Милан Ѓурлуков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Milan Gyurlukov.JPG
Роден 14 ноември 1884
Кривогаштани, Прилепско, Македонија
Починал 9 септември 1944
Скопје, Македонија

Милан Христов Ѓурлуков, позната како Стамболов[1], бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Милан Ѓурлуков е роден во 1884 година во Кривогаштани, тогаш во Отоманската империја. Добива прогимназиско образование во Прилеп и учителствува една година во своето родно село. За време на Илинденското востание е пунктовен началник во родниот крај. Со четата од 80 лица е под директна команда на Питу Гули, со која учествува во борбата за „Црниот врв“. По задушувањето на востанието Ѓурлуков останува во четата на Толе паша, а подоцна е уапсен и осуден на четири месеци затвор во Битола.

Во Прилеп во 1904 година ја извршува смртната пресуда врз месниот свештеник Спас Игуменов. Ѓурлуков станува секретар и помошник-војвода на Ванчо Србаков, а по неговата смрт ја презема четата. Даме Груев го испраќа за војвода во Свети-николскиот регион, во кој во 1907 година е реонски војвода со чета од 4 луѓе. Милан Ѓурлуков е делегат на Ќустендилскиот конгрес во март 1908 година, а подоцна е избран за велешки војвода, но по наредба на Тодор Александров останува во Свети Николе. Уапсен и е затворен затворите во Куманово и Скопје, по разоружителната акција на Шевкет Тургут паша во септември 1910 година е повторно уапсен во Битола. Преминува во Бугарија и уште декември се враќа со чета во Македонија, за да организира, по наредба на ЦК на ВМОРО, напад врз турскиот султан Мехмед Решад во близина на Скопје, кој пропаѓа.

По заповед на Тодор Александров, во летото 1912 година го организира убиството на Добри Даскалов. Во септември 1912 година Милан Ѓурлуков учествува во Првата балканска војна на чело на партизанска чета № 51 на Македонско-одринското ополчение. Четата е составена од 1.000 четници и милиционери, заедно со војводите Мирче и Аргир, води борби со турските сили во авангарда на српската армија. Четниците ги напаѓаат во тилот и ги избркале Турците кај Селечка планина и Студеница, што го олеснува преминувањето на Бабунскиот премин од српските сили. За тоа српскиот принц Александар му се заблагодарил на Милан Ѓурлуков и му подарува убав коњ. Милан Ѓурлуков го посетува штабот на српската армија и го помага, преку Комитетот на ВМОРО во Прилеп, снабдувањето на српската армија. Меѓутоа тој и целата негова чета се уапсени во Битола, за да бидат уништени, но по застапување на странските конзули во градот се ослободени. Подоцна Ѓурлуков е во Зборната партизанска чета при Македонско-одринското ополчение.

Откако Србија ја окупирала Вардарска Македонија, Милан Ѓурлуков учествува во организирањето на Тиквешкото востание заедно со Тодор Шикалев. По започнувањето на Втората балканска војна, неговата чета, заедно со четите на Милан Матов, Марко Иванов и Петар Чаулев, влегла во составот на Четвртата бугарска армија на генерал Стилијан Ковачев. Така групирани ја поминуваат реката Вардар и ја преземаат станица во Демир Капија. Продолжуваат да водат борби во централниот дел на Македонија, додека четата е разбиена и во доцната есен 1913 година Милан Ѓурлуков преминува во Албанија, а оттаму во Бугарија.

За време на Првата светска војна, Милан Ѓурлуков е во авангардата на бугарската армија, која напредува кон Прилеп. Испратени е во штабот на волонтерските единици на генерал Александар Протогеров и учествува во организирањето на локалната администрација во Прилеп. По војната, учествува во формирањето на организацијата на македонските војводи и четници „Илинден“ на 16 декември 1920 година во Софија.

За време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Милан Ѓурлуков се враќа во Македонија и ја помага бугарската администрација. За големите заслуги кон Бугарија е награден со три ордени "За храброст" и неколку "За заслуга". Избран е во месниот прилепски одбор на Илинденската организација.

Убиен е без суд на 9 септември 1944 во Скопје од страна на новата комунистичка власт на Демократска Федерална Македонија. По 5 години неговата сопруга и ќерка се лишени имотот и се принудени да се населат во Бугарија.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис и Овчаров, Владимир, „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и революционните борби в гр. Прилеп“, ИК „Звезди“, София, 2005 г., стр.78
  2. Петров, Красимир. Македонски войводи и четници, заселили се в Плевен, Краеведски сборник III, Плевен, 2010 стр. 157-164.