Јордан Костадинов
Јордан Костадинов | ||
![]() | ||
Роден | 9 ноември 1932 Белица, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 23 август 2019 Сандански, ![]() | |
Националност | Македонец | |
Познат | Претседател на ОМО Илинден | |
Занимање | национален деец |
Јордан Костадинов Иванов (роден на 9 ноември 1932 година во Белица, Бугарија - починал на 23 август 2019 во Сандански, Бугарија) — македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.
Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, Мелничко. Мајка му е родена во селото Врапча, а татко му во селото Оштава.
Како македонски национален активист бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови: без доволно храна и вода, во темна и студена келија. Првиот пат во 1974 година заедно со Кирил Панчев како членови на Независната македонска организација „Илинден“ на 3 години затвор. 1982 година Јордан Костадинов бил повторно осуден на две години затвор и 5 години без право да живее во Благоевград.[1]
Во 1990 е еден од основачите на ОМО Илинден и е избран за претседател на организацијата. Починал на 23 август 2019 во Сандански.
Литература[уреди | уреди извор]
- Македонија над сè, Стојан Георгиев-Томовичин, Битола, 1990
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Интервју со Јордан Костадинов
- Јордан Костадинов на ТВ
- За тортурата врз македонското малцинство
- Јордан Костадинов на ТВ