Разговор со корисник:Carshalton

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојде!

Здраво, Carshalton, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на страниците за разговор со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 21 септември 2011 (CEST)

Содржина

Потпис[уреди извор]

Здраво Carshalton, не се остава `потпис` во самата статија. Веќе си забележан од софтверот во делот `историја`, така што не оставај потписи. :) Поздрав -Виолетова (разговор) 12:26, 25 септември 2011 (CEST)

Шаблон Јувентус[уреди извор]

Здраво, видов не се снајде со шаблонот, затоа отворив Шаблон:Juventus F.C. squad, ама треба да се среди. Ако си заинтересиран за темава, влези во `уреди` на шаблонот и преведи ги со кирилица имињата на фудбалерите. Поздрав -Виолетова (разговор) 20:20, 25 септември 2011 (CEST)

Дури сега се вклучувам, ама ете Тиверополник помогнал. Инаку во шаблон се секогаш `разлетани` поимите, а неопходни се сите тие знаци за да изгледа шаблонот како шаблон. Треба да ги бараш имињата, и да ги менуваш. Добро уредено. Поздрав -Виолетова (разговор) 11:41, 26 септември 2011 (CEST)

Награда[уреди извор]

Tireless Contributor Barnstar.gif
За вложениот труд во збогатувањето на содржините на Википедија на македонски јазик.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Одлична работа околу средувањето на статиите за италијански фудбалери. Продолжете така и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:27, 27 септември 2011 (CEST)

ДСЗ факт[уреди извор]

ДСЗ Еден факт од статијата Стадион Јувентус, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 30 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 14:48, 30 септември 2011 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:41, 2 октомври 2011 (CEST)

Солидарност со пријателите од Италија[уреди извор]

Здраво. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:21, 5 октомври 2011 (CEST)

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година[уреди извор]

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:50, 19 октомври 2011 (CEST)

Уредувач[уреди извор]

Здраво. Се извинувам за задоцнетиот одговор, бидејќи не бев во можност да се вклучам и дури деенс ја прочитав пораката. Забележувам дека правите доста корисни уредувања во последно време, па решив да Ве додадам во групата на уредувачи, со што Вашите уредувања автоматски ќе бидат проверени. Се надевам дека ќе продолжите со корисните уредувања и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:21, 6 декември 2011 (CET)

Наградени сте![уреди извор]

Real Life Barnstar.jpg Награда за активизам
Награда од мене за активизмот кој го покажувате во работата на Википедија на македонски јазик. Продолжете така и понатаму.:) Kiril Simeonovski (разговор) 20:20, 20 декември 2011 (CET)

Кригла пиво за фудбалските придонеси[уреди извор]

Export hell seidel steiner.png Секоја чест за придонесите поврзани со фудбалот.:) Kiril Simeonovski (разговор) 17:04, 22 декември 2011 (CET)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:02, 31 јануари 2012 (CET)

Луј Са’а[уреди извор]

Француските имиња во македонскиот јазик соодветно се транскрибираат. Фудбалерот е од Франција како и кралевите Луј (Louis на француски), така да тоа е неговото име на македонски, а и така се изговара. А буквата Х во презимето не се чита. Исто и е на јазиците кои ни се блиски (словеснки и кирилични).--Р ашоAero-stub img.svg 22:52, 24 февруари 2012 (CET)

Покана за Вики средба[уреди извор]

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 17:58, 1 март 2012 (CET)

Јубилејна статија (55.000)[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:21, 20 март 2012 (CET)

Дрогба[уреди извор]

Еј, здраво! Гледам дека пишуваш статии за фудбалери. Дали ќе сакаш да го средиш овој текст за Дидиер Дрогба и да го ставиш во една статија за него? Некој го преведувал текстот од en:Didier Drogba, ама не го средил, па ќе биде штета да пропадне. Поздрав, Brainmachine (разговор) 14:38, 30 април 2012 (CEST)

Минато време[уреди извор]

Здраво. Сакам да ти кажам да користиш минато неопределено време при пишување статии. Така на пример не е стилски прифатливо „Тој играше за Динамо“, туку „Тој играл за Динамо“. Не сме директни сведоци на дејството, ние прекажуваме. Буквата „ј“ пред „е“ на македонски не стои, а Огнен има македонска варијанта.--Никола Стоіаноски 20:09, 3 мај 2012 (CEST)

Искулирај, советите треба да се добредојдени а не да се однесуваш како дете. --Никола Стоіаноски 20:35, 3 мај 2012 (CEST)
Никола, тоа не е секогаш случај. Многу често доаѓа до преклопување на енциклопедискиот со новинарскиот стил, па настани од блиското минато не е погрешно ако се прикажуваат и со употреба на минато определено време. Еве на пример, јас секогаш употребувам минато определено време кога станува збор за дејство за коешто сум бил информиран по индиректен пат, но знам дека таквото нешто се случило неодамна и за него се познати голем број на информации. Доколку се работеше за нешто коешто се случило пред 100 или 200 години, се разбира дека не би била соодветна употребата на ова време. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 3 мај 2012 (CEST)
Кирил, те молам, можеш ли да ми дадеш конкретен пример за таквата употреба во статија? --Brainmachine (разговор) 00:19, 4 мај 2012 (CEST)
Те молам прегледај во моите придонеси и ќе го забележиш тоа во повеќе статии. Но, мене досега никој не ме опоменал за такво нешто, бидејќи јас сум „администратор“ и „долгогодишен корисник“, па затоа ваквите совети наоѓаат место на страниците за разговор на други корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:35, 4 мај 2012 (CEST)
Употребата на аорист или имперфект е зачестена во новинарскиот стил најчесто поради фактот што новинарите се сведоци на дејството (по правило) и го предаваат дејството како засведочено. Штом ние тука тежнееме да дадеме неутрална гледна точка и да ги доловиме информациите кои се однапред зададени (ги прибираме) тогаш го нористиме перфектот. Употребата на главолската л-форма во среден род доведува до предавање на незасведочено дејство. За разлика од македонскиот, англискиот најчесто користи аорист (и мислам има влијание директно кај нас), а и на бугарската често гледам употреба на аорист и имперфект, па и сегашно време во воведните реченици. Јас не знам што се направи толкава збрка, само го упатував за правопис зошто губиме време да поправаме отпосле (а и знаеме дека во поправките сме малку спори и голем број статии не се средени). Сепак беше добронамерно и поздрав--Никола Стоіаноски 00:45, 4 мај 2012 (CEST)

Администраторски обврски[уреди извор]

Задраво Carshalton... Никола е администратор на Википедија и има обврска да те упати во некои уредувачки правила и слично, не станува збор дека знае се... слично би постапиле и други администратори... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 20:36, 3 мај 2012 (CEST)

Да се надоврзам и јас. Кралицата на Британија ја нарекуваме Елизабета (а не како што е оригинално таму, Елизабет). Исто е и со Џенифер Анистон (иако оригинално е Џениф‘р Енист‘н). Позз--Р ашоAero-stub img.svg 20:53, 3 мај 2012 (CEST)

56.000 статии[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:08, 5 јуни 2012 (CEST)

Европско првенство во фудбал[уреди извор]

Здраво. Следејќи ги твоите одлични придонеси поврзани со фудбалот, си велам нема кому друг да му се обратам во врска со Европското првенство. Се очекува статиите за првенството да бидат посетени од илјадници луѓе секој ден, па мислам дека е добро истите да бидат навремено променети со најновите резултати, така што ќе понудиме свежи информации. Јас ќе бидам активен цело време, но мислам дека е добро и уште барем некој корисник да поарботи на истото. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:23, 8 јуни 2012 (CEST)

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:01, 10 јули 2012 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 20 јули 2012 (CEST)

Неколку совети[уреди извор]

Здраво. Во неколку статии кои ги имаш напишано забележав дека годините се напишани пред насловот и имињата на месеците се со голема буква, што најверојатно е поради англискиот наслов на статијата. Правило во македнскиот јазик е секогаш имињата на месеците да се пишуваат со мала буква, а годините во ваквите случаи треба секогаш да одат на крајот од насловот на статијата (пр. „Летни олимписки игри 2012“). Постои исклучок, но само доколку статијата се однесува на самата година (пр. „1615 во музиката“). Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:25, 12 август 2012 (CEST)

Наградени сте![уреди извор]

Barnstar of Diligence Hires.png Награда за трудољубивост
Секоја чест мајсторе за методичноста во работата. Гледам дека секоја нова статија ти е подобра. Статијата за Јувентус е навистина одлична.:) Kiril Simeonovski (разговор) 01:48, 24 август 2012 (CEST)

Избор на јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:04, 29 август 2012 (CEST)

Еве и мала помош. Доколку овде не водиме сметка за правилниот изговор и транскрипција на јазикот, ќе настане хаос како иа кај некои портали кои немаат поим од пишување.--Р ашоAero-stub img.svg 13:45, 30 август 2012 (CEST)

Доколку имате проблеми со косрисници тоа е Огласната табла за администратори (ова се однесува за некој поголем спор или недоразбирања), а во врска со спомената статија, тогаш на соодветната страна за разговор.--Р ашоAero-stub img.svg 13:48, 30 август 2012 (CEST)

