Јован Кировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јован Кировски
Kyle Beckerman Jovan Kirovski Rapids.jpg
Кировски (лево, со Кајл Бекерман) во април 2007
Лични податоци
Полно име Јован Кировски
Роден на 18 март 1976 (1976-03-18) (43 г.)
Роден во Ескондидо, Калифорнија, САД
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција Напад
Младинска кариера
1992 Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1996 Манчестер Јунајтед 0 (0)
1996–2000 Борусија Дортмунд 20 (1)
1998–1999Фортуна Келн (позајм) 23 (2)
2000–2001 Спортинг Лисабон 5 (0)
2001–2002 Кристал Палас 36 (5)
2002–2004 Бирмингем 23 (2)
2004–2005 Лос Анџелес Галакси 48 (12)
2005–2008 Колорадо Рапидс 61 (12)
2008 Сан Хозе Ертквејкс 9 (0)
2009–2011 Лос Анџелес Галакси 56 (6)
Вкупно 281 (40)
Репрезентација
1996 САД САД 23 3 (1)
1994–2004 САД САД 62 (9)
Раководител на екипите
2012– Лос Анџелес Галакси (асистент)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Јован Кировски (роден на 18 март 1976 година во Ескондидо, Калифорнија) е американски фудбалер со македонско потекло кој моментално работи како асистент тренер во Лос Анџелес Галакси.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Во 1992, Кировски се приклучил на младинскиот состав на Манчестер Јунајтед и со тоа стана првиот Американец кој заиграл во тој клуб. Откако не добил работна дозвола во Премиер лигата, во 1996 тој потпишал за германскиот Бундеслигаш Борусија Дортмунд во кој поминал четири сезони. Во сезоната 1998/99 тој бил позајмен на второлигашот Фортуна Келн.

Во 2000 година Кировски потпишал за португалскиот Спортинг Лисабон, но повторно, не останал долго време во клубот, и после две сезони се вратил назад во Англија во екипата на Кристал Палас. Во 2002, тој потпишал за Бирмингем, но после сезона ипол заминал во САД потпишувајќи за Лос Анџелес Галакси. На 23 јануари 2012, Кировски се повлекол од фудбалот како играч, но останал како тренер во истиот фудбалски клуб.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Кировски дебитирал за американскиот состав на 18-годишна возраст на 19 октомври 1994 против Саудиска Арабија. Тој бил дел од националниот тим на САД на Летните олимписки игри во 1996 како и на Купот на конфедерации во 1999 и 2003.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Веднаш после неговото повлекување, Кировски станал помошен тренер на Лос Анџелес Галакси.[1]. Во 2013 клубот го назначил за технички директор.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]