираше улогата од True Grit за која доби Оскар, и Katharine Hepburn. Филмот имаше половичен успех. Иако филмскиот оддел на Universal произведуваше хитови како Airport, the Sting, American Graffiti, Earthquake и блокбастерот Jaws, во текот на ’70-те години Universal служеше како телевизиско студио. Неделните сериски продукции беа примарен дел комапнијата. Сепак од време на време се произведуваа филмски хитови како E.T. the Extra-Terrestrial, Back to the Future и Jurassic Park но филмскиот бизнис беше ризичен.

Универзал Продукција– Франција[уреди | уреди извор]

Во раните 50-ти години Universal отвори дистрибуциска компанија во Франција а во доцните 60-ти години се започна со продукциска компанија во Париз наречена Universal Productions France S.A., иако понекогаш беше нарекувана како Universal Pictures France. Освен со изработката на два филма од својата продукција, делата на Claude Chabrol – Le Scandale (Англискi наслов: The Champagne Murders) и Romain Gary - Les oiseaux vont mourir au Pérou (Birds in Peru), оваа компанија се занимаваше главно со ко-продукција. Попознати дела од ко-продукцијата се делата на Louis Malle – Lacombe, Lucien, потоа Bertrand Blier – Les Valseuses (Going Places) и Fred Zinnemann – The Day of the Jackal. Компанијата произведе околу 20-тина филмови пред да биде затворена во средината на 70-тите години.

CIC и UIP[уреди | уреди извор]

Во раните 70-ти години Universal и Paramount Pictures се здружија и ја формираа Cinema International Corporation, што се занимаваше со дистрибуција на филмовите од продукцијата на Paramount и Univerzal низ целиот свет. Во 1981 година истата прерасна во United International Pictures кога се здружи и Metro-Goldwyn-Mayer. UIP ја започна дистрибуцијата со формирањето на студиото DreamWorks во 1997 година, MGM излезе од оваа групација во 2001 година препуштајќи му ја дистрибуцијата на филмови на 20th Century Fox. МСА во 1990 година ја создаде МСА/Universal Home Video Inc. и на тој начин навлезе во индустријата со видео касети која подоцна се претвори во ДВД индустрија.

Matsushita и Vivendi[уреди | уреди извор]

Нестрплив да ја прошири компанијата долгогодишниот претседател Lew Wasserman побара богат партнер. Договор падна со Matsushita Electric (попозната како Panasonic), јапонскиот производител на електроника, кој се согласи да ја купи МСА за 6.6 милијарди долари во 1990 година. Продукциската придружница беше преименувана во Universal Studios Inc. a Matsushita обезбеди средства за производство но судирот на култури беше преголем па 5 години подоцна Matsushita продаде 80% од акциите на канадскиот дистрибутер за пијалоци Seagram за сума од 5.7 милијарди долари. Seagram ги продаде своите акции во DuPont за да може да го финансира влезот во забавната индустрија. Надевајќи се да изгради империја околу Universal, Seagram го купи PolyGram во 1999 година заедно со неколку продукциски недвижнини, но несигурниот профит, карактеристичен за Холивуд не беше добра замена за сигурниот прилив од акциите во DuPont. За да собере пари, шефот на Seagram, Edgar Bronfman Jr. ги продаде телевизиските имоти заедно со кабелската мрежа на Barry Diller (подоцна овој имот беше откупен повторно по пониска цена). Во јуни 2000 година, Seagram беше продаден на француската медиска компанија Vivendi (сопственик на StudioCanal). Медискиот конгломерат се преименува во Vivendi Universal. Подоцна, Universal Pictures ги откупи правата за дистрибуција на неколку филмови на StudioCanal низ САД од кои попзнати се Mullholland Drive (кој доби номинација за Оскар) и Brotherhood of the Wolf (кој стана втор најпрофитабилен филм од француско говорно подрачје во САД во последните две децении). Universal Pictures и StudioCanal заедно ко-продуцираа неколку филмови, пример е Love Actually со буџет од 40 милиони долари кој подоцна заработи 246 милони долари низ целиот свет.

