Арсениј Јовков
| Арсениј Јовков | ||
| Роден | 25 март 1884
Селци, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 14 септември 1924 (возр. 40) Горна Џумаја, Царство Бугарија | |
Арсениј Јовков (25 март 1884 — 14 септември 1924) — македонски револуционер, киносценарист и публицист.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се борел против месните бегови, а негов вујко бил писателот Војдан Чернодрински. Се образувал и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 година, почнал да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.
Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сè уште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Тасе Христов. Се бори во Дебарца и Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсениј станува војвода на неговата чета. По востанието емигрирал во Бугарија.
Јовков е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 година[1]. Автор е и на сценариото за играниот филм „Илинден“.[2][3]
Убиен е во познатите септемвриски Горноџумајски атентати.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кратка биографија[мртва врска]
- Животопис на Struga.org
- Македонија во слики (1923) на YouTube
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ [мртва врска]
- ↑ „Вечер“ бр. 14283, 24.12.2009: „Арсениј Јовков е најавтентичниот литературен глас на Илинден“[мртва врска]
- ↑ „„Македонско сонце" број 248: „Делото на Арсени - „евангелско четиво" за секој Македонец"“. Архивирано од изворникот на 2009-12-07. Посетено на 2009-12-24.
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |