Прејди на содржината

Македонци во Велика Британија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонци во Велика Британија се оние групи кои оформиле заедница во оваа држава или се родени тука. Според пописот во 2001 во Обединетото Кралство се забележани 1.285 Македонци родени овде. Меѓутоа, проценките се дека овој број изнесува од 9.000 до 10.000 луѓе.

Историја

[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Македонците во Велика Британија пристигнаа кога на граѓаните на Социјалистичка Федеративна Република Југославија им беше дозволена емиграција на запад во 1960-тите и 1970-тите. Многу Македонци особено од Демир Хисар, Битола и Прилеп заминаа за Велика Британија во текот на овој период. Во текот на 1980-тите многу професионалци заминаа од Скопје барајќи работа во Лондон за Социјалистичка Република Македонија и за меѓународните организации стационирани таму. По распадот на Југославија стотици етнички Македонци заминале за Британија. По војните во Југославија во 1990-тите повеќе етнички Македонци и Албанци од новата независна Република Македонија заминаа за Британија како бегалци. Во 2001 година бројот на луѓе родени во Република Македонија кои престојувале во Велика Британија изнесувал 1.285, иако се проценува од страна на македонското Министерство за надворешни работи дека околу 9,000-10,000 етнички Македонци живеат во Англија.

Организации

[уреди | уреди извор]

Во рамките на Обединетото Кралство беа формирани многу македонски организации. Најзначајна е "Здружение на Македонците во Велика Британија" познато и како Асоцијација на Македонците во Обединетото Кралство (AMUK). Оваа група е клучот за организирање настани меѓу заедницата на етничките Македонци во Британија. Исто така, придонесе за осветување на Македонската православна црква во Лондон заедно со Амбасадата на Република Македонија во Лондон.

Најистакнатите културни и уметнички друштва во рамките на заедницата на етничките Македонци во Обединетото Кралство е Македонско културно-уметничко друштво "Сонце". Тоа е основано во Лондон, на 17 ноември 2003.

Македонска православна црква

[уреди | уреди извор]

Македонската православна црковна општина "Свети Архангел Михаил и сите Ангели", била основана во Лондон, по иницијатива на мала група православни христијани, во 1993 година. Во првите неколку години оваа црковна општина успевала да организира богослужби само еднаш годишно за Велигден. Во 2007 година во оваа црковна општина бил назначен постојан свештеник. Веќе од наредната, 2008, црковната општина започнала да изнајмува храм во населбата Сохо во Лондон, каде што се богослужи барем еднаш во месецот, на македонски јазик. Според Митрополитот Европски, владиката Пимен, иако во Лондон нема изградено македонски храм, Лондонската црква е најубава во Европа.[1]

Во 2010 година е формирано и неделно црковно училиште по македонски јазик, кое го посетуваат петнаесетина деца. Во 2014 се отвориле уште три паралелки, една во Лондон и по една во Литлхемптон и во Оксфорд

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Статија за македонските цркви во Европа од Нова Македонија, објавена на 19.04.2014 http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41914814318&id=147&setIzdanie=23155[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]