Неакцентирано Е на крајот не се чита. Незнам зошто не е наведено, но јас еве ти тврдам бидејќи сум учел француски. BTW, доколку имаш проблем со некои имиња, а листата со транскрипции неможе да ти помогне, тогаш обрати се или кај Никола или кај Бојан. Тие се експерти за таа област. Позз и пријатно уредување. И запомни го најважното правило: - Статиите кои ги пишуваме не се наши, и тука секој може да ги уредува.--Р ашоAero-stub img.svg 14:06, 30 август 2012 (CEST)

Маурицио Исла[уреди извор]

Значи да небидам досаден, но според ова и како што се изговара....еспањолите се секогаш МауриСио. Впрочем шпанскиот јазик нема Ц. Еве ти ја имаш честа да ја преместиш страницата.--Р ашоAero-stub img.svg 16:29, 30 август 2012 (CEST)

Деле Алпи[уреди извор]

Сакав да ти пишам уште кога ги направив промените на статијата, да те известам дека на македонската Википедија се користи минато неопределено време, бидејќи ние не сме биле таму кога тоа се случувало. Навистина, не гледам причина да ги откажеш промените и со тоа да остане статија преполна со изрази со типот беше, играше, гледаа итн. Повторно го оставив моето уредување и нема ништо лошо, ако сум се вмешал во твоја статија, тоа е само за подобрување на статијата, а не одземање на твои заслуги. Воедно во делот за надворешни врски, имаше и дел на српски и/или хрватски јазик, на кое навистина не му беше местото во статијата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:50, 1 септември 2012 (CEST)

Го разгледав разговорот и можам да заклучам дека не било ништо решено, имаме две спротивставени страни, кои не се согласуваат до крај за употребата на времињата во блиското минато. Јас во моите статии, особено за велосипедизмот, секогаш употребувам неопределено време, дури и за трките од оваа година, иако некои од нив сум ги проследил. Според мене нема врска дали авторот на статијата бил во живо таму или не, ние пишуваме статија, која ќе ја читаат сите и воедно статиите не ги сметаме за наши. Особено за статијава, овде се работи за стадион, кој повеќе не постои, според тоа најправилно е да биде напишан со неопределен стил. Доколку не се согласуваш со мене, да го прашаме Кирил, па нека одлучи како е најправилно, единствено што сакав е само да помогнам, а не да одмогнам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 12:20, 2 септември 2012 (CEST)
Добро е што се разбравме. Можеби е најдобра моменталната состојба. Единствено во иднина обраќај внимание на употребата на „кој“ и „кои“, едното се употребува за еднина, другиот за множина, па така во статијата треба да стои „кои“ бидејќи се однесува на Игрите, но ова е само мала правописна грешка, ништо страшно. Поздрав и секоја чест за придонесите поврзани со фудбалот --Ehrlich91 (разговор) 12:48, 2 септември 2012 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 18 септември 2012 (CEST)

Помош[уреди извор]

Брат како се гласа за ова што треба да направам Dimo Morecambe (разговор) 10:00, 29 септември 2012 (CEST)

Наградени сте![уреди извор]

Writers Barnstar Hires.png Награда за обемни придонеси
Повели една награда за обемен придонес од областа на фудбалот. Навистина ја заслужи!:) Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 23 ноември 2012 (CET)

Мислам дека е добро ако си од Скопје и ако си во можност да дојдеш на некоја од Вики-средбите што ги организираме. Следната, како што може да забележиш во лентата за соопштенија, ќе се одржи во понеделник. Кога веќе ќе се запознаеш со некои од корисниците, сигурен сум дека твојот труд ќе биде повеќе ценет кај останатите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:49, 23 ноември 2012 (CET)

Давид де Хеа[уреди извор]

Поздрав, ова е првпат да ти пишам. Сакам да ти честитам на трудот што го вложуваш во статиите поврзани за фудбалот. И јас се нафатив да напишам нешто за де Хеа, ама во инфокутијата проблем ми прават настапите за младинските репрезентации и местото на раѓање. Ако можеш да погледаш во што е работата и да ставиш поднаслови што треба да напишам, многу ќе ми помогнеш. Ајде, се слушаме.--Вик Ретлхед (разговор) 11:36, 24 ноември 2012 (CET)

Ја изготвив и статијата за Сторари. Ми треба само дополнување во табелата со статистика, бидејќи онаа од англиската вики не одговара на нашата. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 21:40, 30 ноември 2012 (CET)

Наградени сте![уреди извор]

