Американски Македонци
Американските Македонци се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 61.332, но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.
Историја[уреди | уреди извор]
Првите македонски имигранти дошле од пограничните региони во северниот дел на Егејска Македонија, првенствено регионите близу Костур, Лерин, и југозападниот дел на Република Македонија, особено околу Битола. Се проценува дека околу 50.000 Македонци емигрирале во САД помеѓу 1903 и 1906 година, но избувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна ги ограничи тие миграции. Околу 20.000 останаа во САД, а остатокот се вратија дома. Имигрантите беа претежно селани, а остатокот занаетчии, работници и интелектуалци. Имиграцијата продолжи по војните; повеќето од новите имигранти беа Македонци од Грција, од кои многумина биле протерани од Егејска Македонија во 1920 година. Во 1920-тите и 1930-тите години македонскиот јазик бил забележан во американски пописи. Околу 50,000-60,000 Македонци емигрирале во Канада и САД на крајот на Втората светска војна.
Значајни личности[уреди | уреди извор]
- Џорџ Атанасоски, стопанственик, политичар и основан на „Македонско сонце“.[1]
- Владимир Четкар, џез-музичар од Њујорк[2]
- Дино Делевски, фудбалер[3]
- Џими Димос, поранешен пратеник во собранието на Луизијана.
- Кевин Флечер, кошаркар
- Питер Џорџ, олимписки медалист во кревање тегови[4]
- Тим Геглајн, советник на Џорџ Буш[5]
- Денис Илич, стопанственик, правник[6]
- Маријан Бајов Илич, сопственик на MotorCity Casino[7]
- Кристофер Илич, член на одборот на претседатели на Ilitch Holdings, Inc.[5]
- Мајк Илич, стопанственик и сопственик на Detroit Red Wings и Detroit Tigers[7]
- Кевин Кузманов, бејзбол играч
- Јован Кировски, фудбалер[7]
- Дарко Митревски, режисер и текстописец[8]
- Џорџ Нанчов, фудбалер
- Луис Нанчов, soccer player
- Сандре Наумовски, фудбалер[9]
- Енди Пејков, стопанственик
- Трајан Стојанович, професор
- Пит Стојанович, фудбалер
- Мајк Врајбел, рагби-играч
- Мајк Зафировски, стопанственик[5]
- Стојан Христов - писател и член на МАНУ.[10]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Обединета Македонска Дијаспора
- Македонска заедница во Њу Џерзи[мртва врска]
- Македонски фестивал во Њу Џерзи
- „Македонски глас“
- Macedonian Yellow Pages
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Macedonia Gearing up for Presidential Elections, October 18, 1999“. Архивирано од изворникот на 2010-12-21. Посетено на 2014-07-04.
- ↑ „Culture:Republic of Macedonia“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2014-07-04.
- ↑ Soccer America: April 28, 2003
- ↑ Macedonian Americans: Encyclopedia
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Macedonian Patriotic Organization“. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2014-07-04.
- ↑ „Development driver: Ilitches' move downtown started several balls rolling“. Crain's Detroit Business. April 28, 2009.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Macedonian Americans: Encyclopedia
- ↑ Macedonia Daily
- ↑ OutSportsCentral.com
- ↑ Stoyan Christowe - Vermont Historical Society