Димитар Мирасчиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитар Мирасчиев.jpg
Роден 1 август 1872
Штип, Македонија
Починал 28 септември 1917
Софија, Бугарија

Димитар Мирасчиев (1 август 1872 - 28 септември 1917) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитар Мирасчиев е роден 1872 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1892 година, а во 1896 година завршил хемија на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Како студен учествува во Мелничкото востание организирано од Македонскиот комитет. Мирасчиев заедно со Кирил Прличев бил во Серската дружина на дедо Стоју Костов Скрижовски [1].

Во Организацијата бил покрстен од Даме Груев[2] во учебната 1894/95 година. По Виничката афера во 1897 година е уапсен, осуден и испратен на заточение во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во август 1902 година. Во екот на Илинденското востание во 1903 година бил војвода во Паланечко. Мирасчиев се приклучува Македонско-одринската социјалдемократска група на Васил Главинов. По Младотурската револуција во 1908 година станал уредник на „Конституциона зора“. Од политичкиот живот се повлекол во 1913 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Спомени на Јане Сандански...,12.
  2. Штип низ вековите, кн. прва..., 401; свештеник Влатко Мирасчиев, Димитар Мирасчиев - живот и дело, Штип, 2006.