Лука Ѓеров

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лука Џеров)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Luka Dzherov IMARO.jpg
Роден 27 октомври 1869
Битола, Отоманска Империја, денес Македонија
Починал 20 ноември 1948
Софија, Бугарија


Лука Ѓеров [белешка 1] бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија. Со револуционерна активност почнал да се бави во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев. Во 1892 год, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894 год.) и во весникот Глас македонски (1893-1898 год.). На двапати со чета влегува во Македонија. Во 1896 год. е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898 год.). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.

При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.

Умира во Софија, на 20 септември 1948 година [2]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Во македонската историографија неговото презиме е Ѓеров, меѓутоа понекогаш се сретнува како Геров. Во бугарската историографија неговото презиме е Джеров, односно Џеров

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратка биография на Лука Джеров
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 45.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]