Автономна Македонија (белградски весник)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
![]() Насловна страница | |
Сопственик | Георги Герџиковиќ |
---|---|
Уредник | Григорие Хаџи Ташковиќ |
Основан | 12 октомври 1905 |
Политичка определба | револуционерен |
Јазик | српски и француски |
Престанал | 14 декември 1905 |
Седиште | Белград |
Страница | нема |
Автономна Македониjа (La Macédoine autonome). "Балканот на балканските народи - Македонија на Македонците" бил македонски весник во Белград, неофицијален орган на Македонскиот клуб. Излегувал во периодот меѓу 12 октомври - 14 декември 1905 година, секоја недела. Георги Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник, а Григорие Хаџи Ташковиќ е главен уредник, весникот бил поган од Ј. Велиќ, А. Атанасов и Ефтим Спространов. Весникот излегувал на српски јазик, а воведната статија во превод и на француски. Се залага за автономија на Македонија. По издавањето на 12 број на весникот Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ се принудени да ја напуштат Србија и да го растурат Македонскиот клуб.[1]
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопjе, 2009, 10 стр.