Иван Кепов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иван Кепов
Ivan Kepov.JPG
револуционер од Бугарија
Роден 30 март 1870
Бобошево, Отоманска Империја
Починал 8 јануари 1938
Софија, Бугарија


Иван Кепов бил револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, призврзаник на Македонската револуционерна организација, новинар, фолклорист, преведувач, етнограф и историчар, еден од најдобрите истражувачи и познавачи на Бобошево.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 29 февруари 1870 година во селото Бобошево, Ќустендилско. Завршува педагошко училиште во Ќустендил во 1889 година и историја во Вишата школа во Софија во 1892 година. Учителствувал во Берковица, Образцов чифлик (денес кварт во Русе), Враца, Варна, Дупница, Ќустендил и Софија во периодот 1893 - 1915 година. Во периодот од 1916 до 1928 година работи како службеник во Директоратот за храна и во тутунска фабрика.

Учествува во македонското револуционерно движење. На VІІІ македонски конгрес на Македонските друштва во Бугарија во 1901 година, каде што е избран за секретар на Врховниот македонско-одрински комитет. Подоцна, заедно со Владимир Димитров, застанува против генерал Иван Цончев и си поднесува оставка. Соработува со Македонската револуционерна организација [1] и Гоце Делчев.

Еден од основачите на бугарската Радикалнодемократска партија заедно со Најчо Цанов и Т. Г. Влајков во 1903 година. Од 1901 година го издава и редактира весникот "Изгрејсонце", ги уредува "Младинска библиотека" (1904 - 1907), "Учителски весник" (1907 - 1915). Зазема должност во учителскиот сојузи и во Министерството за просветна. Автор е на научни и научнопопуларни историски трудови, приказни, преводи, на учебници по стара, општа и нова историја.

До својата смрт во 1938 година се занимава само со книжевна дејност. Пишува под псевдонимот Вардарец, Иван Гудуман, Плебеј, Учител. Објавува свои статии, студии и приказни во списанијата "Роден говор", "Училишен преглед", "Учител", "Право дело", "Ученички другар".

Умира на 8 јануари 1938 година во Софија [2].

Трудови и дела[уреди | уреди извор]

  • Учебник всеобща история. За I кл. на мъжките и за II кл. на девическите училища. 1904, 96 с;
  • Старите славяни. 1921, 61 с;
  • Интелигенция и народ. Бележки по културната история на България. Пловдив, 1925, 64 с;
  • Стара история. Учебник за IV кл. на пълните и непълни гимназии. 6. изд. 1926, 171 с;
  • Нова история. Учебник за 6. кл. на гимназиите. 5. изд. 1927,196 с;
  • Най-нова история. Учебник за 7. кл. на пълните и непълни гимназии. 1928, 186 с;
  • Източната римска провинция (Византия). 1929, 64 с;
  • Гаврил Кръстевич - в. - "Библиотека "Български писатели". под ред. на М. Арнаудов. Т. II, София: Факел, 1929 г.
  • Последни Асеновци и Тертеровци. 1930,56 с;
  • Религиозното състояние на България през втората половина на XIV в. — Училищен преглед, 1931, № 9—10, 68—80;
  • България под турско владичество. 1931, 188 с;
  • Въстанието в Перущица през 1876 г., Пловдив, 1931, 284 с;
  • Нещо за езика на Паисиевата история. в сп."Родна реч", кн.2, 1931/32 г.
  • Езикова разправка - в сп."Родна реч", кн.4-5, 1932/33 г.
  • История на Княжество България. 1933, 208 с;
  • Из миналото на Бояна. Исторически очерк. 1934,48 с;
  • Миналото и сегашно на Бобошево. 1935, 288 с., издава Бобошевска популярна банка, печатница Кехлибар;
  • Народописни животописни и езикови материали от с Бобошево, Дупнишко. в Сборник за народни умотворения и народопис, 42, 1936, 1—288;
  • Права на средновековните наши манастири. — Училищен преглед, 1937, № 2, 89—103;
  • Българската общественост през X в. 1938, 87 с;
  • Документи по Кресненското въстание от 1878 г. (съавт.) - СбБАН, 36, 1942, № 19, 1-112.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 120
  2. Иван П. Кепов. - списание, Родна реч, 1937-1938, № 3, 125-126.