Тома Карајовов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Тома Карајовов

Тома Карајовов (17 април 1869 - 2 декември 1950) од Скопје беше еден од членовите на Тајниот македонски комитет во Софија (1885-1886), а од 1895 година и еден од членовите на ВМОК. Во 1903 се вбројуваше меѓу активните публицисти од Македонија. По Младотурската револуција бил член на Централното биро на Сојузот на бугарските конституциони клубови. Се кандидирал за пратеник во Отоманскиот парламент на изборите во 1908 година, но не бил избран.

Во 1923 година бил еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во 1925 година е делегат на Шестиот конгрес на ВМРО (Автономистичка).

Извори[уреди | уреди извор]

  • Димитров, И., „Съединението 1885 - енциклопедичен справочник“, София, 1985, Държавно издателство „д-р Петър Берон“, с. 118.