Gold football ball.svg Златна топка
Бидејќи сум голем фан на Јунајтед, ти ја доделувам златната топка по повод најновата статија за Солскјер. Мило ми е што има страница за овој член од „златната генерација“ на Манчестер. Поздрав. Вик Ретлхед (разговор) 23:31, 31 јануари 2013 (CET)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво Carshalton. Денес ја поминавме цифрата од 68 000 статии, па редно е да го одбележиме настанот со избор на јубилејна статија. Доколку сте во можност, вашиот глас можете да го дадете овде. Се слушаме во некоја наредна прилика. Имајте пријатен ден.--Вик Ретлхед (разговор) 10:44, 2 февруари 2013 (CET)

Кандидатура за оценувач[уреди извор]

Здраво. Следејќи ја твојата активност веќе подолг временски период и твоите одлични уредувања поврзани со фудбалот, решив да те номинирам за оценувач. Твојата номинација можеш да ја најдеш овде, каде што јас веќе дадов краток опис со препорака, а сега останува на тебе да одлучиш дали истата ќе ја прифатиш и да одговориш на прашањата коишто се поставени во неа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:49, 2 март 2013 (CET)

НУМС награди[уреди извор]

Викимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:34, 6 март 2013 (CET)

Честито![уреди извор]

Здраво. Сакам да те известам дека твојата кандидатура за оценувачки статус е успешна и воедно да ти честитам за стекнатите оценувачки права. Во секој момент некој од бирократите ќе ти ги додели овие права, иако е добро да им пишеш за да ги потсетиш. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:29, 12 март 2013 (CET)

Yes check.svgОк Готово Сега си оценувач. -- Бојан имаш за кажување? 10:21, 12 март 2013 (CET)

Транскрипција на италијански називи[уреди извор]

Според официјалната транскрипција на италијанскиот јазик по македонскиот правопис, групите pi, bi, fi, chi, ghi се предаваат како „пј“, „бј“, „фј“, „кј“, „гј“. Ова мора да се следи. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 09:23, 16 април 2013 (CEST)

Да не заборавам дека групата gio-, gia- и тн. секогаш се „џо-“, „џа-“ и тн. (никако Џиовани или Џиани).

И секако, секогаш се вметнува „ј“ во групите со ia (затоа е Италија, не Италиа) и ова важи за се и секаде, т.е. сите јазици освен кинескиот, нему околните и тихоокеанските австронезиски јазици. Имам збележано кај доста уредници, не знам дали има такви примери во фдбалските статии. Прости ако нема. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:37, 16 април 2013 (CEST)

Испуштив да напоменам дека тим е дебел англизам и дека мора да се употребува „екипа“. Б. Јанкулоски (разговор) 10:07, 16 април 2013 (CEST)

Мислам дека порано се дискутираше, но би сакал да се осигурам дека не смее да има внесувања на „национален фудбалски тим на“ и сличн бидејќи единствениот назив кај нас за такво нешто е „фудбалска репрезентација на ...“ и се мора под итно да се смени, вклучувајќи ги сите споменувања во статии и сите тие категории што се правени без размислување за сопствениот јазик. Дали ќе биде рачно или ќе ангажираме бот, ќе зависи од обемот. Мене ми изгледа доста голем. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:45, 16 април 2013 (CEST)

Називи

Забележав нешта како „Јувентус Стадион“ или „А Група клубот“ - вакви конструкции се чисто англиски. Кај нас мора да биде „стадионот Јувентус“ и „клубот X од групата А“. Едноставно не може толку вештачки да се преведува, нема никаква логика. Именките служат како придавки во англискиот (особено во имиња), но кај нас името е само име и мора да му претходи предметот кој е наречен, „стадион Име“ и сл.--Б. Јанкулоски (разговор) 01:24, 17 април 2013 (CEST)

Покрај ова, името Луиџи, и воопшто уи треба да има ј, што значи треба „Лујџи“. Исто важи за Фиесоле (треба „Фјезоле“) --Б. Јанкулоски (разговор) 01:25, 17 април 2013 (CEST)

Извини на опширноста, но сепак морав да ги кажам сите нешта како што ги забележував бидејќи се работи за доста содржини и обемни статии, па грешките се умножуваат. Тим е англизам што е скор кај нас и не е налегнат во јазикот како заемка. Отсекогаш кај нас се велело „екипа“. Клуб е добро, но секако не во секој контекст. Кога се мисли физички на играчите, тогаш ќе биде екипа. Значи некаде се синонимни, а некаде не. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:34, 17 април 2013 (CEST)

Меѓувики[уреди извор]

