Данаил Николаев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Danail-Nikolaev-portrait.jpg
Роден 30 декември 1852
Болград, Руска Империја
Починал 29 август 1942
Банќа, Бугарија

Данаил Цонев Николаев бил бугарски генерал. Учествувал во Српско-турската војна, Руско-турската војна и Српско-бугарската војна. Раководител на ВМОК, а подоцна станал аѓутант на кнезот Фердинанд I. Во предвечерието на Балканските војни станал воен министер.

Потекло[уреди | уреди извор]

Данаил Николаев е роден на 18 декември 1852 г. во Болград, Русија (днес во Украина) во бегалско бугарско семејство од Трново [1] . Во 1871 г. завршил во Болградската бугарска гимназија.

Офицер во Руската армија[уреди | уреди извор]

Воената служба ја започал во 54-и Мински пешадиски полк. На 19 септември 1873 г. пристапил во Военото училиште во Одеса како јункер, а училиштето го завршил во 1875 година.

Знамето на Бугарското ополчение

Откако дознал за воените подготовки на Србија за судир со Отоманската Империја на 14 јуни 1876 година поднел молба да биде ослободен од воената служба за да може да земе учество во војната.

Молбат му била разгледана од генералот-мајор Михаил Драгомиров и не му била прифатена но бил испратен на отпуст.

Учество во војните на Балканот[уреди | уреди извор]

Учествувал како доброволец во Српско-турската војна и во битките кај Бабина глава, Мировица и Гамзи град.

Во текот на Руско-турската војна командувал чета од V-а Ополченска дружина во Бугарското ополчение. Се истакнал во битките кај Шипка и Шејново.

На 8 јули 1877 година бил унапреден во подпоручник во руската армија, а на 10 август 1877 година го добил чинот поручник.

види: Српско-турската војна и Руско-турската војна

Офицер вo милициjaта на Источна Румелиja[уреди | уреди извор]

Обединувањето Бугарија - литографија од Николај Павлович

Во 1880 г. Данаил Николаев бил назначен за командир на I-а Пловдивска дружина. На 1 март го добил чинот штабски капетан од Руската армија и Източнорумелијската милиција. Два месеца подоцна е назначен за командир на II-а Пловдивска дружина.

Истата година Данаил Николаев бил поканет да кумува на жандармерискиот офицер во Чирпан и негов добар пријател Константин Паница. Таму Николаев се запознал со Радка со која подоцна се оженил. На денот на венчавката со специјална заповед на кнезот Александар Батенберг, неговиот секретар Константин Стоилов му врачил на Николаев орден За храброст III степен, поради неговото учество во Руско-турската војна

Учество во обединувањето на Бугарија[уреди | уреди извор]

На 15 ноември 1883 г. бил поставен за мајор на Источнорумелијската милиција. Како командант на голем дел од милицијата на 6 септември 1885 г. во текот на воени маневри издал заповед да се отстрани главниот управник на Источна Румелија со што се создале услови за обединување на кнежеството Бугарија со оваа област.

Истиот ден била издадена прокламацијата на БТЦРК за создавање на времена упрва за Источна Румелија, во која влегол и Николаев.

Потоа Николаев бил поставен на должноста главне командант на Источнорумелиската милиција, а со заповедта под број №4 од 9 септември 1885 г мајорот Николаев бил назначен за началник на Трновско-сејменискиот одред [2].

На 11 септември истата година бил унапреден во подполковник.

Офицер во бугарската армија[уреди | уреди извор]

Српско-бугарската војна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Српско-бугарска војна.
Влегувањето во Пирот, Уме. Антони Паотровски

Во почетокот на Српско-бугарската војна тој го командувал Источниот корпус, а при контра бугарскиот напад командувал со Западниот корпус и учествувал во борбите кај Сливница (5-7 ноември 1885 г.), а подоцна го комадувал напредувањето кон Цариброд и Пирот

На крајот од војната бил награден со орденот За храброст II стил и бил унапреден во полковник со што Николаев станал првиот полковник во бугарската армија.

Задушување на прорускиот бунт[уреди | уреди извор]

По соборувањето на Александар I Батенберг бил воен министер и учествувал во задушувањето на бунтот од страна на проруските офицери во 1887 година. По негова заповед се воените формации кои учествувале во бунтот се растурени, а нивните воен знамиња биле запалени.

Советник на кнезот[уреди | уреди извор]

По изборот на Фердинанд I за кнез на Бугарија, Николаев ја напуштил должноста воен министер и бил назначн за воен советник при кнезот.

На 14 февруари 1891 г. бил унапреден во чинот генерал-мајор. Учествувал во специјалната делегација при склучувањето на бракот меѓу Фердинанд I и принцезата Марија Луиза, но од некој причини во текот на протоколот не биле запазени офицерските чинови и Николаев бил навреден. Поради тоа тој го напуштил дворецот и како знак на протест поднел оставка.

