Разговор со корисник:Bojan9Spasovski
Додај темаДобре дојде!
Здраво, Bojan9Spasovski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 22:51, 10 ноември 2020 (CET)
Географски поими во македонскиот јазик
[уреди извор]Здраво Бојан, секоја чест за твоите одлични уредувања во последниот период. Во статијата за управната поделба на Хонгконг забележав дека го употребуваш името „Хонг Конг“, што во македонскиот јазик е погрешно и треба да стои „Хонгконг“. Освен тоа, „дистрикт“ на македонски е „округ“, додека „административна поделба“ е прифатлив израз, но подобро е да се употребува „управна поделба“ затоа што глаголот „администрира“ на македонски значи „управува“. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:19, 21 ноември 2020 (CET)
Wikipedia Asian Month 2020 Postcard
[уреди извор]
Dear Participants, Jury members and Organizers,
Congratulations!
It's Wikipedia Asian Month's honor to have you all participated in Wikipedia Asian Month 2020, the sixth Wikipedia Asian Month. Your achievements were fabulous, and all the articles you created make the world can know more about Asia in different languages! Here we, the Wikipedia Asian Month International team, would like to say thank you for your contribution also cheer for you that you are eligible for the postcard of Wikipedia Asian Month 2020. Please kindly fill the form, let the postcard can send to you asap! For tracking the progress of postcard delivery, please check this page.
Cheers!
Thank you and best regards,
Статии за Општина Севница
[уреди извор]Здраво Бојан. Феноменална работа за Севница. Баш ми ја исполнува идејата и тоа е причината што ги правев предлошките за општините со населените места — за да имаме систематски преглед и да се поттикне создавање на статии. Една забелешка е тоа што утврдената норма на нашето вики (како и на речиси сите други освен англиското и едно-две други ситни викија) е појаснителниот дел од името да стои во загради, а не со запирка (на ова мислам). Знам дека кај нас се среќаваат некои поретки статии и со такви имиња, но тоа се неискусни/немарни уредувања кои не сме стасале да ги исправиме. Јас ќе ги преименувам и ќе ги поправам секаде кајшто се јавуваат. Потоа ќе ги одобрам статиите за местата во општината бидејќи гледам дека во се напишани сосема задоволително. Друго правило е дека имињата секогаш ги појаснуваме само на најопштиот степен. На пример, Орехово треба да гласи „Орехово (Словенија)“ бидејќи не постои друго такво во земјата, додека пак другите тука се појаснети со името на општината бидејќи има други места со тоа име во истата земја (кај поголеми земји следниот степен е покраина/сојузна држава, но во случајот на Словенија одиме право на ниво на општина). Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:07, 24 ноември 2021 (CET)
Уреднички права
[уреди извор]Здраво Бојан, ти доделив уреднички права со што твоите уредувања од денес ќе бидат автоматски прегледувани. Продолжи и понатаму со одличната работа. Единствено, прегледај ги општините во Словенија, во инфокутиите мислам дека имаш заборавено Севница и кај места кои беа во други општини. --Ehrlich91 (разговор) 14:46, 24 ноември 2021 (CET)
Признание
[уреди извор]| Заслуги за Словенија | |
| За обемните и систематски придонеси кон претставувањето на Словенија пред македонското читателство. Б. Јанкулоски (разговор) 13:32, 25 ноември 2021 (CET) |
Минато неопределено време
[уреди извор]Здраво Бојан. Секоја чест за уредувањето на статијата за руската инвазија на Украина. Би сакал само да ти укажам дека за опишување настани од минатото користиме минато неопределно време затоа што секогаш претпоставуваме дека раскажувачот не бил присутен на местото на настанот. Поздрав и пријатна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:39, 26 февруари 2022 (CET)
- Здраво, здраво Бојан. Сакав и јас да ти се заблагодарам за макотрпната работа во уредувањето на статијата. Секое добро! :) --M4r51n (разговор) 14:38, 7 март 2022 (CET)
Добро попладне! Извинете што ве мачам, дали можете да ги поправите граматичките, лексичките и правописните грешки во оваа многу важна статија? Би бил многу благодарен, поздрав од Украина.
СИЕ Пролет 2022
[уреди извор]Почитуван Бојан,
Сакам да те известам дека си добитник на ваучери од уредувачкиот натпревар СИЕ Пролет 2022. Затоа те замолувам да ме побараш (nikolamilosevski.wiki@gmail.com) околу предавањето на самите ваучери.