Сега има нов систем за врските до други википедии, па би сакал да посочам како се прави. Кога преведуваш од англиската верзија, ќе забележиш под списокот на расположиви јазици во алатникот најдолу-лево „Edit links“. Кога ќе стиснеш на него, ќе те одведе на страница на Википодатоци (Wikidata) и на самото дно на страницата, под сите наслови на други јазици, ќе стиснеш на нова ставка („add/додај“), во левото поле ќе почнеш да пишуваш (на кирилица) „м...“ или „ма..“ и ќе ти испадне јазикот во списоче и ќе го стиснеш на него, а во десното името на статијата (или категоријата, шаблонот). и потоа на „save/зачувај“ (ставам два збора бидејќи не знам на кој јазик ќе ти се покаже). Еве пример, за да видиш како изгледа. Не ги гледај тие полиња горе со јазиците, тоа не користи тука. Оди право најдолу и додај јазик. Ако веќе постои, но статијата е преименувана и сл., тогаш подолу ќе го видиш македонскиот наслов во списокот и стискаш на „edit/уреди“, го внесуваш новиот (ако веќе е преименувана, т.е. преместена страницата на нашето вики), па на „save/зачувај“. Ако англиската статија (категорија, шаблон и сл.) најдолу нема „Edit links“, што е грешка што знае да се јавува, тогаш оди на германската или француската, и би требало таму да има (секако под локално име). --Б. Јанкулоски (разговор) 13:59, 20 април 2013 (CEST)

Слики[уреди извор]

Здраво. Оваа твоја подигната слика вели дека е твое дело, и ти си носител на авторските права. Некако не верувам во тоа и затоа одма ја бришам. Те молам не подогај слики кои не се твои, туку користи исклучиво од ризницата. Лажно лиценцирање е едно од најголемите прекршувања на википедија. Поздрав и пријатно уредување--Р ашоAero-stub img.svg 00:35, 11 декември 2013 (CET)

Сликата не е мое дело туку по грешка сум го стиснал тоа при подигнувањето. Инаку оваа слика е лиценцирана 100% за тоа што ја имаш на италијанската википедија [1] Carshalton (разговор) 13:18, 11 декември 2013 (CET)

Пред да ти пишам, јас проверив таму и ја најдов. Како прво и таму не е соодветно лиценцирана, и како второ под неа има шаблон дека таа никако не смее да се преподигне на ризницата (најверојатно зошто е неслободна). Верувај, кога една слика е слободна, таа веќе се наоѓа на ризницата (95% од случаите). Подобро користи си слободни слики, отколку вакви проблематични. За тој клуб има толку слики и немора баш и таа да се користи. Поздрав--Р ашоAero-stub img.svg 13:34, 11 декември 2013 (CET) П.С. Политика во последниве години е сите слики да ги подигаме на ризницата, а не тука локално

Уредувачки маратон[уреди извор]

Здраво, со задоволство Ве повикуваме на првиот уредувачки маратон организиран на тема „Земјите на Олимписките игри“ од страна на здружението „Споделено знаење“ составено од Википедијанци и насочено кон развивање на Википедија на македонски јазик. Маратонот ќе се одржи на 6 декември 2014 година (сабота) во интернет-кафулето „Хазард“ (види карта) со почеток од 13:00 часот, кој е предвидено да трае околу три часа. Повелете на дружба со останатите Википедијанци и заедничко уредување статии и збогатување на нашата Википедија. Поздрав--Ehrlich91 (разговор) 17:43, 30 ноември 2014 (CET)

Global account[уреди извор]

Hi Carshalton! As a Steward I'm involved in the upcoming unification of all accounts organized by the Wikimedia Foundation (see m:Single User Login finalisation announcement). By looking at your account, I realized that you don't have a global account yet. In order to secure your name, I recommend you to create such account on your own by submitting your password on Special:MergeAccount and unifying your local accounts. If you have any problems with doing that or further questions, please don't hesitate to contact me on my talk page. Cheers, DerHexer (разговор) 22:06, 16 јануари 2015 (CET)

Врски[уреди извор]

Здраво, многу ме радува во каков уредувач прерасна и секоја чест за твојот труд :) Особено ме радува што се научи да ги правиш и шаблоните и категориите, но тука би сакал да ти дадам и мал совет: исто како кај статиите и категориите треба да ги поврзуваш со соодветните категории на другите јазици. Функционира на истиот начин, преку „додај врски“, впишување на јазикот, а подоцна на категоријата. Пример: категоријата „Категорија:Fb team шаблони Белгија“ се поврзува со соодветната, а тоа е, Category:Fb team templates Belgium. Мислам дека ме разбра. Уште еднаш браво за трудот и само продолжи така, па во иднина се гледаме и на некоја вики-средба. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:04, 3 мај 2015 (CEST)

Country data Велс[уреди извор]

Yes check.svgОк Готово Го поправив. --Ehrlich91 (разговор) 23:48, 7 мај 2015 (CEST)

