Александар Чакаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алекдандар Георгиев Чакаров
Роден 1869
Струга, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 1910
Битола, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Познат раководител на ТМОРО

Александар Георгиев Чакаров, познат и како Сандре Чакаров ― македонски деец, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Чакров во Струга и мајка му Агнија Чакрова

Чакаров е роден во 1869 година во градот Струга, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на локалниот првенец Георги Чакаров и е брат на Славко Чакарова. Дипломирал во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, а потоа работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Во 1894 година Чакаров бил еден од првите посветени во Македонската револуционерна организација и тоа во западна Македонија каде се издигнал како Охридски регионален раководител. За време на Илинденското востание е член на горското раководство на Охридскиот револуционерен реон. Бил уредник на весникот Автономија. По востанието заминал за Албанија, Црна Гора и Бугарија. До Хуриетот работи како учител во Ново Селци, Софиско, по што се враќа во Македонија.

Во своите спомените Милан Матов истакнува дека:

Сандре беше многу познат и почитуван како од бугарското население и интелигенција, така и од турските кругови - власта ... Држењето на Сандре во училишните и црковни дела беше одлично. Тој не држеше никогаш партиска страна, како и обично ги имавме насекаде, а се мачеше да биде секогаш справедлив. Во раководните кругови на ВМОРО Сандра беше крајно почитуван, а неговите ставови беа уважувани [1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Матов, Милан. За премълчаното в историята на ВМРО, София 2007, стр. 25-26
  2. всушност станувало збор за Македонци-егзархисти Види по детално http://www.cdsee.org/pdf/WorkBook2_sr.pdf(Do`ivqaj H. N. Breilsforda( 1905) – u Makedoniji se ne poistove}uju sa svojom nacijom) (Македонци христијани кои биле под духована јурисдикција на Бугарската егзархија)... Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода...,136

Книжевност[уреди | уреди извор]

  • Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, с. 269.
  • Кратка биография на Александар Чакаров
  • Николов, Борис Й. “Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник”, С. 2001, с. 184