Георги Солунски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Георги Солунски е македонски национален деец и борец за правата на Македонците во Бугарија.

Леток на ВМРО - Независна

На 14 ноември 1989 год. во Софија формира Независно здружение - Македонска организација Илинден (ВМРО - независна), од која подоцна ќе се развие ТМО ВМРО - независна „Илинден“.

Целиот живот го минува во судир со бугарската власт и бугарските националисти. Често е апсен, малтретиран од полицијата и осудуван на различни временски казни. Дури и во најопасни околности за неговиот живот непоколебливо го истакнува својот македонски национален идентитет. Живее во Софија.