Со почит, Dandarmkd (разговор) 13:21, 30 јуни 2022 (CEST)
здраво, имам понуда за вас
[уреди извор]здраво, дали знаевте за нашата хумористична вики mk.neciklopedija.org/wiki, помогнете ни ве молиме 212.35.169.233 (разговор) 15:09, 26 ноември 2022 (CET)
Белгиски франци
[уреди извор]Здраво. Можете ли да објасните зошто ја отстранивте мојата редакција во написот Белгиски франк? Ја преправив илустрацијата (ги отстранив широките маргини, но предметите прикажани на фотографијата останаа исти) и ја заменив во статијата; појасни дека од двете монети само едната е белгиска и малку ја коригира големината на една фотографија. Според мене, сите промени се конструктивни и корисни. Ваше мислење?--Петров Эдуард (разговор) 13:36, 18 август 2023 (CEST)
- Во право си сосема во ред промена, моја грешка, веднаш ќе поправам. Поздрав Bojan9Spasovski (разговор) 13:38, 18 август 2023 (CEST)
- Ви благодарам. Најдобри желби.--Петров Эдуард (разговор) 13:42, 18 август 2023 (CEST)
#WPWPMK
[уреди извор]Здраво Бојан,
Добитник си на награда од предизвикот „Статии без илустрација“. За ваучерот што ти следува, ако не е проблем да ме побараш на мејл или на Фејсбук. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:55, 28 септември 2023 (CEST)
- ѕвезда за неуморниот уредувач - Виолетова (разговор) 17:14, 28 септември 2023 (CEST)
Генетика
[уреди извор]Здраво Бојан,
Како добитник на ваучери од уредувачкиот натпревар Генетика, те молам да ме побараш на мејл или на Фејсбук за ваучерите. ( 777.zana (et) gmail.com )
Поздрав - Виолетова (разговор) 10:52, 9 мај 2024 (CEST)
Карта со автопатски делници во Македонија
[уреди извор]На твојата карта дел од неизградените делници се нацртани на погрешно место или погрешно обележани. Имено:
- Делницата Градско - Прилеп е крак на патот „А1“,[1] додека делницата „А3“ (Скопје - Прилеп - Битола - ГП „Меџитлија“) започнува на неизградената клучка „Отовица“ кај езерото „Младост“,[2] преку Долнени, сѐ до Ново Лагово, кадешто се вкрстува со „А1“[3][1]. Оттаму продолжува сѐ до границата, по трасата кадешто се гради денес автопатот Прилеп - Битола. Дополнителен крак на „А3“ од Битола, преку Ресен, оди до Охрид, и клучката „Подмоље“ кадешто се вкрстува со „А2“.[4] Од другата страна, „А3“ од Отовица продолжува до Кадрифаково, по експресниот пат до Кочани, и оттаму до Делчево, чие исцртување исто не е соодветно.[1]
- Источниот крак на патот „А2“ започнува од неизградената клучка „Романовце“[5], преку Страцин, по новиот експресен пат, и продолжува да се искачува до ГП „Деве Баир“, наместо сегашното решение со спуштање во Крива Паланка па продолжување по магистралниот пат (вториот дел од Страцин е соодветно исцртан на твојата карта).[1]
- Дополнително, автопатот Гостивар - Букојчани не се искачува преку Стража, како што е прикажано на твојата карта, туку трасата закривува на исток во околината на Вруток.
Pta345MK (разговор) 17:49, 19 јануари 2025 (CET) Pta345MK (разговор) 17:49, 19 јануари 2025 (CET)
Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“.
[уреди извор]Здраво Bojan9Spasovski, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Хемиски елементи и изотопи“ и да создадеме повеќе статии за хемиските елементи и изотопи во периодот од 10 февруари до 9 март, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 11:24, 18 февруари 2025 (CET)
Земете учество во СИЕ Пролет 2025
[уреди извор]Здраво Bojan9Spasovski, те повикувам да се приклучиш на регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2025“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Jtasevski123 (разговор) 08:26, 1 април 2025 (CEST)
Викисредба (29 мај 2025)
[уреди извор]Добар ден Бојан, ве поканувам на третата викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 29 мај во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:52, 26 мај 2025 (CEST)
- Благодарам на поканата, но нема да бидам во можност да присуствувам, се гледаме во следна прилика. Bojan9Spasovski (разговор) 20:56, 27 мај 2025 (CEST)
Земете учество во уредувачката седмица „Управување со отпад“
[уреди извор]Здраво Бојан, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Управување со отпад“, која ќе трае од 2 до 8 јуни 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:46, 3 јуни 2025 (CEST)
Викисредба (30 јуни 2025)
[уреди извор]Добар ден Bojan9Spasovski, ве поканувам на четвртата викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 30 јуни во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 13:51, 27 јуни 2025 (CEST)
Статии без илустрација 2025
[уреди извор]Добар ден Bojan9Spasovski, ве повикувам да се приклучите на меѓународниот натпревар Статии без илустрација 2025, за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Натпреварот ќе трае од 1 јули сѐ до 31 август. Ако имате какви било прашања околу натпреварот можете да ме исконтактирате на мојата разговорна страница или пак на проектната страница за натпреварот. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 15:01, 1 јули 2025 (CEST)
Уредувачки маратон - Филм
[уреди извор]Добар ден Bojan9Spasovski, ве повикувам да се приклучите на уредувачкиот маратон на тема „Филм“ по повод меѓународната иницијатива ВикиГоСакаФилмот. Маратонот е еднодневен, со што само ќе се вреднуваат статии создадени на 18 август, при што треба да одберете од наведениот список и во опис да ставите #wikifilm. Една статија од новосоздадените ќе биде наградена со награда. Наградата ќе биде доделена јавно, во живо на Инстаграм, преку извлекување. Прочитајте ја проектната страница за маратонот и земете учество. Ако имате какви било прашања слободно можете да ги поставите во одговор тука или да ми пишете на мојата разговорна страница. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 10:57, 18 август 2025 (CEST)
Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Европска книжевност“.
[уреди извор]Здраво Бојан, те повикувам да се приклучиш на уредувачкиот натпревар „Европска книжевност“ кој ќе се одржи во периодот од 13 септември до 12 октомври, со кој сакаме да подобриме и создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 12:31, 11 септември 2025 (CEST)
Земете учество во уредувачката седмица „Риби“
[уреди извор]Здраво Bojan9Spasovski, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Риби“, која ќе трае од 21 до 27 ноември 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме Википедија на македонски јазик. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 12:51, 19 ноември 2025 (CET)
Уредувачки денови и викенди 2026
[уреди извор]Добар ден, започна предизвикот уредувачки денови и викенди за 2026 година. Ве поканувам да се приклучите на предизвикот, со тоа што од оваа година наградите ќе бидат на месечно ниво каде што треба да се исполнат следните услови:
- Да се учествува во најмалку 10 изданија на уредувачките денови и/или викенди во текот на еден месец, и
- Да се создадат или подобрат најмалку 25 статии од тековниот месец.
Ако имате какви било прашања слободно обратете ми се на мојата разговорна страница! Пријатен ден! Jtasevski123 (разговор) 12:08, 5 јануари 2026 (CET)
Уредувачки ден „Уметноста во 1700 и 1710-тите“
[уреди извор]Добра вечер Бојан, околу уредувачкиот ден „Уметноста во 1700 и 1710-тите“ треба веќе постоечките статии што се празни да се пополнат со информации, на пример како оваа статија од Википедија на англиски јазик: 1700 in art -- Jtasevski123 (разговор) 20:00, 6 јануари 2026 (CET)
- Недоразбирање настанало, ќе ги тргнам тие што ги додадов. Поздрав и се најдобро. Bojan9Spasovski (разговор) 20:48, 6 јануари 2026 (CET)
Викисредба (9 февруари 2026)
[уреди извор]Добар ден Bojan9Spasovski, ве поканувам на втората викисредба од оваа тековна година што ќе се одржи на 9 февруари во „Daily Food & Wine“ во Скопје. Повеќе информации околу викисредбата имате на следната врска (исто така и местоположба на угостителскиот објект на Google Maps). Се надевам ќе ни ја збогатите средбата со вашето присуство. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:33, 2 февруари 2026 (CET)
Земете учество во СИЕ Пролет 2026
[уреди извор]Здраво Bojan9Spasovski, те повикувам да се приклучиш на регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2026“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Jtasevski123 (разговор) 13:50, 2 април 2026 (CEST)