Димитар Талев
| Димитар Талев | |
|---|---|
![]() Димитар Талев (1930-ти) | |
| Роден/а | 1 септември 1898 Прилеп, Османлиско Царство |
| Починат/а | 20 октомври 1966 (возр. 68) Софија, Бугарија |
| Занимање | писател |
| Години на активност | 1917–1966 |
| Сопруг/а | Ирина Талева |
| Деца | Братислав Талев Владимир Талев |
| Потпис | |
Димитар Талев (Прилеп, 1 септември 1898 — Софија, 20 октомври 1966) — македонски писател кој дејствувал во Бугарија.[1][2] За време на владата на Георги Димитров бил уапсан и задржан во Софија. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 г. во Софија. Во Бугарија се смета за еден од класичните бугарски автори од XX век,[3] а во 2009 година неговиот роман „Железниот свеќник“ е избран на 4. место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.[4]
Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ран живот и образование
[уреди | уреди извор]
Роден е на 1 септември 1898 година во Прилеп, тогаш дел од Битолскиот (Манастирскиот) вилает во Османската Империја, во семејство на мајстор ковач и железар Тале Палисламов. Расте во патријархална атмосфера. На 9 години го губи таткото, а негов брат Георги Талев е револуционер во Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).
Образованието му е прекинато поради Балканските војни, Меѓусојузничката војна и Првата светска војна. Учи во Прилеп, Солун, Скопје и Стара Загора, а завршува гимназија во Битола во 1920 година. Потоа студира медицина и филозофија еден семестар во Загреб и Виена (1920–1921), но сфаќа дека тоа не е негова пасија и се враќа во Бугарија. Во 1925 година дипломира славјанска филологија на Софискиот универзитет под менторство на истакнати професори како Иван Шишманов, Јордан Иванов, Бојан Пенев, Михаил Арнаудов, Љубомир Милетиќ и Стефан Младенов.
Политички ангажман, репресии и рехабилитација
[уреди | уреди извор]Талев бил силен поддржувач на идејата за вклучување на Македонија во границите на Царството Бугарија, гледајќи ја окупацијата на Вардарска Македонија во 1941 година како остварување на македонската борба. По комунистичкиот пуч во 1944 година, бил прогласен за „фашист“ и „големобугарски шовинист“ поради неговите ставови. Исклучен е од Сојузот на бугарските писатели, уапсен во октомври 1944 година без обвинение или судење и затворен во Софискиот централен затвор до март 1945 година. Потоа бил испратен на присилна работа во Бобов Дол до август 1945 година. Во октомври 1947 година повторно бил уапсен, а здравјето му се влошило поради тежок чир. Работел во рудниците во Перник до февруари 1948 година, преживувајќи благодарение на поддршката од семејството и соработниците. Од 1948 до 1952 година бил протеран во Луковит, каде што во изолација ги доработувал своите дела.
Кон крајот на 1950-тите, по смената на В'лко Червенков со Тодор Живков, Талев бил рехабилитиран како неправедно репресиран. Му било вратено членството во Сојузот на бугарските писатели, избран бил во управниот одбор, и добил литературни награди во 1959, 1963 и 1966 година. Во 1966 година бил избран за член на 31-то Народно собрание.
Творештво
[уреди | уреди извор]Романи
[уреди | уреди извор]- „Железниот свеќник“ (бугарски: „Железният светилник“) (1952)
- „Илинден“ (1953)
- „Преспанските камбани“ (1954)
- „Самуил“ (1958)
- „Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
- „Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Железниот светилник’’ на Димитар Талев на сцената на МНТ Архивирано на 15 декември 2023 г. Објавено на 4.6.2018 - 11:21
- ↑ НА ФЕСТИВАЛОТ "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" Култура, Наука (2008) „домаќините со "Светилникот" на контроверзниот Димитар Талев, велешани со нивниот "Херострат“
- ↑ "Речник по нова българска литература", Българска академия на науките, Институт за литература, София, 1994, стр. 367-370. (бугарски)
- ↑ Страница Архивирано на 7 февруари 2009 г. на Бугарската национална телевизиjа, проект Големото читање. (бугарски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Младен Србиновски Тангентални доближувања до Димитар Талев Архивирано на 28 септември 2009 г. (македонски)
- Железниот светилник, Преспанските камбани, Илинден, Гласовите ви ги слушам Архивирано на 29 декември 2007 г. (бугарски)
- Celebration of anniversaries with which UNESCO was associated since 1996 (англиски)
- Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (6), "Димитар Талев се крепеше од љубовта спрема Македонија", "Утрински весник", број 2862, понеделник, 15 декември 2008.
- "Град Прилеп. Борби за род и слобода", 1943
|
