Српски Албанци
Албанците во Србија, или Српски Албанци, се една од етничките групи кои живеат во републиката. Според пописот од 2002 година, во Србија имало 61,647 Албанци, со исклучок на Косово. Од овие, 59,952 (или 1,10 %) живеат во Централна Србија, претежно во Прешевската Долина, во најјужниот дел од Србија во близина на границата со Косово.[1] Тие главно живеат во општините Прешево и Бујановац, но и во дел од општината Медвеѓа. Во автономната покраина Војводина, има 1,695 (или 0,08%) Албанци.
Географија
[уреди | уреди извор]Во општините Прешево и Бујановац Албанците формираат мнозинство од населението (89.1% во Прешево и 54.69% во Бујановац според пописот од 2002). Во општината Медвеѓа, Албанците се втора најголема етничка група по Србите, и нивното учество во општината било 28.67% во 1991 и 26.17% во 2002.[1]
Регионот на Бујановац и Прешево е познат на англиски како Preševo Valley (српски и македонски: Прешевска Долина, Preševska Dolina, албански: Lugina e Preshevës). Терминот "Прешевска Долина" е користен од албанските националисти исто како и терминот "источно Косово" (на албански: Kosova Lindore) за трите албански општини во јужна Србија. Во официјалните документи од Владата на Србија, се користи исклучиво терминот „Јужна Србија“ (на српски "југ Србије").
Историја
[уреди | уреди извор]Албанците во Србија се доселуваат за време на Османлиското Царство, кога ги напаѓале границите на Стара Србија. тогаш тие живееле во Новопазарски Санџак, како и во градовите Ниш, Куршумлија, Топлица, но по осамостојувањето на Србија, според албанската историографија, од тие простори тие се иселиле. Сепак до ден денес останале територијалните претензии кои Албанците ги имаат кон Србија, вклучувајќи ги и тие региони во кои тие некогаш наводно живееле.
Во 1992, Албанците од јужна Србија организирале референдум на кој гласале дека Прешево, Медвеѓа и Бујановац треба да се соединат кон Косово. Помеѓу 1999 и 2001, Албанска герилска организација, ОВПМБ (Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац), (на албански Ushtria Çlirimtare e Preshevës, Medvegjës dhe Bujanocit, UÇPMB), станала оперативна во овој регион со цел да ги отцепи овие три општини од СР Југославија и да ги припои кон Косово по осамостојувањето од Србија. Овие случувања предизвикале помал медиски интерес, него случувањата во Косово и Македонија. Од тогаш. Албанската Коалиција од Прешевската Долина добила претставник во Националното Собрание на Србија, каде што моментално има еден пратеник.
Култура
[уреди | уреди извор]Образованието на албански е овозможено во основните и средните училишта. Има и факултетски курсеви на албански, во Белград, главниот град на Србија, но студентите главно ги земаат нивните универзитетски дипломи во Универзитетот на Приштина во Косово, во Македонија или во албанските Универзитети.
Главната вера на Албанците во овој регион е Исламот.
Косовски Албанци
[уреди | уреди извор]Косовските Албанци се најголемата етничка група во Косово и според уставот на Србија една од етничките групи во Србија. Според српското гледиште тие се дел од Српските Албанци, а според косовското гледиште тие се мнозинска етничкта група во независна Република Косово. Според југословенскиот попис од 1991 година, бојкотиран од Албанците, на Косово имало 1,596,072 етнички Албанци или 81.6% од населението. По пресметките во 2000, на Косово имало меѓу 1,584,000 и 1,733,000 Албанци или 89% од населението, но денеска нивната процентуална застапеност е над 92%.
Познати Албанци од Србија
[уреди | уреди извор]- Риза Халими, политичар, поранешен градоначалник на општината Прешево.
- Јонуз Муслиу, главен на политичкото крило на ОВПМБ.
- Скендер Дестани, педијатар, водач на Демократската Унија на Прешевската Долина.
Белград
[уреди | уреди извор]Белград, има мала албанска заедница. Во пописот од 1981, биле регистрирани 8,212 Албанци. Во 1991 имало 4,985 Албанци во Белград. По Косовската војна овој број се намали на 1,492.
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2002 |
Албанци | 1137 | 3262 | 8262 | 6978 | 8212 | 4985 | 1492 |
Познати Албанци од Белград: Фарук Беголи, Беким Фемиу и Зана Нимани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima (српски). Statistical Office of the Republic of Serbia. 2003. ISBN 86-84443-00-09 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Централна Србија
- Македонски Албанци
- Косовски Албанци
- Голема Албанија
- Прешевска Долина
- Општина Прешево
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јужна Србија: Во сенките на Косово Архивирано на 5 септември 2009 г.
|