Ти благодарам Carshalton (разговор) 00:03, 8 мај 2015 (CEST)

Наградени сте![уреди извор]

Writers Barnstar Hires.png Награда за обемни придонеси
Секоја чест за твоите уредувања, кои стануваат се подобри и подобри. Само што ја видов статијата за Роберт Левандовски и можам да кажам едно големо браво :) Ehrlich91 (разговор) 15:20, 23 мај 2015 (CEST)
Благодарам Ehrlich мило ми е што ти се допаднала статијата. Поздрав Carshalton (разговор) 01:17, 24 мај 2015 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Поради присуство на Прв до врв, а подоцна и други обврски не бев во можност одма да направам статија, но еве сега има и отворено е за гласање. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 16:04, 24 мај 2015 (CEST)

Левандовски[уреди извор]

Здраво Carshalton. Го вратив моето уредување на Левандовски од проста причина: според правописните правила во македонскиот јазик, не се вели „Бајерн“, туку „Баерн“ (или друг пример, треба Сеп Маер наместо Сеп Мајер) исто како што не велиме „фрајер“ туку „фраер“. Оттука, ако се провлекува Бајерн во оваа и во другите статии, тоа е грешка која треба да се поправи. ГП (разговор) 20:10, 27 мај 2015 (CEST)

Чума[уреди извор]

А по која логика врати се по старо?! Изгледа уште во Работнички игра Анене. Па уште и наводите си ги избришал. Па ништо, ама ништо не избришав, само ажурирав. Немам коментар друг. Dandarmkd (разговор) 21:10, 13 септември 2015 (CEST)

Викивести[уреди извор]

Здраво, инаку моето име е Тони, сепак веќе долго време комуницираме :) За прашањето на мојата страница за разговор; немаме ние македонска верзија на Викивести, затоа и не нема. Сепак тоа е проект, кој си бара договор со агенција која би ги отстапувала вестите нам, некој да ги пишува и слично. Имаме разговарано на викисредбите, но не знаеме што ќе бидне, можеби сега преку нашето здружение ќе успееме да спроведеме нешто. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:52, 30 октомври 2015 (CET)

Фотографии[уреди извор]

Здраво, едно укажување при подигнувањето на фотографии на Википедија на македонски јазик од настани, купови и клубови. Правилото важи дека ги подигнуваш сликите како неслободни дела, пополнуваш информации во дадените полиња и бираш лиценца „лого на...“ или пак „општа праведна употреба...“, а не како досегашниот твој начин со ГНУ 4.0, што не може да биде по никоја основа. Поздрав и се најдобро --Ehrlich91 (разговор) 20:00, 9 февруари 2016 (CET)

СИЕ Пролет 2016[уреди извор]

Здраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST)

Слики[уреди извор]

Здраво, уште едно укажување при подигнувањето на фотографии на Википедија на македонски јазик од настани, купови и клубови. Правилото важи дека ги подигнуваш сликите како неслободни дела (со употреба на {{неслободно лого}}), пополнуваш информации во дадените полиња и бираш лиценца „лого на...“ или пак „општа праведна употреба...“, а не како досегашниот твој начин со ГНУ 4.0, што не може да биде по никоја основа. Поздрав и се најдобро.

Во ред, сега сватив како треба. Благодарам за укажувањето. Carshalton (разговор) 22:11, 7 мај 2016 (CEST)

Participate in the Ibero-American Culture Challenge![уреди извор]

Hi!

Iberocoop has launched a translating contest to improve the content in other Wikipedia related to Ibero-American Culture.

We would love to have you on board :)

Please find the contest here: https://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Translating_Ibero_-_America/Participants_2016

Hugs!--Anna Torres (WMAR) (разговор) 16:28, 10 мај 2016 (CEST)

Марио Манџукиќ[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Марио Манџукиќ, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:38, 17 јули 2016 (CEST)

Благодарам

Балзак[уреди извор]

Здраво Carshalton. Знам дека повеќе си по фудбалот, но ако може мислење дали статијата Оноре де Балзак ги исполнува критериумите за избрана статија? Поздрав и сè најубаво.--Retrohead (разговор) 00:01, 17 јануари 2017 (CET)

Мене ми се допаѓа, затоа гласав за. Одлична работа! Carshalton (разговор) 12:08, 17 јануари 2017 (CET)

Your feedback matters: Final reminder to take the global Wikimedia survey[уреди извор]

(Sorry to write in English)

Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“[уреди извор]

Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“[уреди извор]

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Уредувачки ден за фудбалери[уреди извор]

