28 ноември (настани)
Изглед
| 1520 | Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име. |
| 1821 | Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија. |
| 1905 | Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“. |
| 1943 | Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември. |
| 1981 | Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски. |
| 1995 | Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). |
| 1997 | Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија. |