NBC Универзал[уреди | уреди извор]

Влезен во големи долгови, во 2004 година Vivendi Universal продаде 80% од Vivendi Universal Entertainment (вклучувајќи ги студијата и тематските паркови) на General Electric, сопственикот на NBC. Медискиот супер-конгломерат беше преименуван во NBC Universal, додека Universal Studios Inc. го задржа името на продукциската подружница. Иако постоеше сомнеж дека General Electric, воден од потрагата по профит, може да коегзистира со Холивудскиот стил на живот на висока нога. Сепак во 2007 година таа комбинација успеа. Реорганизираниот филмски конгломерат “Universal” прокнижа неколку финансиско успешни години. Со склучување на договорот General Electric поседуваше 80% од NBC Universal; Vivendi ги задржа останатите 20% со опција, да ги продаде акциите во 2006 година. General Electric ги откупи акциите на Vivendi во 2010 година и за возврат продаде 51% од компанијата на кабелскиот оператор Comcast. Comcast ги спои поранешните подружници на General Electric со сопствените и ја основа денешната NBCUniversal. Договорот беше склучен на 29 јануари 2011 година. При крајот на 2005 година Paramount Pictures го купи DreamWorks SKG откако пропаднаа преговорите помеѓу General Electric и DreamWorks. Долгогодишниот претседател, Stacey Snider, ја напушти компанијата во почетокот на 2006 година и замина во DreamWorks. Snider беше заменат од тогашниот потпретседател Мarc Shmuger и директорот на Focus Features, David Linde. На 5 октомври 2009 година двајцата ко-претседатели беа отпуштени и на нивно место беше назначен Adam Fogelson, поранешен преседател за маркетинг и дистрибуција. Donna Langley беше промовирана за ко-претседател. Низ текот на годините, Universal правеше соработка за дистрибуција и кофинансирање на филмови со најразлични помали компании како Imagine Entertainment, Media Rights Capital, Amblin Entertainment, Morgan Creek Productions, Spyglass Entertainment, Working Title Films (DreamWorks), StudioCanal, Relativity Media, Strike Entertainment, Shady Acres Entertainment, Mandalay Entertainment, Marc Platt Productions, illumination Entertainment and Beacon Communications LLC. Во 2012 година Universal, заедно Paramount Pictures ја слави 100 годишнината од своето постоење.

Библиотеката на Универзал[уреди | уреди извор]

Универзал како и сите други големи филмски студија, поседува значителна библиотека. Ја поседува речиси секоја функција и кратки производства од страна на компанијата, со следниве исклучоци :

  • Поголемиот дел од немите филмови наменети за надвор (некои со авторски права, другите во јавен домен) се во рацете на други независни компании;
  • Верзијата од Мостот на Ватерло од 1931 и верзијата на Снежни прошетки од 1936 година, сега припаѓаат на Варнер Брос и Тарнер Ентертемант .
  • Телевизиските права на Последниот Свезден борач (тие права се во сопственост на Ворнер Брос Телевизија, наледник-во-интерес за производство и партнер, Лоримар) и 1941 (тие права сега под Со Sony Pictures телевизија, чија сестринска фирма, Columbia Pictures, го ко-продуцира филмот со Универзал; Sony исто така ги поседува дистрибуционите права, како што може да се види во Sony). Sony исто така е сопственик на меѓународните права за ослободување од 1994 година на филмот Street Fighter, кои Универзал ги дистрибуираше во САД.
  • Театралните и телевизиски права на песната Flower Drum, што се одржа од МГМ со стекнување на поранешните сопственици на компанијата Семјуел Голдвин – поточно Универзал (која го произведе и првично го дистрибуира филмот) ги има задржано автрските права на филмот и правата на домашното видео.

Преку подружницата NBC Универзал Телевизија Дистрибцијата ги поседува следниве права:

  • Речиси сите ТВ емисии и минисериали направени од МЦА и Универзал, со исклучок на Милионер и Моите три сина (тие права сега стојат во КБС) и во однос на Centennial, тоа е главно во сопственост на имотите на Џејмс Мичинер, автор на оригиналниот роман, ѕвездата Лин Редгрејв, како и сериите, тие моментално се дистрибуирани од страна на Борнер Брос. Телевизијата, преку Универзал ги поседува правата и видео авторските права на сериите.
  • Речиси сите звучни карактеристике пред 1950 година првично се направени од страна на Paramount Pictures – овие филмови се под сопственост на Универзал во 1962 година, кога МЦА ги купи американските Decca – MCA, го купил филмот во 1957 година преку име слично на предходното, поделено само на EMKA, OOD. (оваа бибилиотека исто така во 1948 година ја вклучува MGM Film State of the Union, која беше купена од страна на Paramount по неговото откупување на Liberty Films);
  • Голем дел од пост библиотеката од 1973 на NBC тв шоу и тв филмови ;
  • Повеќето шоуа на Џек Веб, произведени од страна на Mark VII Production, со исклучок на Блуз Пит Кели и Ди, кои се во сопственост на Ворнер Брос.
  • Некои дистрибуциони права на филмот на Елвис Присли ‘’Loving you’’, првично беше објавен од страна на Paramount и во сопственост на Ен-Би (иако сегашните права се во сопственост на Lionsgate).

Компанијата, исто така ги поседува и дистрибуира библиотеките на:

  • Петте улоги на Алфред Хичкок (заден прозорец, Проблеми со Хари, Човекот кој знаеше премногу, Вертиго и Психо) првично објавени од страна на Paramount. Универзал целосно го поседува Психо, а останатите филмови се во сопственост на Хичкок, под дистрибуција на Универзал.
  • Единствен исклучок е филмот ‘’Да се фати крадец’’ кој е под авторски права на Paramount.
  • Валтер Ланц Продукција ( вклучувајќи ги Клукајдрвецот Вуди, Чили Вили и други ликови).
  • Мали филмови (вклучувајќи ги Ивор на мотор, Пингвини и други кратки серии).
  • Focus Features предците на филмовите од САД, октомвриски филмови, и филмовите од 1996-1999 снимени од PolyGram Film Entertainment (МГМ поседува најголем дел од старата библиотека на PlyGram од 1996 година, иако Универзал поседува неколку филмови од тоа време, како што се ‘’Американски вампир во Лондон, како и меѓународните права на Hudsucker Proxy) и неговите подружници.

Преку своите 50% од акциите во SudioCanal, Универзал поседува дел од нејзината библиотека која се состои од филмови (и ТВ серии) направени од страна на:

  • Carolco Pictures (освен од филмовите дистрибуирани од МГМ, Ворнер Брадерс и Универзал)
  • Де Лаурентис Ентертеинмент Груп
  • Embassy Pictures (освен од филмовите направени со Plygram entertainment, Columbia Pictures, ITC I Nepenthe Production, заедно со сите свои телевизиски библиотеки)
  • Продукција Alecander Slakind ( освен филмови кои се дел од филмот Супермен)
  • Студио Ealing (инкорпорирање на Кинотека на Асошиетед груп)
  • ЕМИ Филмови (инкорпорирање на филмските библиотеки на Асошиеитед Бритиш Пикчрс, Бритиш Интернешнл пикчерс и Бритиш нешнл студио)
  • Асошиетед Бритиш Корпорејшн (АБК) (вклучувајќи АБЦ емисии направени за Темза телевизија)
  • Бритиш Лион Филмс (1919-1976 само филмови)
  • Англо-Амалгамејтед

Студио Канал, исто така ги поседува сите права за дистрибуција на Мирамикс Филмови надвор од Северна Америка ( Лионсгејт ги поседува сите права се до северна америка). Сепак Универзал ги поседува само правата за дистрибуција на СтудиоКанал библиотеката во Австралија, Нов Зеланд и други области надвор од Северна Америка, како и во Велика Британија, Ирска, Франција и Германија. Во северна Америка се поделени на неколку компании

Театарски Дистрибуции:

  • ЦБС Телевизиски студиа и Парамоунт пикчрс (Каролко пикчрс и де Лаурентис ентертеинент груп)
  • МГМ (Ембаси Пикчрс)
  • Лионсгејт ( Александар Салкинг Продукција, Еалинг Студио, ЕМИ Филм, АБЦ, Бритиш Лион Филмс и Англо-Амалгаматед)

Телевизиска дистрибуција:

  • ЦБС Телевижн Студио и Парамоунт пикчрс (Каролко пикчрс и де Лаурентис ентертеинмент груп)
  • Сони пикчерс (Ембаси пикчерс)
  • Лионсгејт (Александар Салкинд Продукција, Еалинг Студиос, ЕМИ Филмс, АБЦ, Бритиш Лион Филмс и Англо Амалгамејтед)