Здраво Дејан, Дали си заинтересиран во иднина да реализираме еден уредувачки ден, на тема фудбалери, фудбалери од Лигата на шампионите или Фудбалери од Премиер Лигата, Серија А или Ла Лига? Гледам дека доста уредуваш статии за Спорт, особено фудбал, па јас сум расположен еден ден да подобриме и создадеме нови статии за познатите светски фудбалри бидејќи многу познати поранешни и сегашни фудбалери немаат статии, како што беше пред некој ден, немаше статија за Фабио Канаваро или Тони Крос и многу други. Поздрав (Иван Ж (разговор) 20:38, 26 април 2017 (CEST))

Секако дека сум за, би било одлично само ако може да биде за викенд затоа што преку недела немам многу слободно време. Исто така се радувам што има уште некој како мене што уредува статии поврзани со фудбалот како што си ти, па бидејќи јас сум подолго во ова ако ти треба нешто некаков совет во врска со статиите можеш слободно да ми пишеш. Инаку за уредувачки ден јас се согласувам, доколку се договорите со другите корисници. Поздрав Carshalton (разговор) 20:49, 26 април 2017 (CEST)

Супер, тогаш ќе се договориме некој викенд, се разбира и да собереме заинтересирни корисници за темата, па да реализираме и дадеме придонес за фудбалот, и спортот воопшто. Поздрав{Иван Ж (разговор) 23:58, 30 април 2017 (CEST)) Здраво Дејан, некако да се исконтактираме? ова е мојот мејл :vanderzilson@gmail.com пиши ми го бројот да ти се јавам (Иван Ж (разговор) 18:19, 6 мај 2017 (CEST)) Здраво Дејан, да се слушнеме некако? vanderzilson@gmail.com (Иван Ж (разговор) 21:10, 23 август 2017 (CEST))

Ре: Употреба на загради[уреди извор]

Според Употреба на загради во македонскиот јазик: Зборови, изрази или цели реченици кои придонесуваат да се дообјасни нешто што е речено пред тоа. Заграда користам за сите статии чиј наслов треба да содржи година. Пример: Битка за Радуша (2001), Македонски парламентарни избори (2016)... Нема да прифатам наслов на статија со Битка за Радуша 2001, бидејќи „2001“ е обичен број. србите го имаат решено ова со додавање на точка после секоја година. Нека напишат другите како е најправилно, но според мене заградите се. Сите првенства кои ги напиша и многу други слични статии треба да се пренасочат, но во моментот мислам дека немаме капацитет за ова. --Тиверополник 22:24, 29 јуни 2017 (CEST)

@Тиверополник: Мислам дека малку ги мешаш работите едно се историски работи како ова Битка за Радуша (2001), друго евровизија, спортски, филмски и други настани кој се повторуваат секоја година, на две, три или четири години. Кај првото Битка за Радуша се согласувам да оди годината во заграда, затоа што заградата само ни дополнува која година се случила битката иако тоа не е ни толку битно затоа што нема друга битка. Ама кога се во прашање вакви настани кој се повторуваат некако ми нема логика годината да биде во заграда затоа што тоа не е нешто што се случило еднаш, туку се повторува. Тука годината е клучна за да знаеме за кој настан се работи, на пр. Германија победник на Светско првенство во фудбал 2014, Португалија беше победник на Европско првенство во фудбал 2016 итн. И за крај јас не сум единствениот кој пишувал овакви статии за првенства, јас почнав следејќи го примерот по кој веќе беа напишани некој статии од овој тип од некој од администраторите. Поздрав Carshalton (разговор) 10:32, 30 јуни 2017 (CEST)
Во ред, сакам само да се произнесат и другите околу ова. Позсдрав

Здраво и на двајцата. Бев повикан за мислење во врска со употребата на загради за години, па еве ќе пишам од моето досегашно уредувачко искуство. Според мене, кога станува збор за настани кои се случуваат на повторлива основа (пр. Летни олимписки игри 2016, Светско првенство во ракомет за мажи 2017, Европско првенство во фудбал 2016 итн.), тогаш годината всушност претставува дел од името и треба да стои без загради. Од друга страна, кога станува збор за настани кои одработуваат тематика со слична содржина на неповторлива основа (пр. многубројните опсади на Ерусалим), тогаш годината всушност претставува параметар за разграничување и треба да стои во заграда. Во вториот случај, годината во заграда го има истото значење како и професијата како параметар за разграничување на две лица со исти имиња и презимиња или било кој друг параметар со иста улога. Не сум запознаен точно со правописното правило, но сметам дека е пожелно да се прави разлика меѓу настани на повторлива и неповторлива основа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:27, 1 јули 2017 (CEST)

@Kiril Simeonovski: Го делам истото мислење со тебе и ти благодарам за одговорот. Carshalton (разговор) 18:26, 1 јули 2017 (CEST)

