Споменик на слободата (Кочани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик на слободата
Spomenik kocani.JPG
Споменикот на слободата
Општи податоци
ГрадКочани
ЗемјаРепублика Македонија
Почната1975
Завршена1977
СопственикОпштина Кочани
Проектирање и изградба
ИнженерГлигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ

Споменик на слободата — монументален споменик во Кочани, изграден на ридот Локубија, на северозападната страна на градот. Споменикот е голем комплекс од отворени ѕидни конструкции, на кои се применети мозаици на Глигор Чемерски.

Изградба[уреди | уреди извор]

Споменикот е граден во периодот 1975-1977 година, од страна на тогашното Собрание на Општина Кочани. Преку самоуправна спогодба биле собрани финансиски средства за таа намена во противредност од околу 800.000 тогашни германски марки. На распишаниот јавен конкурс за уметничко и архитектонско решение се јавиле повеќе автори од тогашна Југославија. Комисијата го избрала уметничко-архитектонското решение на авторите Глигор Чемерски[1] и Радован Раѓеновиќ.

Во 1981 г. споменикот бил целосно завршен, а на 28 ноември 1981 г. (Денот на Републиката) со голема свеченост и присуство на граѓани, гости, уметници од културата, политичари и други, бил предаден во употреба.

Значење[уреди | уреди извор]

Со неговата изградба Кочани, па и Македонија се збогатени со едно уметничко ремек-дело. На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период, па до НОВ. Посебно во споменикот со пиетет се ставени имињата на загинатите борци во НОАВМ од Кочани и Кочанско.

Покрај историската и уметничка вредност, споменикот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која се користела за свечености, театарски претстави и други собири. Споменикот е прогласен за споменик на културата и како таков е влезен во регистарот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Запоставеност[уреди | уреди извор]

По осамостојувањето на Македонија, споменикот бил препуштен на забот на времето и значително оштетен. Оштетувања биле направени и од несовесни граѓани кои откорнале дел од мозаикот или нанесувале графити на споменичната површина. Дел од оштетувањата биле поправени во 2004 г.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°55′8″N 22°24′25″E / 41.91889° СГШ; 22.40694° ИГД / 41.91889; 22.40694