Домашна дистрибуција:

  • МГМ (Ембаси пикчрс)
  • Лионсгејт(Каролко Пикчрс, де Лаурентис Ентертејмент Груп, Александар Салкинг Продукција, Еалинг Студио, Еми Филмс, АБЦ, Бритиш Лион Филмс и Англо-Амалгамејтед)

Интернет Дистрибуција:

  • Лионсгејт (Ембаси Пикчрс, Каролко Пикчрс, де Лаурентис Ентертаинмент Фруп, Александар САлкинг Продукција, Еалинг Студио, ЕМИ Филмс, АБЦ, Бритиш Лион Филмс и Англо-Амалгамејтед)

Таа, исто така е сопственик на дистрибуционите права на неколку филмови направени од другите, вклучувајќи ги некои од пред 1952 Јунајтед Артист материјал, и улогата Алфред Хичкок првично објавена од Варнер Брос и ВБ заштитените права за споделиванје најмногу од РКО Пикчрс библиотеката, како и ВБ заштитените права за Републик Ентертејнмнт театралната библиотека и Твин Пикс. Преку својата Фокус Фитурс поделба, Универзал располага со заштита на правата за филмот Враќањето на Пинк Пантер. Универзал исто така располага со правата на (Хана Барбера Продукција) на Хана Барбера филмовите: Филмот, Флитстонс, и Флитстонс во Вива Рок Вегас,во прилок на сопственост на правата на снимката се користени за Фантастичениот свет на Хана Барбера. Тие исто така ја поседуваат дозволата за употреба на паркот за Скуби Ду и Шеги Роџерс, кој што се појави во Универзал Студио Холивуд и Универзал студио Флорида. Универзал исто така ги поседуваат ДеПати-Фреленг Ентерприс Др. Сеус специјалци кои претходно биле во сопственост на Би-Ес

Универзал Студио Холивуд[уреди | уреди извор]

Алберт Дорскинг замислувал парк и филмско студио во холивуд, Калифорнија. Тој ги убедувал Лу Васерман, претседателот на МСА, да инвестира 4 милиони долари во развивањето кое се фокусираше на Универзал Моушн Пикчерс. По многубројните подобрувања, една гранка на Универзал Студи беше отворена во Лос Анџелес, Калифорнија во 1964 година. Некои филмови вклучувајќи го Шрек во 4-D и Терминатор 2 во 3-D. Темите од филмовите и телевизиските емисии се интегрирани во патувања како патувањата на Симпсонови, Јурасик Парк, Возење, Одмаздата на Мумиите. Исто така постои и забавна куќа која е наречена куќа на хоророт, и најважно, обиколка на студиото која покажува инсерти од популарните филмови како, Брзи и Бесни, Кинг Конг 3-D. Универзал студиото во Холивуд има Ситиволк кое што на посетителите им нуди места за шопинг и прехрана. Хотелите се достапни вклучувјќи го Хилтон Универзал Сити и Шератон Универзал Сити.

Универзал студио Орландо[уреди | уреди извор]

Универзал студиото во Орлано, Флорида сеуште снима филмови и воедно е телевизиска продукција, отворено е на 7-ми јуни 1990 година. Директна конкуренција на Универзал Студио е светот на Волт Дизни. Овие две студиа се во константно натпреварување еден со друг. Прво кога се отвори Универзал Студиото во Флорида, имаше минимални технички пречки како Конгронтејшн и Јавс. Овие проблеми беа решени за брзо време, и предводниците на Универзал се решија да го отворат паркот. Стивен Спилберг, кој лично асистираше на отворањето на овој парк, се врати да помогне во 1999 година.

Универзал во Орланд, формално познат како Универзал Студио Ескејп, е резорт со многу хотели, патеки и атракции. Комплетен резорт го направи и постоењето на Портофино Бај Хотелот. Веднаш по него, е паркот наречен Остров на Авантури. Оваа област вклучува ноќни забави. Хотелот ХардРок беше додаден во 2000 година и проследен од Ројал Пацифик Хотелот во 2002 година.

