Васил Дијамандиев
Васил Диамандиев | ||
Роден | 30 јануари 1839 или 1840 | |
---|---|---|
Починал | 1 мај 1912 Софија, Бугарија |
Васил Диамандиев (Охрид, 1839 - Софија, Бугарија, 1 мај 1912), просветен работник, публицист и револуционер.
Основно образование добил во родниот град. Учителствува во Охридско (1855-1857). Потоа го продолжува студирањето во Русија. Во Московскиот и Киевскиот универзитет посетува студии по физика и математика.
Се враќа во Македонија и учителствува во Кукуш, Велес, а во периодот 1867-1668 учителствува во бугарското училиште во Охрид. Паѓа во немилост на охридскиот владика и преку интриги, со помош на турските власти, е затворен. Откако излегол од затвор, повторно оди во Русија. Работел како учител во Бесарабија, каде што истовремено редактирал и некои весници.
Бил член на бугарскиот софиски комитет „Единство“.[1]
После Берлинскиот конгрес (1878) испраќа петиција до големите сили за решавање на македонското прашање.
Кога во 1880 г. во Грамен, Островско, Егејска Македонија, се одржало Македонско национално собрание и се формирала Привремена влада на Македонија - Единство, во Русе, Бугарија, се формирала Македонската лига[2], составена главно од Македонци кои учествувале во Руско-Турската војна (1877-1878). Лигата е едно од првите здруженија на Македонци во Бугарија[2]. Васил Дијамандиев бил нејзин претседател[2], во времето кога Лигата испраќа Меморандум до големите сили и Манифест до македонскиот народ со барање за автономија на Македонија со седиште во Солун и возобновување на Охридската архиепископија со седиште во Солун.
Од 1882 до 1884 г. во Софија го раководи Македонското благотворно друштво, а потоа работи во друштвото „Македонски глас“.
Во 1886 г. станува член на Тајниот македонски комитет. Организира испраќање на комитски чети од Бугарија во Македонија.
Својот бурен револуционерен, општествен и културно-просветен живот го завршува во 1912 година во бугарскиот главен град Софија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878-1879, София, 1979, стр. 283
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.