Ангел Динев
| Ангел Динев | |
|---|---|
| Роден(а) | 1 октомври 1891 Смоквица, Солунски Вилает, Османлиско Царство |
| Починал(а) | 17 февруари 1952 (возр. 60) Скопје, НР Македонија, ФНР Југославија |
| Потпис | |
Ангел Динев (Смоквица, 1 октомври 1891 — Скопје, 17 февруари 1952 ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (Обединета), општественик, новинар, публицист, историчар и политички работник.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Роден е во 1891 година во с. Смоквица, Гевгелиско, од татко Дино и мајка Ленка Купанова, исто така од с. Смоквица, сиромашно чифлигарско семејство. Учи основно училиште во родното село, а потоа извесно време му помагал на својот татко во домашната земјоделска дејност. Во 1909 година заминал во Солун, каде што прво работел во фурната на Андон Попов, а потоа како курир во Солунската егзархиска митрополија. Во 1910 година станал член на Ученичкиот револуционерен кружок во Солунската егзархиска школа, што го раководел Георги поп Димитров.
Во периодот 1911-1912 станал организатор на Привремениот Околиски комитет на ВМРО за селата од десната страна на Гевгелиска околија. Истовремено ја врши и должноста секретар на четата на војводата Коста Попето, познат учесник во Илинденското востание. Во 1913 година бил учесник во македонското ополчение во бугарската војска за време на Првата балканска војна против Турција на Мраморното Море. По извесно време е мобилизиран во бугарската војска, која учествува на српско-бугарскиот фронт во штипскиот крај за време на Втората балканска војна.
Животот во Бугарија
[уреди | уреди извор]
Во 1914 год. живеел во с. Јасќој, Ѓумурџинско. Во 1915 повторно бил мобилизиран во бугарската војска (XI дивизија) и учествува на македонското боиште. Во текот на 1917-1918 попаѓа под силно влијание на меѓународното работничко и комунистичко движење. Во периодот 1919-1920 живеел и работел во с. Јасќој како секретар на селската општина. Во ова место Динев се жени со учителката Марија од Кукушко, од чиј брак се раѓа и нивното прво дете - Иван. Во 1920 година Динев привремено живеел во гратчето Кушукавак.
Во 1922 година, тој се доселил во Софија. Соработник на весникот „Илинден“, уредуван од Арсениј Јовков (1922), каде објавил повеќе уводни статии. Раководител на Гевгелиското братство (1927-1947). Како сопственик и уредник на „Македонски вести“ (1935-1936), значи блескотен период во конструирањето и афирмирањето на македонската национална мисла.
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.[2]
Уредник и на весникот „Доброволец“ (1944). Во своите дела „Македонските Словени“, „Илинденската епопеја“ и „Политичките убиства во Бугарија“, смело го истакнува постоењето на македонскиот народ. Учесник е во македонското националноослободително движење.
Творештво
[уреди | уреди извор]
- „Движењето“ (1924)
- „Заборавените“ (1925)
- "Упоритият поп" (1925) (бугарски)
- „Кресненското востание“ (1926)
- „Хуриетот и постхуриетските борби во Гевгелиско“ (1934)
- "Из минатото на Гевгелja", (1935) (бугарски)
- „Македонските Словени“[мртва врска], Софија, (1938). (бугарски)
- Етнографската идеја на македонските словени Архивирано на 4 март 2016 г., Софија, 1944. (бугарски)
- Илинденска епопеја, дел I Архивирано на 5 март 2016 г., Софија, 1945. (бугарски)- дел II, Скопје , 1949.
- „Политичките убиства во Бугарија“ Скопје, 1951.
Објавени се и неговите Одбрани дела во три книги со уредник д-р Владимир Картов, Скопје, 1983.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска Енциклопедија
- ↑ Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела во три книги - Втора книга. Скопје: Култура - Скопје. стр. 333–337.