Бобошево

Координати: 42°9′1.65″N 23°0′7.27″E / 42.1504583° СГШ; 23.0020194° ИГД / 42.1504583; 23.0020194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобошево
Бобошево
град
Изглед кон градот
Изглед кон градот
Бобошево is located in Бугарија
Бобошево
Бобошево
Местоположба на Бобошево во Бугарија
Координати: 42°9′1.65″N 23°0′7.27″E / 42.1504583° СГШ; 23.0020194° ИГД / 42.1504583; 23.0020194
ЗемјаБугарија
ОбластЌустендил
ОпштинаБобошево
Управа
 • ГрадоначалникКрум Маринов (БСП)
Површина
 • Вкупна22,93 км2 (8,85 ми2)
Надм. вис.&10000000000000386000000386 м
Население (2022)
 • Вкупно1,243
 • Густина54/км2 (140/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код2660
Повик. бр.+359 07046
Мреж. местоobshtina-boboshevo.eu

Бобошево (бугарски: Бобошево) — гратче во Западна Бугарија, административен центар на општината Бобошево во Ќустендилската Област. Има население од околу 1.243 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Гратчето се наоѓа во Бобошевското Поле, на двата брега на реката Струма, во близина на сливот на реката Герман, во подножјето на планината Влахина. Надморската височина на гратчето е 380 м. Од Софија одстои на 83 км, од Ќустендил на 30 км, и од Дупница на 14 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Според лингвистот Владимир Георгиев („Бугарски етимолошки речник“), етимологијата на името на населбата доаѓа од боб и топонимската наставка -ош.[2]

За прв пат населбата била спомната со сегашното име во османлиски дефтер од 1526 година за време на владеењето на султанот Сулејман I (1520–1566). Станува збор за имоти на Рилскиот манастир, меѓу кои е наведен и лозје во Бобошево. Во друг османлиски регистар од 1573 година, Бобошево се споменува, како приватна сопственост, мулк на Есмихан Султан, ќерка на султанот Селим II (1566-1574) и сопруга на големиот везир Мехмед-паша - Соколу. Всушност, тоа е детална описна книга за Ќустендилскиот санџак од 1570 година. Во неа се вели дека селата Бобошево и Илковци му биле дадени како мулк на „Нејзиното височество Есмихан султан“, населението било ослободено од плаќање одредени даноци и давачки, а исто така и од наплатата на момчиња за јаничари. Во овие населени места бил забранет пристапот на државните функционери. Во книгата за оваа година се евидентирани 330 домаќинства во Бобошево и се споменува плаќање на пазарен данок, што покажува дека таму имало пазар.

Во средината на 17 век низ Бобошево поминал османлискиот патник Евлија Челебија, кој напишал дека во градот имало 500 невернички куќи покриени со трски и ќерамиди и околу 50 дуќани. Еднаш неделно, во недела, има жив пазар каде се собирале неколку илјади луѓе. Градот бил познат по вкусното сирење.[3]

Спорт[уреди | уреди извор]

ФК „Ботев“ е учесник во регионалната фудбалска група „Ќустендил“ - подгрупа „Рила“. Своите натпревари ги игра на градскиот стадион.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Български етимологичен речник. Том I.60"
  3. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.28-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]