Александар Станишев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Александар Димитров Станишев (бугарски: Александър Димитров Станишев) (15 декември 1886, Кукуш, Егејска Македонија - 1 февруари 1945, Софија, Бугарија) бил бугарски лекар, научник и политичар, роден во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Средно училиште завршува во Солун. Студирал природна историја во Софија (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во Минхен, Германија (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во Минхен и во болници во Берн и Ландау (1910-1912). Во Балканските и Првата Светска воjна учествувал како хирург во бугарски воени болници во Тракија и Македонија.[1]

Станишев специјализира во Хајделберг и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургија на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 година е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софија. Декан е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - ректор на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" (1938-1939).

Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признавања. Во 1935 година е одбран за член, а во 1938 г. за потпретседател на Меѓународната хируршка академија во Женева. Од 1939 година е почесен член на Универзитетот во Хамбург, а следната година е прогласен и за почесен доктор на Берлинскиот универзитет.

Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македонија од српско и грчко ропство, со крајна цел нејзино припојување кон Бугарија, а потоа и со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во Втората светска војна. Од 1 јуни до 2 септември 1944 година е министер за внатрешни работи и здравство на Бугарија. По промените во Бугарија на 9 септември 1944 е осуден на смрт од така наречениот Народниот суд и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугарија за време на Втората светска војна.

Творештво[уреди | уреди извор]

Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургијата на различни јазици - бугарски, германски и други. Од објавените на бугарски јазик наjзначаjни се:

  • „Самостојно движење на вештачката рака. Заубербахова операција, сопствена метода и техника на протезата" (Софија, 1919)
  • „Пластично обновување на горната усна преку пресадување на долната" (Софија, 1924)
  • „Лекции" (Софија, 1924)
  • „Хирургија. Лекции" (Софија, 1942)[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, 1999. ISBN 978-954-430-603-8 / ISBN 978-954-509-191-9, с. 427.
  2. Български книги 1878-1944. Библиографски указател, том V, Р-Т, София 1981, с. 292.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]