Илинденска организација
- За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница
Кратенка | ИО |
---|---|
Гесло | Независна Македонија |
Основана | 1921 |
Укината | 1947 |
Вид | културно-просветна |
Цел | создавање на самостојна македонска држава |
Седиште | Софија |
Место | Бугарија |
Регион | Македонија Бугарија |
Членство | Македонци |
Службени јазици | во официјалните документи бил користен бугарскиот јазик, а во меѓусебните непосредните контакти и разговори македонскиот јазик |
Главно тело | Конгрес |
Забелешки | Коските на Гоце Делчев се пренесени за време на Првата светска војна во Бугарија од Михаил Чеков и до 1946 година се чуваат во урна во Илинденската организација. |
Илинденската организација — емигрантска организација на македонските револуционери, учесници во Илинденското востание и во ослободителните борби на Македонија. Друштвото Илинден било основано во Софија, во пролетта 1921 г., како доброволна и културно-просветна организација, независна од политичките партии.[1]
Друштвото имало свој орган, весникот „Илинден“, кој од 30 јули 1921 година започнал да излегува под редакција на Александар Панов. По 19-мајскиот преврат (1934), Организацијата била забранета. Во текот на Втората светска војна (1941– 1944) таа ја обновила својата дејност.[1]
Основање
[уреди | уреди извор]Вакви друштва биле основани во повеќе градови со македонска емиграција. Основачкиот конгрес на Организацијата бил одржан во Софија (19–21 јануари 1923), бил усвоен Устав, било избрано раководство од 7 члена со претседател Георги Занков. Организацијата застанала на позицијата за автономија и независност на Македонија во Балканска федерација, претставувана од органот Илинден, со уредник Арсениј Јовков.[1]
Според спомените на Георги Поп Христов, првото друштво било основано во Софија на 3 април 1921 година со претседател Крум Зографов, потпретседател Георги Занков, секретар Георги Поп Христов, благајник Славчо Пирчев и советници Стојан Мишев и Иван Попов.[2]
Во 1924 година, по убиството на Тодор Александров и убиството на уредникот Арсениј Јовков (од страна на терористите на Ванчо Михајлов), паднала под влијание на Михајловистичката ВМРО. На Вториот конгрес на организација (12–13 јули 1925), Занков и Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството. Новото раководство почнало да издава ново гласило „Илустрација Илинден“, на чело со П. Мрмев и Христо Шалдев.[1]
Илинденската организација била основана од поранешни дејци на Македонската револуционерна организација кои не влегле во ВМРО на Тодор Александров по завршувањето на Првата светска војна. Официјално Илинденската организација е основана на 16 декември 1920 година.[3] Ги обединува друштвата Илинден во цела Бугарија.
Според привремениот таа е взаемнопомагателна организација, независна од сите политички струи и партии во Бугарија. По софиското друштво, кое послужило како основа, се формирале и други друштва. До крајот на 1922 година во различни градови низ Бугарија се создале 31 друштво со вкупно 4.340 членови. Во јануари 1923 година се одржал основачкиот конгрес на Илинденското организација. Таа била раководена од одбор составен од 7 лица, од кои 4 биле избирани од софиското друштво, а останатите од конгресот. Членови на раководството се Славчо Абазов, Борис Стрезов и други.
Судир со ВМРО
[уреди | уреди извор]Во текот на 1924 година, Тодор Александров неколкупати разговарал со Петар Ацев, тогашен претседател на Илинденската организација, по повод изборот на Арсениј Јовков и Георги Занков во раководно тело. Тодор Александров побарал тие двајца да бидат отстранети од Илинденската организација, меѓутоа неговото барање не било уважено.
По убиството на Александров, како учесници во заговорот биле осомничени раководителите на Илинденската организација. Иван Михајлов за убиството на Александров го обвинил таборот од спротивното течение во македонското револуционерното движење и решил да се пресмета со противниците на ВМРО, првенствено со левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев и Георги Атанасов и со раководството на Илинденската организација.
Михајлов и групата околу него, Петар Шанданов, Георги Баждаров, Јордан Ѓурков, Панчо Михајлов, почнале да коваат план за предвидените ликвидации, а кон себе успеале да ги придобијат генералот В'лков и Воената лига.
На 17 септември 1924 година на падините на Пирин Планина бил убиен Арсениј Јовков, еден од раководителите на Илинденската организација и уредник на весникот Илинден. ВМРО направило обиди за ликвидација и врз повеќе членови на Илинденската организација, но некои од нив успеале да се засолнат како Петар Ацев, Владо Георгиев и Георги Занков.
