Поп Арсови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот Петар Поп Арсов
На мокров 2.jpg

Поп Арсови е истакнат преродбеничи род од Богомила. Тие биле едно од водечките семејства во Богомила и Азотсо постојана служба на народот. По иницијатива на ова семејство, во 1868 година во Богомила било отворено 4 годишно основно училиште, во кое се предавало на македонски народен јазик. Споменатото училиште било изградено со заеднички пари на сите селани во висина од 10 000 гроша. Во семејството на попот Илија и презвитерата Ѕуна Поп Арсови во 1868 година се родил Петар Поп Арсов (филолог, македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис [1]).

Неговиот брат, Андреја Поп Арсов бил истакнат борец против српската пропаганда во Азот. Андреја во 1907 година бил принуден од србоманите да ја напушти Богомила и да замине за учител во Ореше. Тој ја предводел борбата против српската пропаганда во Азот се до 1918 година кога бил убиен од Србите. Според искажувањата на Стамен Поп Арсов, гробот на поп Илија се наоѓа покрај олтарот во црквата во Богомила без никаков натпис [1].

Македонскиот политичар Петар Поп Арсов е правнук Петар Поп Арсов. Тој е пратеник во Собранието и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Потомците на овој род денес живееат во Куманово [2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997
  2. ПРАВНУЦИТЕ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО НОВИ МОМЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