Ванчо Србаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ванчо Србаков
Vancho Sarbaka.jpg
Роден кон крајот на 19 век
Вранештица, Отоманско Царство
Починал 24 април 1905
Цер, Отоманско Царство


Ванчо Србаков познат како Ванчо Србака[1] бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Вранештица, Кичевско. На млади години заминал во Бугарија и таму работел како фурнаџија. Во април 1903 година се вратил во Македонија и како војвода со чета дејствувал во Кичевско. Зел активно учество во Илинденското востание. Заедно со четите на Лука Џеров, А. Мицков, Србакот учествувал во нападот на Кичево. Загинал на 24 април 1905 година во една борба со турскиот аскер кај селото Цер, Кичевско, заедно со војводата Христо Узунов.[2]

Именување[уреди | уреди извор]

По него е именувано основното училиште во селото Вранештица.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79
  2. Тома Николов, Спомени от моето минало