Универзал Студио Јапонија[уреди | уреди извор]

Универзал Студиото во Јапонија е едно од трите кое го поседува УСЈ Ко. Лтд. Отворено е на 31-ви март 2001 година во Осака, Јапонија. Во рок од една година, го посетиле 11 милиони гости, тоа е огромна посетеност во однос на другите паркови. Туристи од цела Азија се најчести гости кои го посетуваат Универзал Студиото во Јапонија. Туристи од другите азиски држави како Тајван, Хонгконг, Јужна Кореја и Филипините ја посетиле Осака, за да одат во Универзал Студио. Јапонската локација е многу слична на онаа во Орландо, Флорида. Содржи слични патеки и атракции, но исто така се додадени некои ликови кои што го обележуваат Азискиот пазат како Хело Кити, Хелоо Кити Фешн Авенија е едно од најпознатите места во Универсал Студио во Јапонија.

Универзал Студиото во Јапонија, има исто проблеми како и другите локации. Животната средина беше еда од нивните најголеми проблеми. Делови од овој парк биле изградени на врвот на контаминирана средина – кал, облеано со ПХБ, тешки метали и други канцерогени. Сумитомо Метал Индустри нареди на своите работници да ги шутнат металните отпадоци, да ги покријат со нечистотија и да се гради на вртвот на нечистотијата свесно дека тоа не е заштитено од елементите кои што претходно биле користени.

Универзал Студио Сингапур[уреди | уреди извор]

Универзал студио Сингапур се наоѓа во рамките на границите на Светскиот Резорт Сентоса, на островот Сентоса во Сингапур, правејќи го вториот по ред пар во Азија по Универзал Студиос Јапонија. Тоа беше првото Универзал студио што е направено во 21-от век. Прв пат е отворено на18-ти март 2010. Прв пат кога беше отворено беше достапно само за факултетот од Ресорт Ворлд Сентоса и нивните семејства. Големото отворање беше на 28 мај 2011. Универзал студио Сингапур содржи седум зони: Холивуд, Њујорк, Сци – Фи Сити, Стар Египет, Изгубен Свет, Многу многу далеку и Мадагаскар. Изгубениот свет е зона која има најслични улоги со другите Универзал Студио паркови каде ги има водните атракции како Јурасик Парк и Воден свет. Покрај тоа, оваа локација вклучува парада со многубраојните атракции. Ова студио е познато по Дрим Парадата која вклучува голем број изведувачи . Оваа парада го имаше своето деби на новогодишната ноќ 2011 година и продолжи да се одржува секоја сабота и недела. Исто така постои опција за Вип турнеја која нуди некои попусти, пристап до патеките и атракциите. Понатаму, тука е додадена можноста за фотографирање со познати личности. Ноќните забави во Универзал Студио честопати наликуваат на оние од Холивуд. Познати хотели во оваа област се Крокфордс Тоуер, Аквариус, Фестив Хотел, Хард Рок хотел и Хотел Мајкал.

Франшизи на Универзал Студио[уреди | уреди извор]

Наслов Година
Универзални Чудовишта 1931–1960
Мама и тато Кетел 1947–1957
Франсис,магарето што зборува 1950–1956
Аеродром (1970 филм) 1970–1979
Американски Графити 1973–1979
Јавс (Франшиза) 1975–1987
Смуки и Бандити 1977–1983
Сините браќа(филм) 1980–1998
Враќање во иднината триологија 1985–1990
Американска Опашка 1986–2000
Земјата порано (серија) 1988
Трепети (филм) 1990–2004
Проблематично дете (филм) 1990–1995
Детска игра (филмска серија) 1990–до денес
Beethoven (филмска серија) 1992–до денес
Јурасиф Парк 1993–до денес
Каменковци (филм) 1994–2000
Бебе (филм) 1995–1998
Балто (филм) 1995–2005
Лудиот професор (1996 филм) 1996–до денес
Американска пита (филмска серија) 1999–до денес
Мумија 1999–present
ЧЕрепи (филм) 2000-2004
Носи го (филм) 2000–2009
Средба со родителите 2000–2010
Брзи и бесни (филмска серија) 2001–до денес
Бурн (филмска серија) 2002–до денес
Хрониките на Ридик(серија) 2004–до денес
Дадилката Мекфи 2005–до денес
Љубопитниот Џорџ 2006–до денес
Одвратниот јас 2010–до денес