Стојан Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
BASA-546K-1-108-3-Stoyan Mihaylovski (cropped).JPG
Роден 7 јануари 1856
Елена, Бугарија
Починал 3 август 1927
Софија, Бугарија


Стојан Николов Михајловски е бугарски писател, филозоф, општественик, деец на Македонскиот комитет и учесник во македонското револуционерно движење [1].

Потекло и школување[уреди | уреди извор]

Стојан Михајловски бил потомок на стар бугарски преродбенички род. Тој е син на Никола Михајловски, внук на Иларион Макариополски. Учел во Трново (1865-1868), завршил при Галата сарај во Цариград (1872), а таму бил соученик на Константин Величков. Подоцна бил бугарски учител во Дојран (1872-1874), Во текот на 1875 година заминал за Екс ан Прованс, Франција, каде што го изучувал право.

Општествена служба[уреди | уреди извор]

По Берлинскиот конгрес работел како адвокат и судија, станал член на судскиот совет, главен редактор (1880) на весникот Народен глас во Пловдив и началник на оделение при Министерството за внатрешни работи (1880).

Михајловски завршил право во Франција во текот на 1883, а потоа станал главен секретар при Министерството за правосудсто (1883-1884), член на Русенскиот апелационен сдд (1887), учител по француски јазик во Русенската машка гимназија (1889).

Политичка дејност[уреди | уреди извор]

Стојан Михајловски бил председател на Македонскиот комитет (1901-1903) и народен пратеник (1886-1887, 18941896, 1903-1908).

Поради статијата Потајностите на бугарскиот двор која била издадена во весникот Ден и била насочена против Фердинанд I, бил осуден условно. Во текот на 1905 година се повлекол од политичката и општествената дејност.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Сцени от парламентарния живот в България. 1884
  • Бог. Библейски стихотворения. 1889
  • Поема на злото. 1889 /1939, 1943/
  • Novissima verba. Стихотворения. Т. 1. 1889
  • Железни струни. Стихотворения. 1890
  • Currente calamo. Краевековни стихотворения. 1890
  • Книга без заглавие. Стихотворения. Ч. 1. 1892
  • Сатири. Нашите писачи и газетари. 1893
  • Философически и сатирически сонети. 1895
  • Книга за българския народ. 1897 / 1931, 1938, 1946, 1991/
  • По прекия друм. Бележки и размишления. 1901
  • Пробуда и възход. 1902
  • Книга за оскърбените и онеправданите. 1903
  • Източни легенди. 1904
  • Днес чук, утре наковалня. 1905
  • От развала към провала. Диалогизирани очерки. 1905
  • Словоборците станаха богоборци. Поема. 1908
  • Позив към българския народ и българската интелигенция. Ч. 1. 1911
  • Съчинения. Т. 1. 1918
  • Избрани творения. 1931 /1938/
  • Съчинения. Т. 1–3. Избр. творения. Книга за българския народ. Поема на злото. 1938–39
  • Събрани басни. 1939
  • Неиздадени съчинения. Т. 1–2. Увод, бел. и уредба от Ив. Богданов. 194041
  • Божествен размирник. Под. ред. на Ив. Богданов. 1943
  • Избрани съчинения. Т. 1. 1947. Т. 5. 1948
  • Избрани стихотворения. Антология. 1948
  • Избрани съчинения. В 2 т. 1960
  • Басни. Епиграми. Сатири. Лирика. 1967
  • Стихотворения. 1967
  • Епиграми. 1969
  • Избрани творби. 1974
  • Избрани творби. 1987 /1986/
  • Божествен размирник. Философска поезия и проза. Съст. и предг. Ат. Натев. 1987.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Словото

Надворешни врски[уреди | уреди извор]