Иван Велков (револуцинер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден Кавадарци, Македонија
Починал 1907
Кавадарци, Македонија

Иван Велков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Велков е роден во Кавадарци, тогаш во Отоманската империја. Се занимавал с0 со трговија. Во летото 1894 година влегол во првиот револуционерен комитет во Кавадарци, основан од страна на Даме Груев. По Солунските атентати е уапсен и во август 1903 година е заточен на Родос. Подоцна добил амнестија, но во декември 1906 година повторно е уапсен и затворен во Кавадарци. Починал неколку месеци по излегувањето од затвор [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 26.