Михајлов и неговите приврзаници успеале по пат на сила да го наметнат своето влијание врз Илинденската организација и по 1924 година во раководното тело на Илинденската организација влегле дејци кои биле блиски до погледите на ВМРО, а дел од членовите на Илинденската организација, кои успеале да преживеат, почнале да се преориентираат кон ВМРО (Обединета).
1924-1934 година
[уреди | уреди извор]Во следните години Илинденската организација се занимава претежно со културно-просветна дејност. Во 1932 година на седмиот редовен конгрес на организацијата за претседател на организацијата бил реизбран Кирил Христов [4]. Нејзини претставници се делегати на Големиот македонски собор, одржан во 1933 година во Горна Џумаја. Организацијата е формално растурена по 19-мајскиот удар од 1934 година, меѓутоа таа реално егзистирала до 1947 година.
Возбнова
[уреди | уреди извор]Во 1940 година, Лазар Томов, во форма на претседател на Илинденската организација, ја потпишал заедничката декларација за пристапувањето на целокупна и обединета Македонија во границите на Бугарија [5].
По 9 септември 1944 година издавањето на Илустрацијата Илинден е прекинато. На 21 јули 1945 година е избрано ново раководство: Стефан Аврамов - претседател, Милан Ангелов (потпретседател), секретар Никола Паунчев и Мариса Казаски, Никола Константинов (благајник) и двајцата советници Божин Проданов и Тома Карчов. Раководството е лојално на новата комунистичка власт, со исклучок на Божин Проданов, кој е исклучен една година подоцна од страна на раководството [6].
Во октомври 1946 година членовите на Организацијата го исполниле дадениот завет, посмртните останки на Гоце Делчев да бидат пренесени во престолнината на слободна Македонија.
Бугарските власти на 15 јуни 1947 година ја растуриле организацијата.
Органи
[уреди | уреди извор]Прв уредник на печатениот орган на организацијата - весникот Илинден (1921 - 1926) е Арсениј Јовков. Други нејзини печатени изданија се весниците 20 јули и Пирин кои излегувале во периодот помеѓу 1923-1924 година, и списанието Илустрација Илинден (1927-1944).
Историски погледи
[уреди | уреди извор]„ | ... Илинденската организација како културно-просветна и добротворна, била создадена во Пиринскиот дел на Македонија во 1921 година и нејзина цел била попула ризирањето на илинденските и на револуционерните традиции меѓу македонската емиграција во Бугарија. На почетокот таа била анга жирана како организатор на одбележувањата на го дишнините од Илинденското востание, но и на други значајни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Исто така, Илинденската организација учествувала во акцијата за пронаоѓање архиви и знамиња на револуционерни реони и востанички чети, со бирање материјали, издавање книги, брошури, весници, спи санија, со која најмногу придонела да не се прекине духовната врска на македонската емиграција со Илинден... [7] | “ |
„ | ... Во своето речиси две и пол децениско постоење, Организацијата во која поранешните учесници во Илинденското востание и во револуциоерните борби за ослободување на Македонија биле организирани како посебни друштва, пројавила голема противречност во нејзината активност. Во првите неколку години по завршувањето на Првата свет ска војна, со ангажирањето за популаризирање на споменот на Илинденското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија и македонскиот народ во Пиринска Македонија, таа најмногу придонела да не биде прекината духов натаврска на народот со Илинден. Меѓутоа, во еден нетака мал временски период од постоењето, таа спроведувала и дијаметрално спротивна активност. Најголемо деградирање на изворните илинденски вредности, Организацијата извршила за време на Втората светска војна, кога идеалите на илинденските востаници ги изедначила со фашистичките идеали... [7] | “ |
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Устав на Илинденската организација
-
Картичка на Илинденската организација
-
Насловна страница на весникот Илинден, Година V, број 9, 28 февруари 1925
-
Корица на Илустрација Илинден
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 197. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ s:Протокол за создавање на организацијата Илинден
- ↑ „Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр. 6-9[мртва врска]
- ↑ Борис Николов, Владимир Овчаров, „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и революционните борби в гр. Прилеп“, ИК "Звезди", София, 2005 г., стр. 100-101
- ↑ Гребенаров, Александър, Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 - 1947), МНИ, София, 2006 г., стр. 381-383.
- ↑ 7,0 7,1 ВЕРА ГОШЕВА „ИЛИНДЕНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА (1921 - 1947)“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Илустрација Илинден, ноември 1932 година[мртва врска]
- "ИЛИНДЕНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА (1921 - 1947)" ОД Д-Р ВЕРА ГОШЕВА Архивирано на 24 јули 2008 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|