Тајна вечера

Во христијанските Евангелија, Тајна вечера (исто така позната и како Мистична вечера или Последната вечера) — последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искариот и неговата смрт. Тајната вечера е насликана на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.
Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринќаните во 11:23-26,[1] во текот на Тајната вечера, во која се јадело леб и вино. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи::
Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!
Земајќи ја чашата рекол:
„Ова е чаша на Новиот завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!”
По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската градина за да се молат. Според митологијата на христијаните, садот од кој се пиело виното се поврзува со Светиот грал.
Според преданието, Тајната вечера се одржала во објектот кој денес е познат како Сионска горница, кој се наоѓа само на неколку метри од ѕидините на Стариот град во Ерусалим.
Тајната вечера како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Тајната вечера“ — песна на американскиот поет Чарлс Рајт (Charles Wright).[2]
- „Тајната вечера“ — фреска на Леонардо да Винчи од 1494-1498 година.
- „Тајната вечера“ — слика на Тинторето од 1592–1594 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Тајната вечера, икона во Катедралата во Франкфурт на Мајна
- Џакопо Тинторето, „Тајната вечера“ (1592-1594)
- Албрехт Дирер, „Тајната вечера“ (1523)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.mkbible.net/biblija/index.php[мртва врска]
- ↑ Petar Penda (izbor i prevod), Eight contemporary American poets – Osam savremenih američkih pjesnika (drugo izdanje). Zadužbina “Petar Kočić”, Banja Luka i Beograd, 2009, стр. 108.
| Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|