Софрониј Стојанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Софрониј Стојанов во офицерска униформа

Софрониј Стојанов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Софрониj Стојанов е роден во 1871 година во Цер, Кичевско. Завршува воената училиште во Софија во 1892 година и служи во 14-от македонски и 5-от дунавски пешадиски полкови.

Комеморативна поштенска картичка за смртта на Софроний Стојанов, Борис Сугарев и Димитар Милев.

Во 1900 година се вклучува во редовите на ВМОК Со цел за да ги испита можностите за наоѓање на оружје е испратен во Романија од Борис Сарафов. Во декември 1900 година е испратен од Сарафов во Солун за да ги дознае внатрешните состојбата на ВМОРО. Оваа посета на Софрониј се поклопува со разврзувањето на Солунската афера, по враќањето во Софија, Софрониј истакнал дека си го уредил прашањето, има дилемата дали оваа изјава се однесува на 5 бланко потврди (за евентуално кревање на востание во Македонија) или пак на предавство [1].

Одреден е за војвода во Малешевско и Горноџумајско кон крајот на 1901 година. Во 1902 година учествува во т.н. Горноџумајско востание.

За време на последната борба помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет, четата на Софрониј Стојанов го пленила Пејо Јаворов, меѓутоа Софрониј го ослободил. Подоцна, Стојанов имал средбата и долг разговор со Гоце Делчев во Малешевско, по средбата, Софрониј ја оставил четата на располагање на Внатрешната организација и привремено се повлекува од борбата и се вратил во Бугарското кнежевството. Според Ангел Динев текот на разговорот бил следен:

Споменикот "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Стојанов (17-ти во првата колона).
Другар Делчев, да се одделиме малку од четниците и да идеме настрана, да поразговараме за она што ни претстои во овој момент, - започна Софрони Стојанов. Уште не беше го изрекол ни последниот збор, Делчев скокна и исправен, лице в лице со Стојанов, му рече: Ние со четниците сме тргнале заедно да водиме борба против непријателот, да ја делиме радоста и тагата, залакот и куршумот. И поради тоа ние нема што да криеме од нив. Тие се оние што треба да знаат што мислиме, што ќе правиме ние. Туку вие кажете ни направо, другар Стојанов, зошто сте дошле, што барате вие со четата тука? - Дојдов од Бугарија, да се борам за братот роб - одговори Софроние Стојанов - Добро си сторил. Туку кажи ми ти, Софрони Стојанов кој те вооружи, од чие име идеш ти, како и со какви средства ќе се бориш за слободата на братот роб? - му зададе прашање Делчев - Ме воружи В. К ( Врховниот комитет б.н) и од негово име идам да го убедам населението дека напролет ќе има востание. Да, востание - одговори Софрони Стојанов - Востание? Сите ние велиме востание - возбудено одговори Делчев. - Туку кажи ми ти, Софрониј Стојанов, каде има шума од пушки да ја обереме, да го воружиме народот, за да го дигнеме на востание. И после прашуваш, дали е време за востание? Готов ли е народот за востание? Не, Софрониј, јас не сакам востание со луќе што ќе ме напуштат при првиот неуспех. Јас сакам револуција со граѓани способни да ги поднесат сите искушенија во една долготрајна борба, какв поради тешките политички услови ќе биде и нашата. Или ќе водиме неворужени луѓе на касапница? Дали можете да си преставите вие што значи востание? Но, дали може да си преставите, вие, Софрони Стојанов, каква неизмерна беда му носите на делото со нашата агитација за востаниие кога тој народ возбудено, неворужен, ќе го подведете кон едно востание? Уште едно ќе ве прашам да ми кажете ( Делчев се возбудува) - дали ви паѓа на ум дека вие со вашето војничко држење, со вашиот офицерски мудир, со еполетите на бугарски офицер, утре кога аскерот ќе не опколи и Вие ќе паднете на македонската земја, велам не мислите ли дека и со смрта ќе го навредите делото за кое сте тргнале да се борите? Мислите ли вие дека коресподентот, што ќе присусутвува во борбата ( студирањето), утре ќе го скрие од очите на светот дека таму, во Македонија, мисионерот од бугарската армија го бунтува народот? Е добро, ако се убедувате во моиве зборови, фрлете го тој офицерски еполет, - ранервирано отсече Делчев, му ги скина еполетите и ги фрли во грмушките... Софрони се смурти, побледе. Тој се чуствуваше скршен, без срце, без кураж, без волја пред водачот на Макеоднија. Во тоа време четниците од обете страни стоеја зачудени од остриот и нервозниот разговор. А Софрони заплак. И, кога ја извади капата, сам го искина бугаркиот грб од неа и го фрли. Се сврте кон четниците и им рече: Другари, останете со Делчев, а мене дозволете ми да се вратам кај генерал Цончев за да му кажам... колку е злочест. Ќе одам да го убедам да се откаже од борбата што тој ја води против внатрешните дејци, за да не го уништи делото на Македонија... [2]

Бил интерниран од бугарската влада заедно со Иван Цончев, Стефан Николов и Тодор Саев. За време на Илинденското востание е војвода на кичевската чета, дел од одредот на Александар Протогеров, и учествува во борби со турските аскер, тогаш неговите четници се Борис Сугарев и Димитар Милев. Заедно со Протогеров прават обид да стигнат до Охридско и Кичевско. На 28 април (16 април стар стил) 1903 се откриени од турските војници во горноџумајското село Габрово, Софрониј Стојанов загинува, а останатите четници се прибрале во Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет
  2. „Илинденската епопеја“ I-II, (1947-1949)