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)

Фудбалска репрезентација на Аргентина[уреди извор]

Cscr-featured.svg Статијата Фудбалска репрезентација на Аргентина, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 12 октомври 2017 (CEST)

Уредувачки натпревар за вулкани[уреди извор]

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има[уреди извор]

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)

Администратор[уреди извор]

Честито администраторство. Ти ги доделив правата на админустратор. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:49, 3 февруари 2018 (CET)

@MacedonianBoy: Благодарам --Carshalton 13:34, 3 февруари 2018 (CET)

Средување на Инфокутија за Зоран Филиповиќ[уреди извор]

Здраво Carshalton, да те замолам кога ќе имаш време ако сакаш да ја досредиш инфокутијата за Зоран Филиповиќ, бидејќи почнав да gi наведувам фудбалските тимови според твојот шаблон, па за некој екипи нема. Кога ќе бидеш во можност искорегирај, за да биде статијата поубава. Поздрав (Иван Ж (разговор) 23:32, 6 февруари 2018 (CET))

@Иван Ж: Важи, нема проблем ќе средам. Поздрав Carshalton 14:28, 7 февруари 2018 (CET)

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018[уреди извор]

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)

Шаблон:Fb team било која екипа[уреди извор]

Не ги заменувај веќе поставени врски за клубовите. Како прво овој шаблон што го ставаш е донекаде неточен. На пример, моменталното име на Брегалница е Брегалница 2008, а со шаблонот ја прикажува како Брегалница Штип. Истото важи и за Македонија Ѓорче Петров, која го има "1932" во своето име. Кога некој ќе го прочита тоа, треба да дознае дека така клубот се викал во таа конкретна сезона или сезони. Со овие фб шаблони не може да се маневрира. А и некои клубови немаат направено шаблони и грдо изгледа. И плус небитни се боите до клубот. Некои па шаблони не ни прикажуваат бои и неконзистентно е. Поздрав. :) Dandarmkd (разговор) 17:25, 24 мај 2018 (CEST)

@Dandarmkd: Здраво, овие шаблони ги направив од една причина само за да си заштедам време на некој места каде што можам се разбира на место да пишувам ФК Вардар|Вардар го ставам шаблонот и го добивам името на клубот. Е сега, ако можеш да ми покажеш каде сум ставил вакви шаблони и што треба да се исправи затоа што моментално работам на последната сезона во Серија А и не се сеќавам дека нешто сум менувал кога е во прашање македонскиот фудбал. Инаку ова за Брегалница можеш лесно да го промениш напиши Шаблон:Fb team Bregalnica и внатре пиши го името како се вика. Поздрав ░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 22:06, 24 мај 2018 (CEST)

Ти си ја променувал ПМФЛ 2013/14 во февруари годинава. Ама јас ја преправив и ја вратив на старото. Еве види ја оваа статија (Прва фудбалска лига на Македонија 2009/2010). Не велам дека ти си ја правел, ама со тие шаблони е и тој принцип е. Сите екипи имаат бои, пред името, кои се непотребни, а Слога Југомагнат нема бои. Останатите статии на другите јазици не се водат со таквите шаблони. Само кај италијанската Википедија го практикуваат често, понекогаш кај Французите. Dandarmkd (разговор) 23:50, 24 мај 2018 (CEST)

@Dandarmkd: Не знам што да одговорам на ова, поточно не знам што сакаш да направам биди малку попрецизен. Горе ти објаснив зошто ги направив шаблоните и зошто јас ги користам, ти ако не сакаш не мораш да ги користиш тоа е твое право. На оваа статија Прва фудбалска лига на Македонија 2009/2010 колку што гледам во нејзината историја никогаш ништо не сум пишувал во неа. Еве направив сега и Слога Југомагнат да биде со бои пред името, ако не ти се допаѓа вака направи други шаблони и промени ја како што сакаш ти, јас не ти бранам.░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 13:13, 25 мај 2018 (CEST)

Не сакав да правам нова тема, па овде пишав. Пробав да го сменам името на Телеком Арена. Тоа име е старо од септември. Актуелно име на стадионот е старо-новото име Национална арена „Филип II Македонски“. Мене ми вели дека не може да се смени името. Во содржината напишав и наведов кога е сменето името. Дали можеш да го вратил старото име - Национална арена „Филип II Македонски“? Dandarmkd (разговор) 00:31, 28 мај 2018 (CEST)

@Dandarmkd: Готово, го вратив. ░▌C▐▌A▐▌R▐▌S▐▌H▐▌A▐▌L▐▌T▐▌O▐▌N▐░ 10:47, 28 мај 2018 (CEST)

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)