Прејди на содржината

Лески (Неврокопско)

Координати: 41°32′N 23°45′E / 41.533° СГШ; 23.750° ИГД / 41.533; 23.750
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ново Лески)
Лески
Поглед кон Лески
Поглед кон Лески
Лески is located in Бугарија
Лески
Лески
Местоположба во областа
Лески во рамките на Пиринска Македонија
Лески
Координати: 41°32′N 23°45′E / 41.533° СГШ; 23.750° ИГД / 41.533; 23.750
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаХаџидимово
Површина
 • Вкупна13,546 км2 (5,230 ми2)
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2024)
 • Вкупно333[1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2923


Лески (бугарски: Ляски) или Љаски (од 1966 г. офиц. Ново Лески[2], месно: Ново Љаски)— село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било во составот на Неврокопската каза на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Лески (Liaski) имало 75 домакинства и 260 Македонци.[4] [5]Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, Лески било село со население кое живеело во 72 куќи.[6]Црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото е од почетокот на XIX век.[7]

Старото село се наоѓало во наборите на Пирин, но во потрага по поплодна земја населбата се преселила 2 километри на исток, на почетокот на Неврокопското поле.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 695 жители, сите Македонци.[4][8]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[9]

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во новото село во 1994 година била изградена црквата „Свети Димитар“, а во месноста Илија е изградена истоимената капела. Во селото има ансамбл за народни песни и игри, кој е познат по Лесковското оро.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ново Лески се наоѓа помеѓу селата Мусомишта и Копривлен. Се наоѓа и помеѓу градовите Гоце Делчев и Хаџидимово. Селото е опкружено со прекрасна природа, има борова шума и чешма со минерална вода.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Секоја година на празникот Христофор (22 мај по стар стил) се освојува Лесковиот Врв (Свети Дух), се осветува вода и се принесува курбан за здравје. Се упатува и молитва за дожд.
  • На 6 мај (Ѓурѓовден) и 15 август (Голема Богородица) се посетува црквата Св. Ѓорѓи во Старо Лески, а на двата празника се служи литургија и се прави водосвет и курбан за здравје. Постои верување дека оној кој со вера ќе преноќи во манастирот на 14 и 15 август се опоравува од многу болести.
  • На 20 јули (Илинден) се посетува параклисот над селото каде се врши водосвет и курбан за здравје.
  • На 26 октомври (Димитровден) е празникот на селото и неговата нова црква „Свети Димитар“.

Личности

[уреди | уреди извор]
Иван Попов
Родени во Лески

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
ФК Ново Лески - сезона 2017

Во селото постоел клуб под името Лески, познат и под името ФК Ново Лески. Бил оформен во 1972 година,[12] а престанал да се натпреварува во 2018 година.[13] Најдобар пласман оствариле во сезоната 2009/2010 - кога освоиле 1 место во обласната група „Б“.[14]

  1. www.grao.bg
  2. Указ № 960/обн. 04.01.1966 г.
  3. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  6. Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0
  7. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 55. ISBN 954-90006-2-1.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837
  10. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 28. ISBN 954-9800-52-0.
  11. 11,0 11,1 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 33.
  12. Иванов, Мартин (2016-02-05). „Футболният отбор на Ново Лески – история и традиции“. ТопПреса (бугарски). Посетено на 2023-02-27.
  13. ЕООД, Български футбол. „ОГ Благоевград 2017/18“. bulgarian-football.com (бугарски). Посетено на 2023-02-27.
  14. ЕООД, Български футбол. „Ляски (Ново Лески) | bgclubs.eu“. bgclubs.eu (бугарски). Посетено на 2023-02-27.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]