Стојчо Гаруфалов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гаруфалов

Стојчо Димитров Гаруфалов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гаруфалов во офицерска униформа

Стојчо Гаруфалов е роден во унијатско семејство на 18 февруари 1968 година во Мало Трново, тогаш во Отоманското Царство. Учи во родниот град и во бугарската католичка гимназија во Одрин. Пристапил во Военото училиште во Софија во 1888 година, каде се запознава со Борис Сарафов. Завршува во 1890 година. Учествува во Четническата акција на Македонскиот комитет во 1895 година како командант на чета во Струмичка дружина на поручникот Петар Начев. Следната 1896 година поручникот Харалампие Луков, Иван Пожарлиев и поручникот Стојчо Гаруфалов организираат чета, која влегла во Одринско, за да ги испита можностите за започнување на организирана револуционерна борба. По 1897 година е меѓу најактивните членови на тајните офцерски братства. Во 1900 година Гаруфалов го добива чинот капетан.

Во 1902 година учество во Горноџумајското востание како војвода на чета од град Елена заедно со Христо Сираков и мајор Чолаков. Учествува во борбите при железницата, Србиново, Градево, Бистрица, Чатал тепе и Факир тепе [1].

Во Првата балканска војна Гаруфалов учествува како командант на Дваесет и деветтиот јамболски пешадиски полки, а во Втората балканска војна е повреден во борбите со грчки војници кај Кукуш. Во Првата светска војна како потполковник е командант на 3 дружина на 2 полк при Единаесеттата пешадиска македонска дивизија, а потоа е командант на Штип, Кичево и други градови. Носител е на орден "За храброст" IV степен, II класа.

По завршувањето на војната служи како началник на военото ликвидациско биро во Софија. Умира на 24 јануари 1924 година во Софија [2][3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Илюстрация Илинден, бр.99, стр.11-14
  2. „Елдъров, Светлозар. „Полковник Стойчо Гаруфалов (1868 - 1924). Заветът на един български офицер". Архивирано од изворникот на 2009-04-26. Посетено на 2012-02-09.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 29 -30.