Захариј Стојанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Захариј Стојанов
Роден 1850
Медвен,Османска империја
Починал 2 септември 1889
Париз, Франција
Занимање револуционер од Бугарија

Захариј Стојанов ( 1850 - 2 септември 1889) (роден како Џендо Стојанов Џедев) бил револуционер, политичар и писател од Бугарија. Водач во Априлското востание, тој станува и негов прв историограф со својата книга „Записите на бугарските востанија“. Захариј Стојанов ја раководи организацијата за обединување на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија во 1885, а остатокот од животот го минува како еден од водачите на Народнолибералната партија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Захариј Стојанов е роден во семејството на овчарот Стојан Далакчиев во селото Медвен, Сливенско. Неговото вистинско име е Џендо Стојанов Џедев. Учел на црковното училиште во родното село (1856-1862). Потоа е овчар во селото Топола и во селото Подвис, Бургаска област (1866-1870). Додека чиракува за кројач во Русе (1871-1872), се вклучува во Русенскиот револуционерен комитет.

Костантин Паница, Захари Стојанов и Димитар Ризов.
Биста на Захари Стојанов во Борисовата градина во Софија.

Захариј Стојанов учествува во Старозагорското востание (1875). Тој е еден од раководителите на IV Пловдивски револуционерен округ за време на Априлското востание (1876). По поразот на востанието, заедно со Георги Бенковски и отец Кирил и Стефан Далматинецот се засолниле на Стара Планина, но се предадени и паѓаат во заседа на Тетевенскиот Балкан. При заседа Бенковски и отец Кирил се убиени, Стефан Далматинец е фатен, а самиот Захарија Стојанов успеал да избега. По неколкудневните скитања низ Стара Планина е фатен во близина на селото Терзијското, во близина на Тројан.

По неколку месеци поминати во Тројанскиот, Ловешкиот, Севлиевски, Тъновскиот, Еленскиот, Сливенскиот и Новозагорскиот затвор, се населил со Пловдив, а подоцна принудно бил испратен во Медвен. Нелегално оди во ослободено Трново (1877).

По 1878 година Захариј Стојанов е член на окружниот суд во Трново (1880), секретар на Апелациониот суд и судски истражител во окружниот суд во Русе (1881), вработен во Дирекцијата за правда на Источна Румелија (1882-1885). Тој го предводи Бугарскиот централен таен револуционерен комитет, кој организира обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија (1885). Од 1886 живее во Софија, каде што се вклучува активно во дејностите на Народнолибералната партија. Тој е народен претставник во Народното собрание (1886), потпретседател (1887) и претседател на парламентот (1888-1889).

На 2 август 1889 година по повод двегодишнината од устоличувањето на кнезот Фердинанд I, Захариј Стојанов е удостоен со Кнежевски орден "Свети Александар" I степен.[2] Починува од кинење на цревата, како последица на труење.[3]

Творби[уреди | уреди извор]

  • Искандер бей. Разказ из бълг. живот. 1882
  • Васил Левски (Дяконът). Черти из живота му. 1883
  • Записки по българските въстания Архивирано на 27 септември 2011 г.. Разказ на очевидци, 1870–1876. Т. 1–3. 1884–1892. (с предг. од Александар Балабанов 1928, 1939, 1940; с предг. од Л. Стоянов 1948, 1949, 1957; с предг, од П. Пондев 1962; с предг. од В. Андреев 1956, 1967, 1975, 1976, 1977, 1986, 1987, 1988.)
  • Заробването на Гаврил паша, 6 септември 1885 г. 1885
  • Черти из живота и списателската деятелност на Любен С. Каравелов. Реч. 1885
  • Четите в България на Филип Тотя, Хаджи Димитър и Стефан Караджата. 1867-1868. Пловдив, 1885
  • Какво направихме в Търново? Отчет към моите избиратели в Пловдив, Котел и околиите. 1886
  • Кои са виновниците на 9 август?, 1886
  • Коронованите нихилиста в България. 1886
  • Не му беше времето. (Отговор на брошурата „Недоразумението между българското и руското правителства“). 1886
  • Чардафон Велики. 1887
  • Христо Ботйов. Опит за биография. 1888
  • Априлското въстание. Из „Записки по българските въстания“.; 1942,
  • Неиздадени съчинения. Увод. ред., бел. од А. Емануилов. 1943
  • Съчинения. В 3 т. Ред. Ал. Бурмов и др. 1965–1966 (1983)
  • Непознати страници. Материали от личния архив на писателя. Съст., бел. Й. Палежев, 1981
  • Социализмът в България - чужди и горчиви ягоди

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ташев, Тодор. Животът на летописеца. Изд-во „Христо Г. Данов“, 1984.
  2. Ташев, 1984
  3. Стоянов, 1929