Георги Поп Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Георги Поп Христов
GeorgiPopHristov.jpg
македонски револуционер
Роден 1876
Крстоар, Битолско, Македонија
Починал 20 февруари 1962
Софија, Бугарија

Георги Поп Христов бил македонски револуционер, член, раководител и војвода Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е роден во 1876 година во селото Крстоар, Битолско. Образованието го завршил во с. Буф на грчки јазик. Продолжил егзархиско основно образование во своето село. Завршил прогимназија во Битола. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во Солун. Во учебната 1895-96 година се вработил како учител во Кавадарци каде и се вклучува во револуционерното дело. Од 1900 година бил учител во Бугарско основно училиште во Битола.

На 12 февруари 1902 год. е уапсен и осуден на смрт. Амнестиран е во февруари 1903 год. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 год. како претставник од Битола. За време на востанието бил војвода во Леринско. По востанието доаѓа во Бугарија, но во пролетта 1904 година се враќа во Македонија. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 година учествува како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 год. учествува на Рилскиот конгрес.

Учествува во Балканските војни и во Првата светска војна, по што се населува во Бугарија. Во 1925 година на конгресот во с. Србиново е избран за член на ЦК на ВМРО. Тесно соработувал со Александар Протогеров. По убиството на Протогеров, по наредба на Иван Михајлов во 1931 година се повлекува од активно учество во Организацијата. Умрел во 1962 година во Софија.

Автор е на книгата „Револуционерната борба в Битолски округ“ издадена во Софија, во 1953 година.

Мисли на Поп Христов[уреди | уреди извор]

...Сфатив дека идејата се состои главно во будење на бугарштината и затоа самиот агитирав во тој дух по околните гркомански села, како на пример во Буково... [1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Попхристов, Георги. „Револуционерни дејства во Битолско и Леринско“ во: Към борбите в Югозападна Македония (Кичевско, Битолско Леринско, Преспанско, Дебърско), съобщава Л. Милетич. Материяли за историята на македонското освободително движение, книга ІV, МНИ, 1926, стр. 27.[1]