Македонија во слики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Македонија во слики“
Gocevpogreb.gif
Кадар од филмот го прикажува пренесувањето на останките на Гоце Делчев во црквата „Света Недела“.
РежисерАрсениј Јовков

Македонија во сликидокументарен филм за Македонија снимен во 1923 година во режија и сценарио на Арсениј Јовков. Филмот бил снимен со средства кои ги обезбедила Илинденската организација, а по повод 20 годишнината од Илинденското востание. Филмот бил снимен во два дела од кои денес е зачуван само првиот. Во 2013 г. филмот е дигитализиран.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажани повеќе дејци од Илинденскиот период, градови во Македонија, како и битови снимки од дебарскиот крај. Исто така во филмот е прикажана и процесијата на пренесување на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон црквата Света Недела во Софија, на 2 август 1923 година. Неколку пати во крупен план е даден и саркофагот со моштите на Гоце Делчев, на кого е запишано: „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во столицата на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Наводи[уреди | уреди извор]