Христос Будов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Христос Будов или Будев (на грчки: Χρήστος Μπούντας, Μπούντες, Христос Будас, Будес) е грчки андартски капетан, дејствувал во почетокот на 20 век во Воденско.

Биографија[уреди | уреди извор]

Будов е роден во воденското село Владово, тогаш во Османлиската империја, денес Аграс, Грција. Во 1904 година е привлечен како четник во чета на грчката пропаганда и дејствува против четите на ВМОРО. Во 1905 година е во четата на Константинос Мазаракис. Подоцна предводи сопствена чета, која дејствува во Островско, Воденско, Мегленско и Ениџевардарско. Работи заедно со Неокосмос Григориадис. Учествува во Првата балканска војна како поручник [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Αρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνα, φ. Μ-550
  2. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 120