На чело на Врховниот македонски комитет[уреди | уреди извор]

Во периодот маѓу 1893 и 1897 не вршел воена должност, а во меѓувреме бил назначен за претседател на Македонскиот комитет.

По неуспешното Мелничко востание, бугарската влада на чело со Стоилов ја откажале својата подршка за Македонскиот комитет, а во самиот Kомитет дошло да раздор и внатрешни обвинувања за неуспехот.

Поради тоа бил свикан ІІ македонски конгрес кој траел од 3 до 16 јануари 1895 година. На овој конгрес организацијата го менува своето име во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев а тој бил во врска со кнезот Фердинанд I, подоцна Николаев ќе поднесе оставка на претседателската функција и ќе стане аѓутант на кнезот.

Со доаѓањето на Николаев на чело, Македонскиот комитет започнува политика за потчинување на Македонската револуционерна организација и нејзино претварање во урудие.

Во текот на претседателствувањето на Николаев се направени неколку обиди за потчинување на Организацијата.

Во февруари 1896 година во Софија, Николаев и Гоце Делчев имале средба на која станало збор за замени односи меѓу двете организации.

Генералот Николаев во текот на средбата истакнал:

Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момок! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Со мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. А со селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје... Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвод од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа... ние.. [3]

Меѓутоа Делчев остро протестирал со зборовите:

Не ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија... Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека, за да не внесете, како што се обидовте лани, во игра на востание... Ние сметаме дека од Вас од комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари [3]

Откако Комитетот на чело со Николаев не успеале да се договорат со Делчев се обиделе да го придобијат Даме Груев но одговорот повторно бил негативен. Откако Николаев не можел да се договори со нив двајца отворено ја покажал својата политиика со писмото од 20.03.1896 година во кое било посочено дека организацијата без дозвола на ВМК не смее да презема било каква активност во Македонија.

Од ваквата политика на Николаев ќе произлезе и мистериозната понуда до ТМОРО, а последниот обид на генералот Николаев за потчинување на орагнизацијата бил направен преку Атанас Јанков кон крајот на 1896 година, меѓутоа во таквата намера не успеал.

Воен министер[уреди | уреди извор]

По врќањето во армијата Фердинанд I го назначил за генерал-аѓутант, а оваа должност ја извршувал во периодот 1897-1907. На 15 ноември 1900 г. бил поставен за генерал-лајтант.

Од 1907 до 1911 г. Николаев бил воен министер и раководител при воените подготовки за престојните војни. Во 1907 година кнезот Фердинанд го наградил со орденот „Св. Александар“.

Како воен министер на 22 септември 1908 г. го потпишал манифестот на цар Фердинанд I за објавување на независноста на Бугарија од Отоманската Империја

Во 1911 г. ја напуштил армијата. Во текот на Балканските војни командувал со гарнизонот во Јамбол.

Последните години[уреди | уреди извор]

На 16 април 1925 г., при атентатот во црквата „Света Недела“ му загинал единствениот син - подполковник Никола Николаев.

На 6 мај 1936 г. ген. Николаев бил награден лично од царот Борис III со највисокото бугарско одликување - Орден „Св. Св. Равноапостоли Кирил и Методиј“.

Како стар генерал во Бугарската армија, на 12 јули 1937 Данаил Николаев станал кум на бугарскиот престолонаследник Симеон .

Смрт[уреди | уреди извор]

Данаил Николаев умрел на 29 август 1942 г. во Банќа. Булевар во Софија е наименуван по него „Генерал Данаил Николаев“. Во чест на генералот, село Калачли е преименувано во Генерал Николаево (од 1966 година е дел од градот Раковски).

Награди[уреди | уреди извор]

  • Орден „За храброст“ II и III ст., 2-ри клас
  • Велик крст на ордена „Св. Александар“ со брилјанти и I ст. на същия орден
  • Златен орден и медал „За заслуга“
  • Орден „Св. Св. Равноапостоли Кирил и Методиј“
  • Руски орден „Св. Георги“ IV ст.
  • Руски орден „Св. Ана“ III ст. со мечови и лак
  • Руски орден „Св. Станислав“ III ст. со мечови и лак
  • Српски орден „Бел орел“ I ст.
  • Српски медал „За храброст“
  • Црногорски орден „Данило I“ I ст.
  • Румунски орден „Румунска sвезда“ сo меч
  • Турски орден „Османие“ I ст.
  • Турски орден „Меџидие“ I ст. с брилянти
  • Персиски орден „Лав и сонце“ I ст.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Пеев, П., Генералъ отъ пехотата Данаилъ Николаевъ, София, 1942, трето издание, с. 18
  2. Сръбско-българската война 1885. Сборник документи, София, 1985, Военно издателство, стр. 32
  3. 3,0 3,1 Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Петко Пеев, Генералъ отъ пехотата Данаилъ Николаевъ, София, 1942
  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]