Маја Оџаклиевска
| Маја Оџаклиевска | ||
| Родена | 21 април 1954 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Југословенка, Србинка | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | пејачка | |
Маја Оџаклиевска (21 април 1954 ) — македонска пејачка на забавна музика. Долги години таа работеше и живееше во Белград, Србија каде и пее на српски јазик а од повеќе од деценија, сакајќи да избега од притисоците на животниот стил во големиот град и на тој начин да им помогне на ранливите членови на своето семејство, таа живее во приградската населба на Велика Плана, Старо Село, 80 км јужно од Белград.[1][2] Маја Оџаклиевска е познат изведувач не само во Македонија и Србија, туку на целата територија на поранешна Југославија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Во 1970 година таа се преселила во Белград. На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“, каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро. Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија. Соработува со големи музички имиња како што се А. Илиќ, Б. Ѓорѓевиќ, С. Марковиќ, М. Туцаковиќ, Г. Копров, К. Костов, К. Ковач, Р. Радивојевиќ и други.
Синглови
[уреди | уреди извор]Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се:
- „Многу солзи“
- „Шила“
- „Лиду лидуду“
- „Не допирај ме“
- „Биди добар како што сум јас“
- „Среќо кажи“
- „Само сеќавања“ - Опатија '84
- „Сребрени улици“ - Опатија '85
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |