Спомен-куќа на Петар Поп Арсов
Изглед
Поглед на спомен-куќата | |
Основан | 1986 |
---|---|
Место | Богомила, Македонија |
Координати | 41°35′42″N 21°28′30″E / 41.5949° СГШ; 21.4749° ИГД |
Спомен-куќа на Петар Поп Арсов — спомен-куќа во селото Богомила, роден дом на македонскиот револуционер Петар Поп Арсов, еден од основачите на Македонската револуционерна организација. Куќата е донорана на Република Македонија од Стамен Поп-Арсов..[1][2]
Во 1986 година куќата била конзервирана и била поставена музејската поставка.[3] Истата година, куќата била прогласена за културно наследство на Македонија.[4]
Во текот на повеќе децении оваа спомен-куќа била посетена од илјадници посетители. Од куќата на Петар Поп Арсов во средината на 90-тите биле украдени Библијата, пиштол и нож, а во 2012 година била оштетена.[4] Со средства од Министерството за култура била извршена санација.
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Се обновија Спомен куќите на Петар Поп Арсов и Коле Неделковски
- ↑ Се обновуваат спомен куќите на Петар Поп Арсов и Коле Неделковски
- ↑ ПОДНОВУВАЊЕ НА СПОМЕН-КУЌИТЕ НА ПОП АРСОВ И НА НЕДЕЛКОВСКИ
- ↑ 4,0 4,1 „Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила“. Vardarski.mk. Посетено на 5 август 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Спомен-куќа на Петар Поп Арсов на Ризницата ?
|