Стојан Мишев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Мишев
Роден 22 март 1882
Штип, Македонија
Починал 30 декември 1924
Штип, Македонија

Стојан Мишев познат како Анани[1] (22 март 1882, Штип - 30 декември 1924 Штип) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна членува во МФРО и Здружението против бугарските бандити [2].

Животопис[уреди | уреди извор]

Мишев е роден во Штип на 22 март 1882 година. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Тој бил војвода во Штипско од 1905 до 1908 година. Од 2 до 7 јануари 1905 година, како претставник на штипската околија (заедно со Ефрем Чучков, Тодор Александров и Мише Развигоров), учествувал на конгресот на Скопскиот револуционерен округ што се одржал во кратовското село Кнежево, во присуство на 20 делегати.[3]

По Првата светска војна бил близок соработник на Тодор Александров. Во 1922 ја напуштил ВМРО (Автономистичка) и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Бил осуден на смрт и убиен од ВМРО на 30 декември 1924 година по наредба на Ванчо Михајлов. Ќерка на Мишев била поранешната македонска Прва дама Нада Глигорова[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79
  2. Зоран Тодоровски, „Активноста на четите на Тодор Александров во Брегалничкиот округ“, во: Зборникот Штип и Штипско во НОВ 1941–1944, Штип, 2001.
  3. Донче Ефремов, „Револуционерната дејност на штипскиот војвода Мише Развигоров“, Зборник VIII, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Штип, Штип, 1998, стр. 52.
  4. Станковиќ, Синиша (30 март 2010). „СРПСКА ИЛИ ВМРОВСКА ЛИНИЈА ВО АТЕНТАТОТ?“. Глобус. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-05-18.

Поврзано[уреди | уреди извор]