Иван Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
IvanPopov.jpg
Роден 1871
Ново Лески, денес Бугарија
Починал 15 септември 1921
Витоша, Бугарија

Иван Попконстантинов Попов (бугарски: Иван Попконстантинов Попов) бил офицер од бугарската армија и македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација [1][2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Ново Лески, во Османлиската империjа. Добива основно образование во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен.

Како фелдфебел од бугарската армиjа Гоце Делчев го свртува кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година.

На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учествува во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Во битката кај селото Вишени, неговата чета убива 50 селани од селото Жервени, кои се враќале од пазарот во Костур.[3]

Во септември заедно со Лазар Поп Трајков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско. По крајот на востанието бега во Грција, каде е уапсен. Во ноември заминува со брод во Бургас.

По повторното навлегување во Македониjа, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско. По мобилизациjата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та рота на Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение.

Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден За храброст 3-ти степен и е повишен во чин потпоручник. Во Втората балканска воjна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска војна е командир на разузнавачкото одделение.

Иван Попов си го одзел животот на 15 септември 1921 година во Витоша.

Мисли за него[уреди | уреди извор]

Без двоумење можам да речам дека меѓу многуте први македонски јунаци, во најблагородна смисла на зборот, Иван Попов е меѓу најпрвите. Попов беше необично чиста душа со цврст карактер и крајно скромен. Немаше училишно образование, но се одликуваше со голема, вродена интелигенција. (Љубомир Милетич)

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия „България“, том 5, Издателство на БАН, София, 1986.
  2. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993.
  3. Хр. Силянов, „Освободителнитѣ борби на Македония“, том I, II фототипно изд. "Наука и Изкуство", София, 1983, 302 стр.

Литература[уреди | уреди извор]