Александар Радев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Alexandar Radev.JPG
Роден 7 март 1864
Подмочани, Битола, Отоманска Империја
Починал 4 август 1911
Виена, Австро-Унгарија


Александар Петров Радев бил македонски деец и бугарски политичар, општественик и активист на Прогресивно-либералната партија. Тој бил претседател на Врховниот македонско-одрински комитет (1898-1899), министер за правда (1901-1902) и работел во народното просветителство (1902-1903).

Биографија[уреди | уреди извор]

Александар Радев е роден на 7 март 1864 година во Битола. Завршил право на Атинскиот универзитет.

По школувањето се преселил во Бугарското кнежество каде работел како адвокат во судовите во Ловеч, Трново и Софија, а во 1892 година започнал адвокатска пракса во главниот град.

Во 1895 година влегол во македонскиот комитет, а од 1898 до 1899 бил негов претседател. Тој бил и претседател на Правното друштво и доцент по византиско право на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.[1]

Во бугарската политика[уреди | уреди извор]

Радев влегол активно во бугарската политика и на крајот на 1890-те станал член на Централното биро на Прогресивно-либералната партија.

Кога партијата дошла на власт, станал министер за правда, каде што останал од 4 март 1901 до 15 ноември 1902 во четвртата влада на Петко Каравелов.

Како министер за народното просветителство од 15 ноември 1902 до 18 мај 1903 година во првата влада на Стојан Данев.

Меѓу македонската емиграција[уреди | уреди извор]

Во јуни 1898 година, за време на V македонски конгрес на Врховниот македонско-одрински комитет бил избран за негов претседател.

Комитетот не ги исполнил очекувањата бидејќи постоел судир меѓу самите членови на комитетот.[2].

За време на VІ македонски конгрес бил избран за преставник на ВМК на престојната прва мировна конференција во Хаг. Имал задача да стапи во контакт со ерменското движење Трошак и заеднички двете организации да го постават македонското и ерменското прашање.

Смрт[уреди | уреди извор]

Александар Радев умрел по операција на 4 јуни 1911 година во Виена.[3]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ташев, Ташо (1999). Министрите на България 1879-1999. София: АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО.
  2. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година, 269, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  3. (1986) Енциклопедия „България“, том 5. София: Издателство на БАН.