Александар Џамбазов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Џамбазов
Биографски податоци
Роден(а)3 февруари 1936
Стапар, Војводина
ПотеклоМакедонија Македонија
ЗанимањаКомпозитор, Диригент

Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина) е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Негов син е познатиот глумец и шоумен, Игор Џамбазов Тој има и ќерка Тања Џамбазова.

Творештво[уреди | уреди извор]

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ - за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ - за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7

Наводи[уреди | уреди извор]